Во охридскиот центар за социјални грижи се регистрирани 600 домаќинства корисници на гарантирана минимална помош. Оваа бројка во споредба со истиот период од минатата година кога бројката се движела меѓу 400 и 500 корисници, годинава се зголемила за стотина кои останале без приходи во семејството. Бројката е променлива во зависност од тоа колку семејствата останале без егзистенција од ударот на пандемијата и немаат имот, информира Мира Врангалоска, социјален работник од Центарот за социјални грижи.
Повеќето семејства кои се обраќаат за гарантирана минимална помошсе на средна возраст и…
Претставници од Секторот за туризам и Локален екеономски развој при општина Охрид учествуваа на работилница во Пеќ, Косово во рамките на проектот КРЕСИДА во кој учесници се Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Македонија.Општина Охрид е учесник во овој проект уште од Април 2014 и доби грант – пилот проект кој беше имплементиран во втора половина на 2017 и почеток на 2018 година.
Назив на пилот проектот е „АКТ“ Активирање на Граѓаните за Грижа кон Животната Средина и содржеше активности од типот на подигање на јавна свест кај граѓанните за подобрување на управувањет…
Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше работна средба со заменикот на директорот на Управата за јавни приходи Фарук Омери и раководителот на даночното одделение во Охрид Елизабета Русеска. На средбата се разговараше за координирање на активностите на општинските и инспекциските служби на Управата за јавни приходи во текот на главната туристичка сезона.
Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, од денеска па до 27.05 2018 ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ “А Класа” турнир “ЗВОРНИК ОПЕН 2018” во Зворник, Бих, кој е еден од најпрестижните турнири во југоисточна Европа.На овај турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион, такмичарите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид , ќе ги одмерат силите во форми и спаринг-борби поединечно и екипно.Со самото пријавување знаеме дека овај турнир ќе биде премногу тежок турнир, на кој досега го имаат најавено клубови од 15 земји , при што ќе…
130 моторциклисти-членови на Меѓународната полициска асоцијација од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија, денеска доаѓаат во Охрид. Моторџиите, најнапред ќе го посетат туристичкиот комплекс „Св.Наум“ а во 14 часот и 30 минури ќе го започнат дефилето низ Охрид. Стартот на дефилето е од булеварот „Туристичка“ кај „Билјанини извори“ до кружната крстосница кај „Охридска банка“ а потоа по булевар „Македонски просветители“ до градското пристаниште. За учесниците на ИПА мото средбата, предвидено е туристичко разгледување на Охрид и бродска пловидба по Охридското езеро. Утре во 10 …
Охрид, лулката на словенската писменост со низа настани и концерти го чествува Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Пред споменикот на Светите браќа во градскиот парк денеска беше положено свежо цвеќе, а потоа пред присутните се обрати градоначалникот Јован Стојаноски.
Ова е ден на сесловенските просветители и мора да биде празнуван во склад со она што тие го претставувале, а тоа е описменување на народот кој што живее на овие простори, а и пошироко, вели Стојаноски.
Свеченоста заврши со доделувањето на награди за најдобрите ученици од основните и средните училишт…
Хотелско угостителскиот еснаф од Охрид покажа големо срце приклучувајќи се на акцијата за давање бесплатното сместување на лица со посебни потреби и семејства од социјално ранливата категорија. Првите чекори за една ваква хумана мисија ги направија нашите сограѓанки Лидија Ќосесака и Јованка Климоска уште минатата година, а годинава поттикнати од нивниот пример зголемен бил бројот на хотелиери кои понудиле бесплатен одмор за оваа категорија граѓани, вели Христина Јосимоска претседателот на Здружението граѓани, лица со хендикеп „Илинден“.
„Целта ни е да се поврземе и ние со балканските груп…
Во понеделник, на 28 мај, ќе се отвара јавната набавка за материјал за поправка на дрвените скали на Антички театар. Руинираните и оштетени скали ќе бидат санирани по 5 месеци од нивното затварање пред новогодишните празници. Приодот кон театарот не беше дозволен заради небезбедност на посетителите, информира Елеонора Новакоска директор на НУ Завод и Музеј од Охрид. Во тој период, нашата институција, не беше во можност да преземе мерки за санација на скалите. Сега работите се придвижуваат. Постапката за јавна набавка е отпочната и ќе биде отворена на крај од месецов по што ќе следи санација…