Ное 7, 2018

Охридското езеро се наближува до дозволената минимална кота

Од месец мај до сега, нивото на Охридското езеро намалено за околу 80 сантиметри. Екологистите предупредуваат дека причина за ова се климатските промени и испарувањето на водата. Екологистот Лазо Наумоски објаснува дека на годишно ниво од езерото испаруваат преку 350 милиони кубни метри вода годишно. Тоа е голема количина на вода, додека на годишно ниво преку Дрим истекнуваат дополнителни милијарда и 300 милиони,а научно и стручно докажано е дека 40% од истечената вода испарува.Наумоски додава дека доколку продолжи ваквата состојба, најмногу ќе биде погоден живиот свет во езерото. „Со клима…

Ное 7, 2018

Започна лекувањето на Сара во Германија

„Благодарение на хуманоста на сите граѓани младата Сара Настеска го започна лекувањето во специјализираната детска клиника во Германија, каде треба да и биде пресадена коскена срж“, официјално објави нејзиното семејство.„Благодарение на Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.“„Веќе од вчера, 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца…

Ное 6, 2018

70 семејства во социјален ризик добија хуманитарни пакети

Поделени социјално хуманитарни пакети на 70 охридски семејства во ризик. Покрај овие семејства ОО ЦК и Локалната самоупрва во кампањата Недела за борба против гладта помогнале и на 250 други семејства кои имале потреба од помош на заедницата. Локалната самоуправа постојано се вклучува и ги поддржува граѓаните во ризик,, напоменува градоначалникот Јован Стојаноски. „ Настојуваме на секаков начин колку што можеме да им помогнеме на социјално загрозените семејства. Разбираме дека ова е мала мерка, но им значи на социјално загрозените семејства. И понатака ќе ја помагаме акцијата и социјално з…

Ное 6, 2018

ЈП Билјанини извори задоволно од наплатата на паркирање

Новините во наплата на паркирањето донесоа позитивни резлтати во работењето на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со паркинг зоните. За седум месеци од кога беа применети новите начини на наплата со СМС пораки и  гребни картички од јавното претпријатие информираат дека се зголемува инкасирањето на повеќе финансиски средства, се растеретува службата за наплата и гужвите при паркирањето. Сега завршува 9 месечниот период и ако се споредат приходите со 2016 година ќе се согледаат подобрувањата од наплатата, напоменува Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори. „Доколку ја земеме 2016…

Ное 6, 2018

Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ се заблагодари за поддршката во реализацијата на спортските настани

Со доделување на  признанија на партнерите и поддржувачите (приватен сектор, институции, волонтери, физички лица,јавни служби и медиумите ) на завршната вечер за 2018 година, која се одржа во големата сала на Општина Охрид, Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ им се заблагодари на сите за искрената поддршка во реализацијата на спортските настани Охрид трчаТ 2018 и Балканското триатлон првенство кое се реализира во партнертсво со Триатлон федерацијата на Македонија. На свечената церомонија организаторите го промовираа извештајот за партнерите на Охрид трчаТ, исто така прик…

Сеп 21, 2021

Решавањето на секој проблем влијае врз квалитетот на живеење во заедницата

Големата дупка на патот Пештани-Охрид за која реагираа граѓани во рубриката „Ти си твојот град“ е санирана. Пред една недела ТВМ ги објави фотографиите од жителка на Охрид која посочи во рубриката ТиСиТвојот Град оштетување на коловозот на патот Пештани Охрид, кое е опасно за безбедноста во сообраќајот на тој потег, но и за возилата. Дупката се наоѓа на излезот од Пештани кога се движиме накај Охрид и е опасна бидејќи е длабока и мора самото возило да се префрли на другата лента за да ја одбегне, што сметам дека е опасно за сообраќајот – напиша граѓанката. ГОЛЕМА ДУПКА ОПАСНА ЗА ВОЗАЧИ…

Ное 6, 2018

Јавните тоалети во Охрид повторно надвор од употреба

Не престануваат континуираните оштетувања на јавните тоалети поставени во централното градско подрачје. Овој пат насилно се исечени автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад  Т.Ц.АМАМ. И овој случај на уништување на јавните добра е пријавен во полиција и се` додека не се санира штетата тоалетите ќе бидат надвор од употреба.Пред два месеци беа обиени автоматите за влез во двата јавни тоалети кои се поставени во стариот дел од градот кај Горна Порта, додека ова е второ уништување на автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад кај Т.Ц.АМАМ.Охриѓа…

Ное 5, 2018

Месец на книгата и во Охрид со мини саем во библиотеката Григор Прличев

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Матица Македонска организираат мини саем на книгата. Пет дена ќе трае мини саемот на кој ќе бидат презентирани повеќе од 200 наслови од домашни и странски автори.Настанот е во знак на одбележување на Месецот на книгата кој почна на 15 октормври и ќе трае до 15 ноември. Ова е можност љубителите на белетристика да набават за своите домашни библиотеки интересни наслови без да патуваат во Скопје. Благодарност до издавачката куќа  Матица Македонска ги има изложено своите книги. Но тоа не значи во иднина да немаме и други издавачки куќи. Среќна сум што сум дел од…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top