На 25.11.2021, полициски службеници од СВР Охрид и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, ги лишија од слобода И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид.
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Збирка од 58 примероци од семиња од стари автохтони сорти земјоделски култури и од ретки диви растителни видови со потекло од регионот на Белчишко Блато предадена на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје. Семињата биле собирани во текот на 2020 и 2021 г. од страна на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид во соработка со експертот за ботаника проф. д-р Сузана Јордановска. Проектниот тим составен од Ѓоко Зороски и Гоце Колевски склучи договор со факултетот за земјоделски науки за чување на семето во соодветни услови за долгорочна конзервација.
При нашето и…
Од УХМР со предупредување за нивото на Охридското Езеро.
Во изминатиов период водостојот на Охридското езеро бележи доста низок водостој, така што постојано се доближуваше до минимално дозволената кота од 693,10 метри надморска висина. Според денешните мерења нивото на Охридското езеро се наоѓа на дозволениот минимум.
Од УХМР предупредуваат дека доколку продолжи трендот на намалување на водостојот, ќе биде нарушено нормалното функционирање на целиот биодирезитет во него. Алармираат на потребата од внимателно следење на состојбата со Охридското Езеро во наредниот период.
Дел од вработените во општинската администрација денес присуствуваа на Сесија за дисеминација што ја организира Црвениот Крст од Охрид со поддршка на Меѓународниот Комитет на организацијата.
Учесниците на настанот се запознаа со историјата на Меѓународното движење на Црвениот крст, основните принципи на работа, мандатот и активностите на компонентите на Движењето и активностите на Црвен крст Охрид.
Целта на настанот е јакнење на програмата за дисеминација и мобилизирање на заедницата за проширување на капацитетите на волонтерската мрежа на ЦК.
Денешната сесија е дел од кампањата ЦК и М…
Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа првиот Регионален саем на социјални претпријатија од Југозападниот регион во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.
Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека овој настан е многу значаен за нашиот регион бидејќи има за цел да ги презентира позитивните економски промени во однос на социјалната вклученост и одржливиот развој на заедниците.
Ранливите категории на граѓани се наши соседи, наши роднини, наши …
Министерството за труд и социјална политика известува дека од денес 26.11.2021 год. (петок) започнува етапната исплата на ноемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.11.2021 година (петок);
За пензии со висина 11.001-14.00…
Во рамки на 12-то коло од Супер лигата, ракометарите на ГРК Охрид гостуваат во Кавадарци, каде што ќе ги одмерат силите со екипата на Тиквеш.
Со оптимистичен став, Мице Шилегов пред дербито на колото против екипата на Тиквеш во Супер лигата.
За нас како екипа денешниот натпревар против екипата на Тиквеш е многу значаен. Посветивме цела недела на интезивни тренинзи и видео анализа. Нијанси ќе одлучуваат на натпреварот. Тиквеш е добра екипа, но ние ќе го дадаме максимумот и одиме на победа. Ќе се бориме за нови 3 бодови и за зацврстување на местото во Play Off фазата – изјави Шилегов.
…
Градоначалникот Кирил Пецаков на неговата официјална фејсбук страна соопшти дека Општина Охрид ќе ја поддржи кампањата против насилство врз жените.
Обој го светот портокалово: КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ СЕГА! Кампања 16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата која започнува денес, 25 Ноември – Меѓународниот ден на елиминација на насилството врз жените, а трае до 10 Декември – Денот на човековите права. Зградата на Општина Охрид симболично има да биде осветлена во портокалова боја со цел симболизирање посветла иднина во која нема место за насилство – вели градонач…