Мај 14, 2018

Прекрасен концерт одржа Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“. Играорците одбележаа 3 и пол децении постоење, а за настапот се бараше билет повеќе. Маестрално беа одиграни ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава.

Јубилејот 35 години постоење на Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“ беше одбележан со прекрасен целовечерен концерт на 4 генерации играорци и 2 музички постави. Сегашните и поранешните членови на ансамблот го прикажаа нашето фолклорно богатство пред преполната сала во Центарот за култура „Григор Прличев“. Љубителите на народниот фолклор ја исполнаа салата до последното место. Се бараше билет повеќе за да се ужива во македонскиот мелос и традиција. Играорците маестрално одиграа ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава. Се виеја ора од Источна Македонија, Егејска Македонија, Повард…

Мај 14, 2018

Чистењето на езерото од цврст отпад дава резултат

Охридските нуркачи успешно ја спроведоа акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро. Пред самиот почеток на летната туристичка сезона Клубот за подводни дејности „Охрид“ и членовите на НК Амфора вчера на потегот од градското пристаниште до Канео го чистеа езерото од од цврст отпад. „Секоја година од дното на езерото вадиме многу цврст отпад но можам да потенцирам дека последниве години имаме се помалку отпад, што значи дека овие акции и тоа како придонесуваат за подигнување на свеста кај граѓаните за зачувување на Охридскот Езеро“ – вели Милутин Секулоски од НК „Амфора“ Акција се одв…

Фев 16, 2022

Доделени сертификати на професори од ЕМУЦ за обука во Костал

Доделени сертификати на професори од ЕМУЦ Св. Наум Охридски за реализирана обука во групацијата Костал. Со поддршка на Локалната Самоуправа и Швајцарската агенција за развој се овозможи обука „Напредни технологии во автомобилскиот сектор“. Обучените професори знаењето и искуството ќе го пренесат понатаму на нивните ученици. Со тоа ќе се заштеди време и средства, а учениците покрај добиеното теоретско знаење ќе се надградуваат и со практична обука, ќе се подготвуват за реалниот свет, кажа градоначалникот Кирил Пецаков, заблагодарувајќи се на сите учесници во реализација на проектот. Притоа г…

Мај 14, 2018

Почнаа подготовките за големиот спортски настан „ Охрид трчат“

Стартуваше симболичната, рекреативна трка како најава за големиот спортски настан „ Охрид трчат“ што треба да се одржи за помалку од еден месец. Викендов, на спортскиот настан, трчаа новинарите , полициските службeници од СВР Охрид, спортисти. „Охрид трчат“ да го свртиме вниманието на јавноста дека се подготвува спортскиот спектакл за 2018. Се разбира да се види дел од патеката, структурите кои работат на безбедноста да се направи план за се да помине во најдобар можен ред. Ние останатите да го анимираме настанот и да ги повикаме охриѓани да се приклучат. „Охрид трчат“ заслужува широк а по…

Сеп 13, 2021

33-то издание на Охридски староградски средби

Во петок на 17-ти септември ќе се одржи 33-то издание на фестивалот Охридски староградски средби 2021. Ќе настапат 8 пејачки ансамбли од Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Штип, Кавадарци и Радовиш. Градот домаќин ќе го претставуваат градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и фолклорниот ансамбл „Бисери“. Фестивалот ќе се одржи на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот, согласно здравствените препораки и протоколите за организација на јавни настани со почитување на мерките за заштита од COVID-19. Учесниците ќе настапат со староградски песни, давајќи придонес…

Мај 12, 2018

ФА „Отекс фолк“ со концерт одбележува 3,5 децении постоење

Играорците од 4 генерации и 2 постави музичари кои биле дел од поранешниот КУД Отекс, а денес ФА „ Отекс- фолк“ одбележуваат 35 години од постоењето. По тој повод сегашните и поранешните членови на ансамблот ќе одржат концерт на кој ќе биде прикажано нашето фолклорно богатство, вели Димче Трајчески уметнички раководител на фолклорниот ансамбл Отекс-фолк. „Два и пол месеци напорно се тренираше. Најредовни беа моите поранешни ученици. Јас мора да ги пофалам дека сите 99 посто, посебно девојките, како никогаш да не престанале со кариерата како фолклористи. Толку тоа ми е драго што ми ја варти…

Мај 12, 2018

Заев: Не треба да се гради Али пашината џамија ако нема одобрение за градба

Без одобрение за градба, не може да се гради, никаков објект, категоричен премиерот на РМ Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа, дали е запознат со реконструкцијата на Али Пашината џамија која се гради и покрај забелешките на надлежните институции кои констатираа прекршувања на прописи и други незаконитости. „Ако нема одобрение за градба не треба да се гради. Ако не постапи општинскиот инспекторат за градежништво ќе постапи државниот инспекторат. Во Македонија важат законите и тие мора да ги почитуваат сите. Јас исклучително испраќам порака да се почитуваат процедурите, п…

Мај 12, 2018

Отворен новиот луксузен хотел Unique Resort & Spa во Охрид

Нов луксузен хотел во Охрид. Unique Resort & Spa, лоциран во близина на Билјанини Извори синоќа ги отвори вратите на урбаното угостителство и хотелиерство во Охрид и пошироко. Даниел Јакимоски од менаџерскиот тим на хотелот истакна дека горди се на оваа инвестиција која е резултат на нивната напорна и визионерска работа, во која сите максимално се вложиле со цел на клиентите и гостите кои ќе ги посетат да им понудат бројни содржини во кои максимално ќе уживаат и ќе се опуштат. На отварањето се обрати Климентина Мартиноска член на одборот на директори од хотелот. „Хотелот располага со 1…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top