Градоначалникот Јован Стојаноски заборавил на обврските кои со себе ги носи почетокот на учебната година. Покрај тоа што не реновирал ниту едно училиште, не набавил опрема или средства за воспитно-образовниот процес, Стојаноски заборавил да распише тендер за превоз на ученици, обвини на денешната прес коференција Сашо Донев претседател на Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ од Охрид.„Деновиве набрзина ги задолжил училиштата сами групирани по неколку да објават тендери и да ја исполнат обврската. Учениците моментално се превезуваат со анекс-договори која е законски дозволена категорија, но са…
На улицата Ѓорче Петров, во станбениот комплекс скоро два месеци истекува вода за пиење и ги поплавува јавните површини околу зградите, реагираат станарите. Тие барале од Проаква да го решат проблемот. Директорот на МЈП Проаква, Владимир Алексијески потврдува дека во населбата имаат проблем со пукната цевка. Нивните служби детектирале дека станува збор за пукната цевка во деловен објект кој се наоѓа после нивното контролно водоводно броило. Директорот кажува дека во два наврати службите реагирале да се сопре излевањето на вода за пиење, но еден од сопствениците на деловните објекти не дозво…
Градоначалникот Јован Стојаноски, денес оствари работна средба со министерката за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска. Министерката Апостолска го запозна градоначалникот Стојаноски со планот на владата за економски раст и финансиската поддршка што истиот ја нуди за новите инвестиции.Градоначалникот Стојаноски ги истакна потенцијалите на општината за привлекување на странски инвестиции и подготвеноста за нови гринфилд и браунфилд вложувања. Во таа смисла градоначалникот Стојаноски посочи и неколку развојни проекти и можноста за нивна реализација со помош на Владата на Републик…
Покрај ставањето зимница, за пензионерите во овој период од годината, најактуелно е снабдувањето со огревно дрво. Станува збор за една од најважните активности на ЗП на Охрид и Дебрца, која се спроведува секоја година. Ѓорѓи Трпчески – претседател на ЗП на Охрид и Дебрца апелира до сите пензионери од Охрид и Дебрца кои се снабдуваат со огревно дрво преку Здружението на пензионери да се стрпат. „Ние како пензионери сами сакаме да си помогнеме, да ја олесниме оваа состојба на пензиенрите, затоа ние уште од октомври месец 2017-та година почнуваме со запишување на пензионерите за купување огре…
Првиот училишен месец започна без организиран превоз за охридските основци и средношколци. Организиран превоз нема, а причината се лоцира во ненавремено спроведен тендер за избор на превозна компанија, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски.
„ Грешка е и во училиштата и во Локалната самоуправа. Факт е септември, прв месец од учебната година учениците ќе мора да се снаоѓаат сами за превоз до училиштата. По постапката по отварање на јавниот тендер по 14 септември , кон крајот на септември и почетокот на октомври, кога ќе заврши постапката ќе има организиран превоз за сите училишта“, …
Денот на независноста на Република Македонија, беше одбележан со ревијален ватерполо турнир во градското пристаниште. Овој спортски настан, го организираа Секторот за спорт при општина Охрид, клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ и Охридскиот Црвен Крст.Учествуваа ветераните на ватерполо клубовите „АПК Студент“ и „Вардар“ од Скопје, „Челични“ од Штип, „Струга“ од Струга и домаќинот „Охридски бранови“ од Охрид. Настанот имаше хуманитарен карактер, а донираните средства ќе бидат наменети за ранливите категории на граѓани од Охрид и Дебрца.Ватерполо ветераните не потсетија на вре…
По повод Денот на независноста на Република Македонија, денес, во Охрид беше организиран 32. Меѓународен атлетски маратон.30 километарската патека во машка и женска конкуренција први ја помина кенијците, Марк Кипчумба и Сузан Мутони. Најдобриот во машката конкуренција патеката ја мина за 1 час, 42 минути и 44 секунди, додека најдобрата во женска конкуренција ја мина за 2 часа, 8 минути и 19 секунди.Сребрениот медал во машка конкуренција му припадна на Словакот Габриел Свајда (1.49.44), а трет финишираше Илир Рудани од Косово (1.51.10). Кај атлетичарките Адријана Поп Арсова од Македонија за…
Пластичните кеси од 1 декември се забрануваат, а на пазарот ќе се продаваат биоразградливи кеси за 15 денари по парче кои ќе треба да бидат произведени според пропишани стандарди за биоразградливост. Ова се предвидува во Законот за управување со пакување и отпад од пакување кој Собранието го донесе пред два дена.
Но, од Иницијативата за забрана за пластични кеси за Радио МОФ потсетуваат дека ваква забрана веќе имаше, но е анулирана со други акти, така што нејзиното спроведување пак ќе зависи од подготвеноста за тоа на институциите.
Ваква забрана веќе постои од 2012 година, но во 2013 …