Јул 19, 2018

Започнува фестивалот на нов европски филм „Beach film festival“

Од денес до 22-ри јули Охрид ќе биде домаќин на првото издание на фестивалот на нов европски филм „Beach film festival“. Главната програма на фестивалот ќе се реализира на плажата „Оревче“.Вечерва, првата фестивалска вечер ќе започне со проекција на хрватскиот филм „Осмиот комесар“ во 21:00 часот, на која ќе присуствува и режисерот на овој филм, Иван Салај. Филмот преставува екранизација на истоимениот роман на Ренато Баретиќ.Новитет на филмските фестивали, барем во Република Македонија, е тоа што на втората фестивалска вечер, во петок, на 20-ти јули, посетителите ќе можат да го гледаат дан…

Јул 18, 2018

Педалинките и ова лето опасност за капачите

Викендов за влакно избегната несреќа во водите на езерото. Пет девојчиња кои биле качени на педалинка ќе настрадале во близина на плажата Немо. Педалинката потонала, а тие за среќа успеале да испливаат до брегот. Само две од нив имале елеци за спасување, а на оваа плажа нема ангажирани спасители на вода. Имаме доста интервенции на педалинки кои не се технички исправни, кои имаат одредени недостатоци и кои лесно потонуваат и кои се издаваат и на лица кои не се пливачи и на лица кои се малолетни, а и на поголем број на лица отколку што е капацитетот на самата педалинка, вели Сашо Точков -пре…

Јул 18, 2018

ОК ВМРО ДПМНЕ: Жителите на Стар град не бараа рампи и не се должни да плаќаат за картички

Поставувањето на рампите во центарот на градот и Горна порта, во период кога туристичката сезона е започната, за ОК на ВМРО ДПМНЕ е неразумен и несовесен потег на локалната власт. Според нив решението на локалната да се ограничи движењето на автомобилите во стариот град преку издавање специјални пропусници само за жителите на тој дел е проблематично од повеќе причини. „Наместо општество за сите, зошто ги делите граѓаните со специјални пропусници? Знаеме дека немаат сите жители на Стариот дел на своите дозволи место на живеење токму од Стар град, а за туристите воопшто да не стане збор. Која…

Јул 18, 2018

Човекот амфибија со помош на јога руши рекорди

Јане Петков, човекот амфибија, ќе плива во Охридското езеро со врзани раца и нозе во вреќа. По 2013 година, кога се запиша во Гинисовата книга на рекорди, ова е негов втор обид да постави светски рекорд, во како што вели, најубавото езеро во светот. 64 годишниот бугарин од Сандански кој на 24 јули ќе плива 3,5 км открива дека за несекојдневниот подвиг се подготвува со помош на јога. Раскажува дека со техниката на дишење ќе го надополни хемоглобинот во неговата крв кој во моментов е многу понизок од нормалните вредности кај човекот. „ Мојот хемоглобин е низок, но јас го компензирам со енерг…

Јул 17, 2018

Поствулканската појава Дувало ќе стане туристичка атракција

Поствулканската појава Дувало ќе стане туристичка атракција. Оваа идеја датира одамна но сега во тек е имплементација на проектот „Дувало“ : од предизвик до решение – Промоција и заштита за одржлива заедница”. Основна цел на проектот е да се подигне степенот на заштита и промоција на природната рекост „Дувало“ преку вклучување на локалната заедница. „Дувало“ претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5м и длабочина од 30см. „Дувало“ претставува последен знак на изумирање н…

Јул 17, 2018

Едно охридско семејство пријавено да згрижи деца без родителска грижа

Во Охрид, полека заживува деинституционализацијата на децата без родителска грижа од државните домови да бидат сместувани во згрижувачки семејства. Од први јуни, годинава,тече кампања на министерството за труд и социјална политика која ги мотивира македонските граѓани да згрижуваат деца кои се лишени од топлината на семејниот дом. Неим Сулејман, в.д. директор на охридскиот центар за труд и социјална политика, информира каков е досегашниот ефект од оваа кампања во Охрид. „Од почетокот на кампањата има само едно заинтересирано лице, жена, како потенцијален згрижувач на дете без родителска гр…

Сеп 15, 2021

Навивачката група „Рибари“ доби забрана за присуство на ракометното дерби

И покрај сите наши напори и заложби на секој можен начин, за жал добивме одговор дека имаме забрана да присуствуваме на утрешното дерби помеѓу екипите на РК „Охрид“ и РК „Струга“, објавија на официјалниот профил од навивачката група „Рибари“ од Охрид. Крајно сме разочарани и бесни од овој однос бидејќи дадовме план како може да присуствуваме и двете навивачки групи во одреден број спрема протоколите но слух за нашите барања немаше. Единствено добивме само закани со пријави и насилно отстранување од салата, доколку се појавиме на утрешниот натпревар. Спортските натпревари се за навивачи…

Јул 16, 2018

Во пораст приходите од продадени влезници во Самоилова и Заливот на коските

Во касата на НУ Завод и музеј, во мај и јуни годинава, се инкасирале скоро двојно повеќе пари од продажба на влезници во два културно историски објекти, во споредба со истите месеци од минатата година. На Самоиолова тврдина во јуни годинава е остварен приход од продадени влезници во висина од 700.000 денари , а во мај 680.000 денари. За дват а месеци, пак минатата година биле инкасирани по 360.000 денари во јуни , а во мај 375.000 денари, информира Елеонора Новаковска директор на НУ Завод и музеј. Овој приход е резултат на продадени влезници и ваучери од туроператори со кои Завод и музеј им…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top