Јун 11, 2018

Улиците претворени во паркинг

Речиси на сите улици во центарот на Охрид ќе се наплаќа за паркинг и тоа не само за време на летната сезона туку во текот на цела година. Со воведувањето на новиот смс систем на наплата на паркинзите се воведуваат и овие новини од кои охриѓани ги заболе глава. Поголемиот дел од граѓаните веста ја дочекаа како измени кои ќе важат само во летниот период, но од локалната им ги скратија надежите. Со оваа одлука се очекува да се намали сообраќајот во централното градско јадро, односно непотребното користење на моторни возила или заземање на јавните паркинг површини преку цел ден или преку цела …

Јун 8, 2018

Градскиот хор Вокс Лихнидос се подготвува за својот годишен концерт

Градскиот хор Вокс Лихнидос интензивно се подготвува за својот годишен концерт. Четириесеттината членови од најразлична возраст двапати неделно интензивно вежбаат за на публиката да и приредат едно незаборавно доживување. Ќе бидат изведени дванаесет композиции и тоа од најразлични жанрови, ќе има духовни песни, песни од класичната музика, но и модерни нумери. Диригентот Бурим Хидри вели дека кога го одбира репертоарот секогаш се труди да биде шаренолик и да има за сите по нешто. Уште кога станав диригент на хорот јас направив избор на репертоарот со кој ќе настапува хорот. Задржав неколку …

Јун 8, 2018

Започнува „Баскерфест“

Театар на отворено. Денес и утре охриѓани ќе имаат можност да ги проследат атрактивните баскер артисти, како и музичарите кои што се дел од годинешниот „Баскерфест“. Артисти има речиси од секаде во светов. Ќе има циркус, фрлање со ножеви, жонглирање со оган. А најзгодниот магионичар на светот кој доаѓа од Бразил ќе го изведе своето шоу со илузии и магични трикови на кое никој не останува рамнодушен. Најпрво благодарност до општина Охрид за нејзината поддршка. Баскерфест се одржува по четврти пат а задоволство ни е што годинава го отвараме во Охрид, бидејќи нашите артисти без исклучок многу…

Јун 7, 2018

Со новиот закон за енергетика ќе се намалат трошоците на граѓаните

Растот на цената на нафтата на светските пазари може да предизвика ценовен  шок во  електрична енергија. Токму затоа новиот закон за либерализација на пазарот , чија примена започнува за девет месеци , нуди решенија за амортизација на ценовните шокови и заштита на крајните потрошувачи, истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев на денешниот Форум за енергетика, што денес се одржа во Струга. Законот за енергетика во кои се имплементирани директивите на ЕУ е на функција од вчера„Она што основно ќе реши законот треба да ја реши можноста да секој кој што сака да биде учесник во енергетското живеење во …

Јун 6, 2018

По 4 децении во општина Охрид ќе се гради ново училиште како донација од ТИКА

ОУ „Братство и единство“ ќе добие нова зграда. Постојниот објект ќе се руши и ќе се изгради комплетно нова училишна зграда и спортска сала.  Проектот е донација на турската агенција за  соработка и координација ТИКА. За оваа цел градоначалникот Јован Стојаноски и претседателот на „ТИКА“ за Балканот и Југо источна Европа, Махмуд Чевик потпишаа меморандум. Понатаму ќе следува потпишување на договор,  проектирање, изведување на градежни работи и опремување на новата училишна зграда со што учениците и наставниот кадар ќе добијат современи услови за одвивање на образовниот процес.  „Во 1980 годи…

Сеп 14, 2021

Повторно одложена претставата „Крик за љубов“

Театарската претстава „КРИК ЗА ЉУБОВ” – Жозиен Басалко во режија Љупчо Ѓоргиевски закажана за четврток 16.09.2021 година се одложува, поради подготовка на нов проект со режисерот Сашо Миленковски, информираат од НУ Центар за култура „Григор Прличев“.   Оттаму додаваат дека за точниот термин на одржување на претставата јавноста ќе биде дополнително информирана. Картите ќе важат, но истите и ќе може да се заменат на билетара.

Јун 6, 2018

ОО на ПОЕН : Градоначалникот Јован Стојаноски повторно да го активира Локалниот совет на млади

Зголемување на  мерките за поддршка на млади лица до 29 години и младите да се стимулираат што повеќе да се залагаат да работат и дообразуваат во нашата Македонија, бараат од Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН. Ги охрабруваме Владата на Република Македонија,  министерството за труд и социјална политика и  агенцијата за млади и спорт, да започнат постапка за спроведување на процесот на младинска гаранција и на територијата на град Охрид, како општина со највисок процент на иселеност на млади луѓе во државата, кажа денеска на прес конференција, Вахид Мемед претседател на ОО  на…

Јун 6, 2018

ОК ВМРО ДПМНЕ: Скандалозна одлука на управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ со која поскапуваат цените за паркинг

Во период кога туристичката сезона е започната ЈП „Билјанини извори“ носи скандалозна одлука во врска со  наплатата на паркинг на улиците, обвинија денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Кирил Пецаков изнесе детали за тоа како се проширува зоната А со што индирекно поскапува цената за паркинг простор а во зона Б нелогично се вметнуваат улици каде што таква услуга никогаш немало.„Дури се дрзнуваат Булевар Туристичка којшто е магистрален пат да го узурпираат за наплатување паркинг. Во Стариот дел на градот којшто е репрезентативен дел наместо зона без возила сега и трите најпосетувани улици од туристит…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top