Деновиве, во просториите на ЈП Билјанини Извори се одржа средба помеѓу директорката на ЈП Билјанини Извори г-ѓа Гордана Јованоска и директорите на основните школи Св. “Наум Охридски” од Пештани, ОУ “Ванчо Николески” од Лескоец и проф. по физ. образование од ОУ “Кочо Рацин”. ЈП Билјанини Извори согледувајќи ја потребата за спортски реквизити на основните училишта од руралните средини на територија на Општина Охрид донираше 40 фудбалски топки за потребите на активите по физичко образование се со цел да се помогне на образовниот процес а во насока на поддршката на правилниот начин на развој ка…
Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со Амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Џес Бејли.На средбата беше потенцирана добрата соработка што амбасадата ја има со Република Македонија, а како потврда беше издвоен конзерваторискиот проект на црквата Свети Богородица – Перивлепта, кој целосно беше финансиран од американската амбасада.Од страна на градоначалникот беше посочено дека, Локалната самоуправа се залага за одржлив развој во туризмот во кој спаѓа и урбаното планирање според препораките на УНЕСКО.Градоначалникот и Амбасадорот, констатираа дека треба да се ста…
На ден 17.09.2018 година (понеделник ) со почеток во 11.00 часот, викана шеснаесеттата седница на Советот на општина Охрид.Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.На дневниот ред на ова издание на седницата на Советот на општина Охрид, советниците меѓудругото ќе расправаат и за Одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП „Проаква“-Струга со издвојување со основање на нови друштва. На дневниот ред ќе се најде и Одлуката за отпочнување постапка за статусна промена на МЈП „Проаква“-Струга, Р.Е. „Водовод“-Охрид, како и Предлог- одлуката за изменување и дополнување на буџетот …
Голем број граѓани одговорија на анкетата за состојбата со урбанизмот во охридско-струшкиот регион која ТВМ ја објави во рамки на рубриката „Ти си твојот град“.
96% од пристигнатите одговори се од охриѓани, 4% од стружани, а жителите на Вевчани и Дебрца изгледа не се соочуваат со проблеми од сферата на урбанизмот. Најголемиот дел граѓаните кои одговорија на анкетата припаѓаат на старосната група од 31-45 (48%), потоа од 46-60 години (40%), а најмал дел односно 12 % имаат од 18-30 години.
Нашата анализа покажува дека мажите се позасегнати за прашањата од урбанистичката сфера. Дури 76% м…
Овој настан кој е со широко општествено значење, ќе започне во 11 ч. со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од плоштадот „Крушевска република-Чинар“, а цел на градскиот плоштад „Климент Охридски“, каде ќе продолжат спортските, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди. Учество на овој настан се обезбедува со купување на учеснички број кој чини 30 денари. Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви за акцијата, ќе бидат наменети за помош на децата со здравствени потешкотии од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца. Секој к…
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.80/93…190/2017), предвидено е Управата за јавни приходи од 1 јануари 2019 година да изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани – физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година.Пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година преку системот e-pdd.ujp.gov.mkЗа да може УЈП да ја достави пополнетата Годишна даночна пријава на увид на граѓаните преку системот e-pdd.ujp.gov.mk&…
Охриѓани со историски час одбележаа сто и пет години од започнувањето на Охридското востание. 12 септември 1913 година во историјата се споменува и уште како септемвриско и македонско – албанско востание. Централниот комитет на Внатрешна Македонска револуцонерна организација и Албанскиот револуционерен комитет предводени од Петар Чаулев и Сефедин Пустина одлучиле да кренат востание на 7 септември кое траело до 20 август. Една од причините за почетокот на востанието била поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор од 1913-та година и репресиите кои ги почуствувале жителите од …
Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли денеска беше дел од охридската велосипедска полициска патрола. Тој на велосипед им се придружи на полицајците во симболично патролирање низ градските улици. Изрази задоволство што патролата, која пред 10 години беше формирана на иницијатива на американската амбасада во соработка со Секторот за внатрешни работи – Охрид, успешно функционира. “Велосипедот во Охрид е ефикасно средство за полициско работење, посебно кога ќе се земе превид гужвата во туристичката сезона посебно во пешачките зони. Но исто така е еден начин да се направи полицијата визу…