Мај 17, 2018

Вишненци ја продолжуваат вековната традиција на пренесување на моштите на Св. Спасица Вишенска

Во селото Вишни се слави селската слава Спасовден. Вишненци имаат посебен обичај поврзан со празнувањето на Хрисотвото Вознесение. Тие го слават култот на Св. Спасица Вишненска. Веруваат дека нејзините мошти кои се чуваат во селската црква имаат чудотворна моќ. Со векови од селската црква Св Атанасие моштите на светицата се пренесуваат во пештерската каде што таа го поминала својот живот и го сочувала христијанството. Во Вишни, култот кон света Спасица трае шест века, почнува некаде од крајот на 14 и почетокот од 15 век. Легендата зборува дека Спасе и Спаса биле брат и сестра, сираци, кои б…

Мај 16, 2018

Се повеќе велосипедисти, а се помалку простор каде да се вози

Се повеќе велосипедисти, а се помалку простор каде да се вози. Локалната сериозно размислува како да ја подобри велосипедската инфраструктура во градов и да направи патеки по кои ќе може да се вози без притоа да се стравува дека може некој да настрада. Сите некако сме го заговарале и како политичари и како граѓани решавањето на проблемот со велосипедските патеки во Охрид и ние како општина во овој период преминавме кон изработка на сообраќајната студија од која треба да произлезе и решението за велосипедските патеки. Тендерот е веќе при крај и наскоро ќе пристапиме кон изработување на таа …

Мај 16, 2018

Промени во стандардизацијата и класификацијата во туризмот и угостителството

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски присуствуваше на инфо сесијата  на тема „Потреба од промена на развојната програма  во делот на класификацијата  и стандардизацијата во туризмот и угостителството“ што денес се одржува во Охрид .Градоначалникот Стојаноски на почетокот од сесијата на учесниците им посака добра и успешна работа кој ќе донесе плодни резултати  и заклучоци за унапредување на бизнис климата во градов и државава. Настанот се однесува на сите  микро, мали и средни  претпријатија кои се соочуваат со потешкотии во имплементирање на законот за туризам и угостителство , како …

Мај 16, 2018

Средба на локалната самоуправа со концесионерите на плажи

Во големата сала на општина Охрид, утре (17.05.2018 г.), со почеток во 14 часот ќе се одржи средба со концесионерите на плажите. На средбата ќе се разговара за текот на постапките околу концесионирањето на плажите во пресрет на годинашнава главна туристичка сезона.

Мај 16, 2018

Се расчистува кејот и се одржуваат тревните површини

Вчерашното невреме проследено со интензивни локални врнежи и силниот ветер од јужен правец повторно натрупа огромни количини отпад на градскиот кеј и пристаништето.Екипите се излезени на терен од раните утрински часови за да се санира ситуацијата и расчистен е и подигнат отпадот (во најголема количина трска, алга и муљ, како и тешко разградлив комунален отпад кој брановите го исфрлија по шеталиштето).Временските услови во изминатата седмица пропратени со обилни врнежи беа поволни за силната вегетација на тревните површини, па интензивно се одржуваат зелените површини во градот и приградскит…

Фев 28, 2022

„Импровокација“ слави шест години

Пред шест години, на “керал” сцената во Народен Театар Охрид се роди шоу, чија цел беше преку импровизација да ја демифистицира магијата на создавање театарски игри и да ја доближи театарската уметност поблиску до публиката. Шоуто, заради својата оригиналност, непосредност и забава веднаш беше прифатено од публиката и веќе шест години редовно се изведува, а тоа што го прави да биде секогаш различно е самата публика, која активно преку свои предлози ја креира содржината на игрите. Актерите од Охридскиот Театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип…

Мај 16, 2018

Опаѓа интересот на учениците за изучување на фолклорот

  Фоклорните ансамбли стравуваат дека наскоро фолклор ќе играат само возрасните луѓе, а не младите. Треба да се вклучи црвеното светло за аларм. Од година вo година има драстично опаѓање на интересот кај децата за фолклорoт , вели Димче Трајчески долгогодишен уметнички раководител на ФА „Отекс фолк “ и добар познавач на состојбите со културно уметничките друштва. Заедницата треба да биде загрижена бидејќи се заканува гаснење на фолклорот во Македонија, вели Трајчески. Тој се обидува да го лоцира проблемот на што се должи ваквата незинтересираност кај учениците, дали е тоа образовниот систе…

Сеп 13, 2021

СДСМ ја објави советничката листа за Охрид

СДСМ и коалицијата ја објавија советничката листа со кандидати за локалните избори во Охрид кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021 година. На претстојните локални избори СДСМ и коалицијата излегува со најдобрата програмска и кадровска понуда со која ќе продолжи развојот на Охрид. Сите кандидати за советници се докажани, угледни, професионални личности кои се мотивирани и подготвени да работат одговорно и посветено за интересите на охриѓани. Нема поголема чест и обврска да им се служи на граѓаните, да се решаваат нивните проблеми и барања. Во изминатите години тоа го правевме најдобро шт…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top