Мај 29, 2018

Загрижени угостителите апелираат Елем совесно да стопанисува со водостојот на Охридското езеро

Високиот водостој на Охридското езеро кој во моментов е 20 см над дозволената кота им прави големи штети на угостителите и на жителите на крајбрежниот појас. Подолго време трае загриженоста и на угостителите и на жителите. Угостителските објекти трпат високи штети бидејќи и при мртов бран, од осцилација на водната површина, им се поплавуваат терасите, а жителите пак стравуваат од нарушување на стабилноста на куќите, вели Михаил Мишев претседателот на угостителскиот еснаф Охрид. „ Таков висок водостој не се памети многу долго време. Мислиме дека е резултат на несоодветно стопанисување со ез…

Мај 25, 2018

Незаборавен концерт на Горан Трајковски во Охрид

Бројни охриѓани, но и гости  од земјава и странство синоќа уживаа во концертот на неповторливиот Горан Трајкоски, што се одржа на градскиот плоштад во Охрид. На концертот беа изведени дела од неговиот најнов проект „Тешкиот глас на новите химни“. Трајкоски има зад себе долгогодишна музичка кариера, а го има ставено својот потпис и врз неизбришливи музички големини како „Анастасија“, „Падот на Византија“ и „Мизар“. Со настапот на Трајкоски и официјално започнаа свеченостите   по повод одбележувањето на   еден милениум од основањето на древната Охридска архиепископија. Централната свеченост …

Мај 23, 2018

Германска делегација во посета на општина Охрид

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со делегација од градовите Тутлинген и Меринген од германската покраина Баденвитенберг, предводена од  Клингештајн  Хервиг градоначалник на Меринген.На средбата гостите најмногу се интересираа за заштитата на Охрид, како светско природно и културно наследство, на што градоначалникот Стојаноски објасни дека локалната и централната власт деновиве ги интензивираат активностите за решавање на забелешките на УНЕСКО, а паралелно се работи на стратегија за одржлив развој на целиот регион. Заеднички беше констатирано дека ваквите средби треба д…

Мај 23, 2018

Словачкиот амбасадор на средба со градоначалникот Стојаноски

Делегација на Република Словачка, предводена од амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш, во придружба на потпретседателот на Жилинскиот самоуправен регион, Милан Лауренчик, генерелниот викар на епархијата на Жилина, како и градоначалникот на Терхова, Јозеф Давидик и директорот на градскиот културен центар Терхова, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски. На средбата се разговараше за остварување на соработка во областа на културата со поставување на изложба во Охрид како почеток на една подлабока соработка во иднина. Понатака се раз…

Мај 22, 2018

Честитка од Градоначалникот за Националниот ден на Власите

Почитувани сограѓани и припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија,Прославувањето на Националниот ден на Власите како празник, претставува симбол за почит кон Влашката култура и Влашкото малцинство што живее на овие простори. Влашката заедница, која дава свој придонес во општествениот и културен прогрес во Охрид и Македонија е важен дел од македонското општество.Власите во Македонија, се составен дел од историјата на Република Македонија и нераскинлив дел од сегашноста и иднината на државата.Националниот ден на Власите е можност да ја одбележиме и прославиме долгата трад…

Сеп 14, 2021

Денеска во Охрид сончево време со температура до 28 степени

Времето денеска во Охрид сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. UV индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени. Следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела и особено во сабота ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер – информираат од УХМР. 

Мај 28, 2018

Светската оперска дива Елена Мошуц ќе го отвори овогодинешното Охридско лето

Светската оперска дива Елена Мошуц ќе го отвори овогодинешното Охридско лето. На свеченото отварање заедно со неа ќе настапи тенорот Калин Братеску и симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија под диригентската палка на Николае Молдовеану. Со настапот на Мошуц продолжува традицијата најголемите светски ѕвезди да настапат на отварањето на овој реномиран фестивал. Охридското лето со својата доследност и светски квалитет е вистински репрезент на обединувачката сила на културата. Ова лето ќе имаме одличен фестивал, полн со концерти и претстави, кои што очекуваме дека ќе предизвикуваат …

Мај 26, 2018

Уличните кучиња касаат граѓани и никако да се стави крај на оваа појава

Уличните кучиња касаат граѓани и никако да се стави крај на оваа појава. Билтенот на Центарот за здравје во Охрид говори дека неделно дури до два случаи на луѓе каснати од куче бараат интервенција кај нив односно примаат соодветна вакцина против беснило. Др Јованка Стурлакова Коровешоска потврдува дека во најголем дел граѓаните се каснати од куче скитник. А такви во градов ги има многу и е не е нешто ново ако се каже дека надлежните досега не мрднале ниту со малиот прст да се справат со овој сериозен и опасен проблем. „Последниве 4 години е зголемен бројот на пациенти кои што добиваат анти…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top