Започна бербата на црешата во охридско, а овоштарите се загрижени за квалитетот на годинешниот род и за пласманот. Одгледувачите на црешови насади се соочија со неповолни временски услови во пролетните месеци кои го загрозиј а квалитетот на црешата, а во моментов дополнително ги загрижува и дождливото време, вели Ванчо Стојаноски.
„ Сега во ек на бербата 3 дена има врнежи кој негативно се одразуваат врз квалитетот на родот. Доаѓа до пукање на плодовите и тие не се за конзумација. Оштетените плодови на црешата ќе завршат во преработувачката индустрија по многу пониска цена“, кажува Стојанос…
Дел од угостителите продолжуваат со лошото поведение од минатаото непочитувајќи ја Програмата за поставување урбана опрема. Новата локална самоуправа и угостителите разговараа и се договорија каде и во кој временски период може да се поставува урбана опрема маси и столици и колку за тоа ќе и плаќаат на општината. Најголем дел од договорите се потпишани а масите и столиците си се поставуваат без оглед на тоа што им пишува на угостителските објекти во одобрението. „Се што е надвор од одобрението издадено согласно Програмата за поставување на урбана опрема понатака претставува инспекциски на…
На 12.01.2022 околу 21.00 часот во угостителски објект на бул. „Македонски просветители” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Ј. врз Д.С. (18), двајцата од Охрид.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Во охридската Регионална занаетчиска комора годинава биле регистрирани 6 нови занаетчии, а 3 биле избришани од евиденција, информира Сашо Богоески претседател на Регионалнаат занаетчсика комора. Состојбата е слична како и минатата година во истиот период , додека пак во 2016 имало 37 ново регистрирани и 5 мина занаетчи кои престанале да вршат занаетчиска дејност, појаснува Богоески за состојбите во занаетчиството во Охрид.
„ Во Регионалната комора, годинава е новитет регистрирањето на 2 нови занаети. Се обновува опинчарскиот занает, познатиот охридски опинчар мајстор Милан Белески го насле…
Неконтролираната градба и пребрзиот туристички развој се главните причини за проблемите на Охридскиот регион. Да се има заштитата на Унеско како светско природно и културно наследство е вистински престиж, што секој регион би го посакал. Не само за развојот на туризмот, туку и за целосниот напредок на регионот. Токму затоа Охрид треба да направи се за да го зачува статусот на Унеско, вели ко – претседателот на Европските зелени.
Надлежните во комуникација со Унеско, мора да ги преземат сите потребни мерки и активности во поглед на дивоградбите и загадувањето. Мора да се изнајде компромис, н…
Младите и спортот. Со цел што повеќе млади луѓе да се стимулираат и да спортуваат ЈП „Билјанини извори“ прави напори за подобрување на условите за тренирање како и овозможување натпревари каде спортистите ќе можат да си ги одмерат силите. Неодамна преку ТЛЕР ова претпријатие аплицираше за добивање средства од европските фондови за реализацијата на проектот „Спорт и култура иднината на регионот“, активност која е поддржана и финансирана од SWG Regional Rural Development Standing Working Group of South Eastern Europe. Проектот е прифатен, а средствата кои се одобрени се во висина од 2000 евра…
Проширувањето на паркинг зоните и новиот начин на наплата ги раскара охридските советници. За ВМРО ДПМНЕ одлуката сите улици во центарот на градот да бидат паркинзи со наплата е небулозна. Претворањето на улиците во паркинзи во Стариот град и низ централното градско подрачје ќе предизвика дополнителен сообраќајен хаос , но и дополнителен трошок за охриѓани и викендашите, особено на оние кои живеат во центар. Според советниците од ВМРО ДПМНЕ скандалозно е што зад одлуката не постои сообраќајна студија, а дополнително ќе бараат кривична одговорност од директорката на ЈП „Билјанини и…
Медицинскиот кадар во „Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ во Охрид имаше можност да следи практични предавања за нови процедури во третман на периферни артериски заболувања лично од еден од најпознатите доктори во Европа во областа на интервентната кардиологија Д-р Ралф Ланхоф од клиниката во Берлин .Д-р Ланхоф медицинскиот кадар на Кардиолошкиот Завод во Охрид го оцени како исклучително способен , со високо ниво на знаење и вештини во работата.„Би рекол дека во делот на вештини, можам да кажам дека докторите на оваа болница се способни да не следат во овие процедури. Потрошниот мат…