Јун 8, 2018

Младата Ајше Хасан го освојува светот

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски денеска во својот кабинет ја прими Ајше Хасан која  го понесе  македонскиот тим  на врвот со четири златни медали во четири категории на Светскиот натпревар   „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа  во Кембриџ, Англија.Хасан која што беше единствената охриѓанка на  натпреварот  му се заблагодари на градоначалникот Стојаноски за целосната  поддршката што ја доби од општина Охрид да   замине за Англија и да има можност  да се натпреварува  со млади таленти од 40 земји од Европа, Азија, Африка ,Америка и Австралија. Градона…

Јун 7, 2018

Општината бара 12 лица за организирање на Јавни работи

Општина Охрид на ден 07.06.2018 година  објавува ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 12 лица кои се заинтересирани за организирање на Јавни работи преку ангажирање на евидентирани невработени лица со ниски квалификации,лица од социјален ризик и лица кои се заинтересирани за лесна физичка работа.Акцијата ќе биде со цел заштита на животната средина, зголемување на степенот на еколошка свест и едукација на населението и најмладите, преку спроведување вакви работни акции( косење на тревниот појас помеѓу двете коловозни ленти на потегот од магистралниот пат од Хидробиолошкиот Завод до нас. Свети Стефан…

Јун 6, 2018

Новинари од Естонија објавуваат промотивни текстови за Охрид

Новинарите од Нордика-Естонија, кои на 2-ри и 3-ти Јуни, учествуваа на промотивната тура „ Охрид 2018“ , што ја организираа Агенцијата за поддршка на туризмот, ТАВ- Македонија и Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, започнаа да објавуваат промотивни текстови за Охрид.Седумте новинарски екипи од Нордика- Естонија во текот на промотивната тура ги посетија најзначајните културни знаменитости и турстичките потенцијали на Охрид и регионот, но и руралните средини во кои интензивно се развиваат разни форми на алтернативниот туризам.Првите промотивни текстови за Охрид во…

Јун 25, 2018

Во каналот Студенчишта сопствениците ќе ги врзуваат пловилата кој каде ќе стигне

На каналот Студенчишта и оваа летна сезона ќе нема одбележени паркинг места каде што ќе се врзуваат пловните објекти. Сопствениците и понатака ќе се снаоѓаат кој како знае и умее за да ги закотват пловилата на безбедно место. Надлежност за одбележување на местата каде ќе се врзуваат пловилата засега немаат ни од Капетанија ни од Локалната самоуправа, напоменува Горан Устијаноски капетан на Капетанија на Пристаништата на РМ. Каналот беше заедничко место за приврзување, се правеше со компромис за сместување на пловните објекти, напоменува Устијаноски. При тоа капетанот укажува на една негатив…

Јун 22, 2018

Охрид е идеален за да биде велосипедски град

Во сообраќајната студија за Охрид или во некој иден оддржлив план за урбан развој на градот пешакот и велосипедистот треба да бидат на прво место, сметаат стручните лица. Охрид е идеален град за велосипедот како средство на превоз. Недостига дефинирање на исправна велосипедска мрежа. Има доволно простор но ќе мора да се одземе од паркинг просторот за возилата и да се пренамени за велосипедски патеки. Обид да се направи нешто на тој план има во идејното решение за летниот режим на сообраќајза оваа сезона.„ Сакавме да воведеме велосипедска мрежа на Партизанска. Начинот на поврзување на оваа у…

Јун 22, 2018

Ресорнотo министерство ќе субвенционира изградба и реконструкција на рибници

Сопствениците на рибници ќе бидат субвенционирани за производство на риби. Ќе добиваат средства за изградба на нови и реконструкција на постојните риболовни пунктови. За оваа намена се предвидени еден милиони денари. За нивно опремување 1,5 денари и еден милион денари за изградба и реконструкција на мандрите за традиционален лов на Дојранско Езеро. Во охридско има 2 рибници во кои се одгледува риба. Тоа се рибниците во селото Опеница и кај Прентов мост. Корисниците на средства за изградба на нови капацитети може да бидат фирми кои се регистрирани за дејност во рибарството , кои поседуваат и…

Јун 21, 2018

Неконтролираното градење по крајбрежјето еден од најголемите предизвици со кои треба да се справат Охрид, Струга и Поградец

После милиони години постоење најстарото и најбистрото езеро во Европа   денес се соочува со бројни предизвици. Прекумерната урбанизација,  неводење грижа за автохтоноста на брегот на Охридското езеро, негрижата  за природните реткости и биодиверзитетот , како и загадување со отпад .Првите луѓе на трите градови на брегот, денес на Денот на Охридското езеро,  по традиција најавија  поголема грижа и заштита на еко системот, но и заедничка битка со бројните предизвици.  Клучен проблем се дивоградбите в долж крајбрежието. Општините Охрид и Поградец  веќе започнаа ревизија на урбанистичките план…

Сеп 14, 2021

(ОБНОВЕНО) Одложена Јавната расправа за Студенчишко блато

Постапката за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата, која ја започна Министерството за животна средина и просторно планирање врз основа на иницијативата од Општинa Охрид и Студијата за негова валоризација изработена во 2020 год наиде на пречка. Јавната расправа по Нацрт законот за прогласување која денеска беше предвидено да се одвива како комбинација на онлајн и со вклучување на локалното население присутно во големата сала на општината започна со проблеми во комуникацијата и по кратко време беше прекината. Во салата владееше бурна атмосфера која модераторот на расправата…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top