Јул 11, 2018

Утре прекин во водоснабдувањето на Кеј Македонија

Поради интервенција на водоводната мрежа на утре, 12ти јули, ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „Кеј Македонија“ на потегот од улицата „АСНОМ“ до крстосницата со улицата „Јане Сандански“ и на дел од улицата „Партизанска“ до населбата Охридати. Прекинот ке биде од 9 до 12 часот информираат од Р.Е. Водовод Охрид.

Јул 11, 2018

Локалната бара разбирање од граѓаните за претстојната „Бела ноќ“

Општина Охрид, до граѓаните, особено до оние кои живеат во стариот дел на градот, упатува апел за разбирање во врска со бројните настани кои ќе се одржат во рамките на манифестацијата „ Бела ноќ“.Во сабота, на 14ти јули се очекуваат многу гости, а главниот дел од забавата ќе биде во самиот центар на градот. Сето тоа повлекува и соодветно озвучување и осветлување. Станува збор за една вечер и би сакале да направиме вистински спектакл, каков што градот навистина заслужува за вистински старт на главната туристичка сезона, Охрид е туристички град и би требало најискрено сите да помогнат, барем …

Јул 10, 2018

Југозападниот плански регион доби средства за три проекти

Изработка на техничка документација за патна инфраструктура, изведба и реконструкција на патна инфрастуктура и изведба на енергетски ефикасни објекти се трите проекти кои ќе стартуваат во неколку општини од Југозападниот плански регион по потпишувањето на договорот со Бирото за регионален развој. Средствата во висина од 26 милиони денари се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за Локална самоуправа од националниот буџет, информира Мирјана Лозаноска директор на Југозападниот плански регион. Уште денес ќе има објава на електронскиот систем за јавни наб…

Јул 10, 2018

Подводните нуркачки авантури во Охридско Езеро се поатрактивни за туристите

Се поголема е заинтересираноста кај туристите и локалното население за нуркање и подводни екскурзии во Охридското Езеро.  Од охридскиот нуркачки клуб Амфора велат дека гости од Западна Европа специјално доаѓаат во Охрид за да уживаат во подводниот свет на езерото. Најбројни се од Холандија, Германија, Швајцарија и Австрија но ги има и од балканските земји.  Нуркањето е лесно и безбедно кога се користи квалитетна опрема и низ обуката ве води професионална екипа од интернационални инструктори како што се Милутин и Јован Секулоски од клубот Амфора. „Постојат програми за почетницикои сакаат да …

Јул 10, 2018

Се е подготвено за отварањето на 58 то издание на фестивалот „Охридско лето“

Се е подготвено за отварањето на 58 то издание на најголемата и најреномирана музичко сценска манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“. Завршени се сите подготовки за оваа Национална установа да биде достоен домаќин на бројните уметници и вљубеници во уметноста. Во претстојните 40 дена пред бројната фестивалска публика ќе продефилираат повеќе од 800 музички и театарски уметници од 27 држави од Европа и целиот свет. Честа да го отвори годинешното фестивалско издание и припадна на романската оперска дива Елена Мошуц, која во четврток, 12 јули, на Античкиот театар ќе настапи заедно…

Јул 9, 2018

Утре ќе се знае кој ќе стопанисува со најатрактивните плажи

Денеска истече рокот за жалби и приговори за наддавањето за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи во центарот на Охрид. Неофицијално дознаваме дека до истекување на рокот во општина Охрид бил поднесен само еден приговор и тоа лице што не учествувало на наддавањето кое се одржа на 4 јули. Општината по консултации со Министерството за транспорт и врски утре и официјално ќе  соопшти  кој и под кои услови ќе стопанисува со плажите  Потпеш , Канео, Куба Либре и Кадмо, како и за тоа каква ќе биде судбианта на плажата Бела Виста за која не се одржа јавно наддавање бидејќи немало приј…

Сеп 15, 2021

Воска Спорт денес на „Билјанини извори“ ќе го пречека тимот на Брегалница

Во рамките на 1/16 финалето од Купот на Македонија, денеска ФК Воска Спорт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе ја пречека екипата на Брегалница. Натпреварот започнува во 15 часот, а влезот ќе чини 100 денари.

Јул 9, 2018

Во Охрид во тек е кампањата „ Го сакам градот безбеден“

Во тек е кампањата „ Го сакам градот безбеден“. Во нејзиното спроведување се вклучени Општинскиот совет за безбедност, локалната самоуправа и полицијата. Проектот има за цел да се подигне севкупната безбедност во сообраќајот , а пораки се испраќаат до сите учесници во сообраќајот, информира Стефан Димоски претседател на Општинскиот совет за безбедност. Реализацијата на слични кампањи во минатото давале ефекти кој биле упатувани до учесниците во сообраќајот како на пример за користење на заштитни кациги,кажува Димоски. „Ефектите од оваа кампања се позитивни. Зголем е бројот на моторциклисти…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top