Сеп 13, 2021

СДСМ од Дебрца ја објави листата со кандидати за советници

ОО на СДСМ од Дебрца ја објави листата со кандидати за советници на престојните локални избори. Во изминатиов период, низ една фер, демократска и транспарентна постапка, во координација со граѓаните и членството, ОО СДСМ Дебрца ја состави најдобрата понуда на чесни, изградени, докажани личности, социјалдемократи. Со голема чест и задоволство, пред Вас, граѓаните на Општина Дебрца ја претставуваме советничката листа на СДСМ. Ова е тимот кој на 17-ти октомври ќе го освои мнозинството гласови, ќе биде глас на народот, коректор на Градоначалникот и предводник на позитивни промени – порачаа о…

Мај 19, 2018

Без договор нема поставување урбана опрема

Заврши аукцијата за поставување на тезгите во централното градско подрачје, а тече и новиот повик за оние тезги кои не беа доделени. Сеуште може да се доставуваат и барања од граѓани за поставување тезги на нови локации кои дополнително ќе бидат разгледани од страна на градоначалникот и стручната комисија. Склучени се и најголемиот дел договори со угостителите кои поднесоа барања за поставување урбана опрема на јавна површина. Договорите си течат. Ние, знаете дека имавме долги разговори, но на крајот стигнавме до едно прикладно решение за обете страни, компромисно решение и во овој момент …

Мај 19, 2018

55 години од матура

Генерацијата 1959-1963 од првата и последна учителска школа „Андон Дуков“ од Охрид, денес се собра да одбележат 55 години од матура. Тие се потсетија дека на овој ден пред повеќе од половина век својата матурска вечер ја прославиле во депандансот на хотелот Палас со што завршиле едно поглавје од својот живот. После тоа сите се распрскале на различни страни, следејќи ги своите желби и мечти за денес оние кои сеуште се борат со животните предизвици повторно да се соберат на заедничка средба. Важно е што се гледаме здрави и живи колку што можеме да бидеме, важно е да ги обновиме спомените и д…

Мај 19, 2018

Сашо Донев, новиот претседател на ОК Вмро Дпмне најави внатрешна консолидација во партијата

Новиот претседател на ОК на Вмро Дпмне, Сашо Донев на прес конференција имаше обраќање во кое ги најави приоритетите на раководството на партијата. Довербата која ја добив од партијата за мене е поттик и можност заеднички да работиме, потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност, кажа при тоа Донев. „Членовите и симпатизерите на нашата партија веќе знаат дека заедно го започнавме процесот на внатрешна консолидација и обединување на сите структури. Тоа мора да се почувствува и во месните комитети за да донесе освежување и зајакнување на партиското јадро. Во таа насока ќ…

Мај 18, 2018

Матурантиде го изиграа својот Квадрил

Уште една генерација матуранти од средните училишта во Охрид со изведба на познатиот штраусов танц Квадрил, го одбележаа крајот на средното образование. Точно на пладне, истовремено танцуваа со матурантите од уште шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа. Градоначалникот Јован Стојаноски кој со задоволство го проследи овој настан на матурантите им го честита завршувањето на средното образование и им посака секој да си го трасира сопствениот пат и успешно да го изоди. Бидете цврсти во Вашите одлуки да напредувате во животот, само на оној начин кој нема да ги наруши човечките етич…

Мај 18, 2018

Џафери: Разговорите во процесот „Жан Моне“ се одвиваат во конструктивна атмосфера

Денес во Охрид почна работниот дел од парламентарните разговори во рамки на дијалогот Жан Моне кој претставува клучен принцип на консензус за обединет пристап кон Евро-атлантските интеграции за граѓаните на РМ и институционално јакнење на Собранието како демократски столб на сите реформи. Средбата е иницирана од европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан. Клучните теми за кои се дискутираше на денешната дебата е Деловникот за работа на Собранието, Етичкиот кодекс, буџетската независност на македонското Собрание, како и други прашања насочени кон јакнење на Собранието како ин…

Мај 17, 2018

Презентирани светските стандарди за одржлив туризам пред македонскиот туристички сектор

12 општини од Македонија учествуваат на тренингот за одржлив развој на туризам кој се одржува во Охрид. Одржливиот туризам се раководи според одредени стандарди кои ги земаат во пртедвид сите постојни и идни економски, општествени и еколошки влијанија при задоволување на различните потреби на посетителите, индустријата, животната средина и домашната заедница.Пред околу 30 претставници од туристичкиот сектор, туристички асоцијации, државни, образовни институции и граѓански организации, од Глобалниот совет за одржлив туризам ги презентираа стандардите на одржливиот туризам како и тоа да се на…

Мај 17, 2018

Атлетскиот клуб „Охрид“ ќе се приклучи на акцијата „Мој Охрид, чист Охрид“

Секојдневно се` повеќе спортски и еко друштва, големи компании и здруженија се пријавуваат да бидат дел од големата Еко акција „Мој Охрид, чист Охрид“, за детално чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона.Членовите на атлетскиот клуб „Охрид“ денес го најавија своето учество во еколошката акција за разубавување на Охрид. Покрај останатите поддршка на акцијата најавија и охридските ротаријанци, заедно со Здружението З’ш авантура.Акцијата која ќе се одржи на 9-ти јуни е иницирана од Супер радио, со поддршка на бизнис секторот, охридските медиуми, еколошките и спортски…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top