Сеп 19, 2018

Државата не се откажува од изградбата на регионала депонија во општина Дебрца

Регионалната депонија сепак ќе се гради во општина Дебрца. Централната власт не се откажува од првичната идеја и покрај протестите на дебрчани од мината година со кои беа против изградба на депонија во нивната општина. Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање е без конкретен одговор дали ќе се менува локацијата во селото Годивје или не, но информира дека отстапки од изградба на депонија од општина Дебрца нема да има. Напоменува дека експертите бараат најсоодветно решение и место за изградба на регионална депонија која треба да го спаси југозападниот регион о…

Дек 31, 2021

НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ОХРИД КИРИЛ ПЕЦАКОВ

Со желби следната година да биде подобра, посреќна, побезбедна и попросперитетна, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, Ви ги честита Новогодишните празници… Честитката на Градоначалникот погледнете ја на следниот линк

Сеп 19, 2018

ЦРВЕНИОТ КРСТ ОД ОХРИД СО КАМПАЊА ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО

Општинската организација на Црвениот Крст  од Охрид, започна со кампањата “За посреќно детство“, која ќе финишира на 29 овој месец со спортско –рекреативен настан на кој ќе учествуваат ученици од сите возрасти.Во кампањата активно ќе биде вклучена  и локалната самоуправа и јавните претпријатија и училиштата од градов. Градоначалникот Јован Стојаноски денес ги прими волонтерите на Црвен Крст од Охрид и им посака многу успех во спроведувањето на активностите.Собраните средства ќе бидат донирани на децата од социјално ранливите семејства од Охрид и Дебрца.

Сеп 18, 2021

ГФК Охрид Лихнидос го пречекува Тетекс, Воска на гости кај Силекс

Охридските фудбалери ги продолжуваат натпреварите во Втората македонска фудбалска лига. „Рибарите“ на стадионот „Билјанини извори“ ќе го пречекаат тимот на Тетекс, додека ФК Воска денес игра на гостински терен кај екипата на Силекс во Кратово. Инаку, тимот на ГФК Охрид Лихнидос досега има една победа и два порази, а Воска има две победи и еден пораз.  Денешните натпревари започнуваат во 15 часот, а натпреварот Силекс-Воска може да го следите во живо на следниот линк

Сеп 19, 2018

УСПЕШНАТА СЕЗОНА НЕ Е СЛУЧАЈНОСТ – ОХРИД ПРОМОВИРАН ВО БРОЈНИ МЕДИУМИ ВО 12 ЗЕМЈИ

Охрид, како најголем туристички центар и Република Македонија годинава ќе ја посетат 1,2 милион туристи, кои ќе направат 3,2 милиони ноќевања и ќе донесат девизен прилив од 24 милијарди денари (390 милиони евра).Според официјалните показатели на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, расте интересот на странците за Македонија, за што доказ е и растот од 26,5 проценти на девизниот прилив од туризмот само во првиот квартал годинава споредено со истиот период лани. Од јануари до јуни годинава веќе се регистрирани над 923 илјади ноќевања на над 433 илјади туристи, што е раст од 16,4 от…

Сеп 19, 2018

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ – 21 СЕПТЕМВРИ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

Општина Охрид од 17-22 септември 2018год. се вклучува во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“, односно 21 септември – Ден без автомобили, кога традиционално  во тој период се организираат настани посветени на одржлива мобилност во урбаните средини ,кои годинава треба да бидат на тема Мултимодалност –„Комбинирај и движи се“.Кај нас, а и во светот, се резервираат една или повеќе фрекфентни сообраќајници   за велосипедисти и пешаци.На тој начин се упатува силна порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет, го подобруваме нашето…

Сеп 18, 2018

Македонија е високо ризична земја за работниците

Во РМ во 2017год. се евидентирани 24 смртни случаи на работно место. Државниот инспекторат за труд пак во своите извештаи нотифицирал дека во 2017год. се евидентирани над 1600 повреди на работните места. Како најризични професии се истакнати градежништвото, земјоделство, јавната администрација. Според сите податоци Македонија е високо ризична земја за работниците. Ние во нашата организација имавме доста пријави од страна на семејства кои бараат правна помош во овој дел, а ние на вакви дебати секогаш говориме и се бориме дека согласно Законот за работни односи и исплата на бруто плата на ра…

Сеп 18, 2018

Граѓаните треба да го препознаат историскиот момент за иднината на земјата

Членството во Нато алијансата е многу важно за нашата земја, покана имаме, но влезот во воениот сојуз ќе следи по завршување на евроинтеграцијата на земјава, рече Андреј Жерновски заменик министерот за надворешни работи. Добиваме поддршка од меѓународната заедница и останува на претстојниот референдум граѓаните да го препознаат историскиот момент за земјата, напомена Жерновски. „ Колку е важен референдумот говори фактот што некои наши пријатели од меѓународната заедница кажуваат дека е од историска важност, не само за Македонија туку и за регионот. Позитивните вибрации од Македонија по дог…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top