За реконструкција на улицата Будва од потегот од пресек со Железничка до пресек со улицата Прилепска се кратат средства во износ од 12 милиони денари и за реконструкција на улицата Прилепска износ од 1 280 000 денари. Ова е резултат на измената на распоред на средства во Буџетот на Општина Охрид која беше на дневен ред на седницата на Совет. Средствата ќе се распределат во другите програми, а средствата кои во овој буџет се кратат ќе се предвидат во нацрт програмите за буџетот за следната година соодветно по ставки и сите предвидени активности ќе бидат завршени уверуваат од Сектор за комуна…
Екипи на ЈП „Нискоградба“, работат на поставување нова фекална канализација на улиците „Будва“ и „Винковачка“. Увид на градежните зафати направи градоначалникот Кирил Пецаков.
Според проектот, на улицата „Будва“ фекалната канализација е во должина од 225 метри, а се поставуваат Ф300 цевки, додека на улицата „Винковачка“ е 135 метри, а се поставуваат Ф200 цевки.
Вкупната вредност на проектот изнесува 1 977 516 денари.
Земјата се соочува со голем проблем со вселенскиот отпад. Овој проблем ќе се влошува како што расте бројот на компании и влади што лансираат сателити, летала, па дури и туристи во вселената.Голем дел од она што го испраќаме во вселената на крајот гори во атмосферата, но дел останува во орбитата. Џејк Ебот, професор на Универзитетот на Јута, предвидува дека ситуацијата може толку да се влоши, што Земјата би можела да наликува на Сатурн во иднина.
– Земјата наскоро би можела да има свои прстени. Но тие ќе бидат направени од отпад – изјавил тој за локален медиум.
Според Европската вселен…
Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, информира дека се исчистени дивите депонии во месноста “Селиште”, кај црквите “Св.Василиј”, “Св.Јован” и “Св.Атанасије”, село Белчишта.На просторот дополнително ќе бидат поставени информативни табли .Од локалната со апел до граѓаните да се воздржат од депонирање на отпад.Против сите прекршители ќе бидат преземени со закон предвидени мерки и санкции.
Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе кочовски информира дека е решен проблемот до месноста „Зодишта“
„Пред 10 дена се обврзавме дека ќе го решиме проблемот со пропустите за вода на пристапниот пат кој води до земјоделско земјиште “Зодишта” и нема да дозволиме инвестицијата да пропадне“, напиша Кочовски.
Тој упати благодарност до изведувачите, градежната компанија “Маркоски К73” за брзата и квалитетна реализација на градежните работи.
Зголемениот број на Ковид 19 позитивни во целата земја, а исто така и во Охрид како еден од најпогодените градови, со изразено висока застапеност на “британската мутација”, на вирусот Sars Cov 2, која се одликува со значајно повисока преносливост, ја погоди и Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и Ковид пациенти.
„Сакаме да потенцираме дека во Ковид одделот кај нас се третира најкомплексни пациенти од Охрид и регионот, и многу од нив имаа потреба …
Пандемијата со ковид 19 ја зголеми побарувачката на здравствено осигурување во земјава. Купувачката на полиси бележи раст минатата година во споредба со претходната.Бројот на осигуреници кои купиле здравствено осигурување во време на пандемија пораснал за 5 пати во однос на 2019 година, информира Никола Стојанов, советник во Агенцијата за супервизија на осигурување.
„Вкупно 114.559 граѓани лани одлучиле да купат полиси за здравствено осигурување и тоа е за 93.161 осигуреник повеќе од претходната година кога полиси за здравствено осигурување имале 21.398 лица“.
Во полиси за здравствено оси…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ч.(38) од Велес и О.К.(47) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „бесправно градење” и „узурпација на недвижности”.
Двете, во својство на инвеститори, на стамбен објект лоциран на улицата „Ѓорче Петров” во Охрид, без одобрение, извршиле неовластена доградба и узурпирале државно земјиште – информираат од СВР Охрид.