Средното стручно Училиште „Св Кирил и Методиј “, Охрид го одбележа својот патрон. Директорката Славица Костоска, синоќа во ЦК „Григор Прличев“ на свечената академија истакна дека во изминатото четири годишно напорно работење во скромни услови, со ограничени средства, успеале да навлезат во најновите методи на воспитно образовниот процес, вклучувајќи ги тука и учениците, со цел да создадат квалитетни личности кои ќе бидат подготвени да чекорат низ животот.
„За првпат оваа година имавме повеќе запишани ученици од оние што завршиле . Инаку од нашето основање секогаш имаше голема разлика меѓу …
Над 200 основци од Охрид, Струга, Кичево и Дебрца ја истрчаа километарската „ Трка на различностите“. На најдобрите спортисти им беа врачени награди. Во женска конкуренција првите три места ги освоија Марија Шипинкоска од ОУ„ Христо Узунов“, Драгана Усовиќ од истото училиште и Александра Петреска од ОУ„ Браќа Миладиновци“ од Струга. Во машка конкуренција на првите три места се пласираа Филип Ѓоргоски од ОУ „Христо Узуно“в, Атанас Куциноски од „Христо Узунов“ и Климент Филев од „Св Климент Охридски“. Организаторите на “Охрид трчат“ задоволни од пројавениот интерес на ученици.
„ Очекувавме в…
Градоначалникот Јован Стојаноски даде исказ пред собраниската комисија за култура. На надзорната расправа тема беше „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство“ . Од исказот на охридскиот градоначалник Јован Стојаноски даден пред собраниската комисија за култура најприоритетна задача е донесување на измени на Законот за управување со Охридскиот регион како и донесување на План за управување.
„ Во мојот исказ кажав дека урбанистичките планови…
Мечка напаѓа улишта со мед во околината на неколку охридски села , јавуваат охридските пчелари. До редакцијата на ТВМ пристигнаа фотографии од уништени пчелни кошници во реонот на селата, Куратица, Опеница, Скребатно, Лакочереј, Расино, Вапила и Сирула. Тони Јосифоски, претседателот на охридското здружение на пчелари, јавува дека се уништени над 60 пчелни семејства и 15 тина пчелари од нивното здруженеи претрпеле огромни штети. Јосифоски апелира инспекторите од надлежното министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство и во викенд да излегуваат на терен за да направат увид врз настан…
На 12.09.2021 година од 15 до 20 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници регистрирале и санкционирале 23 возачи на патнички моторни возила кои, претекнале други возила на места каде е забрането престигнување (Охрид-12, Струга-04, Кичево-04, Дебар-03).
Сообраќајните контроли кои континуирано се преземаат, се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата – информираат од СВР Охрид.
Граѓанското здружение „Совест“ упорно во своето барање градежниот инспекторат да постапи согласно законите и изграденото кај Али Пашината џамија да се прогласи за дивоградба. Одржана уште една прес конференција на оваа тема на која беа истакнати нови факти дека се она што се прави на оваа локација е многу контрадикторно. Од здружението потенцираа дека имаат сознанија дека конзерваторското решение за објектот било издадено во јуни 2016 година. Според законските нормативи тоа важи доколку по истекот на две години од неговото издавање се обезбеди сета потребна документација за реализирање на г…
Граѓанското здружение „Совест“ упорно во своето барање градежниот инспекторат да постапи согласно законите и изграденото кај Али Пашината џамија да се прогласи за дивоградба. Одржана уште една прес конференција на оваа тема на која беа истакнати нови факти дека се она што се прави на оваа локација е многу контрадикторно. Од здружението потенцираа дека имаат сознанија дека конзерваторското решение за објектот било издадено во јуни 2016 година. Според законските нормативи тоа важи доколку по истекот на две години од неговото издавање се обезбеди сета потребна документација за реализирање на г…
Се одржаа спортски игри помеѓу децата од предучилишна возраст од охридските и струшките градинки. Децата се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини со топки и влечење јаже. Навиваа и спортуваа, а нивните лица кажуваа колку се среќни .
Денешниот спортски настан е дел од проектот за ран детски развој и здрави животни навики , посочува Мери Рилкоска директор на детската градинка Јасна Ристеска. На овој начин се развиваат локомоторните вешини, натпреварувачкиот дух и сите деца се победници, вели Рилкова. Таа додава дека во детските градинки се посветува големо внимание за стекнување навик…