Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“.
Проектот се однесува на унапредување на енергетски-ефикасна реконструкција и модернизација на избрани јавни објекти во образовниот сектор (Студентски домови во државна сопственост) во Северна Македонија, конкретно зголемување на енергетската ефикасност, структурниот интегритет и основната удобност. Програмата ќе се фокусира на студентски домови во државна сопственост во следните градови: Скопје, Прилеп, Битола, Ох…
Нашиот најнов предлог содржи осум нови книги од следните издавачи: Култура, Сакам книги и Просветно дело.
Од областа на белетристиката на пултот за зајмување можете да ги побарате следните наслови: Ќерката на мојата најдобра пријателка од Дороти Кумсон, Невидлива убавина – Ејми Хармон. Без каење од Колин Хувер, Тајни на летната ноќ од Лиса Клејпас, Песната на речните птици од Лиса Вингејт.
Денеска ви предлагаме и три илустрирани и едукативни изданија подеднакво интересни за децата, учениците и возрасните. Тоа се: Мојот прв англиски јазик, Откриј го Египет и Поглед одблиску, Инсекти и па…
Oд утре 25.02.2021 година, (четврток) почнува етапната исплата на февруарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток);
-За пензии со висина 11.001…
Регионалната Планинска спасителна служба интервенирала во 4 спасителни акциии и 7 асистенции од почетокот на годинава. Спасителите интервенираат во ризични ситуации и чекаат конкретна финансиска помош од 5те општини од регионов со кои, со исклучок на општина Ресен, имаат потпишано Меморандум за соработка веќе година и пол. Не станува збор за вработувања на кадри од ПСС туку за тековни трошоци, за набавка на скапата потрошна опрема и вработување на 5 до 6 луѓе кои треба да го одржуваат во функција целиот систем, информира Антонио Додевски од ПСС. Од Планинската спасителна служба изработиле д…
Градските советници и од мнозинството и од опозицијата, на денешната седница на Совет на Општина Охрид едногласно легализираа 100 бесправно изградени објекти.
Станува збор за вклопување на дивоградби во Долно и Горно Лакочереј, Лескоец, Велгошти, Куратица, Вапила, Рамне, Охрид 4, Косел, Завој, Речица, Оровник и Орман. На дневен ред се најдоа вкупно 111 предлог одлуки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти од кои 11 одлуки беа повлечени. За нив советниците во Комисијата за урбанизам побарале дообјаснување од Секторот за урбанизам. Раководителот Бранко Арнаудов кажа дека …
Моменталниот број на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 658 и има околу 415 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.
Од нив, 254 се во Скопје, каде што во изминатите 24 часа се примени 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Најмногу од примените во Скопје се на интерните клиники – 10, потоа во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ – 9, три на Инфективната клиника и во Козле биле примени 5 пациенти.
Во изминатите 24 часа, во ковид-центрите в…
Во текот на изминатото деноноќие (22/23.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 386 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Државниот завод за статистика денес го објави Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на Пописот 2021. За територијата на Општина Охрид и Дебрца заводот има потреба од 21 попишувачи и инструктори, додека за општините Струга и Вевчани 14.
На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини.
Пријавувањето се врши преку електронска апликација достап…