Ное 13, 2018

Груевски во Будимпешта, бара политички азил

На фејсбук-профилот на поранешниот премиер Никола Груевски, по кого е распишана потерница заради издржување на двегодишна затворска казна, се појави порака дека тој е во Будимпешта и дека побарал политички азил од унгарските власти, откако последните денови добивал закани по живот.Засега не се знае дали профилот на Груевски е хакиран или навистина тој самиот ја напишал пораката.„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти.Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам…

Ное 12, 2018

Падна уставноста на ДУП за урбана зона еден во старото градско јадро

Падна одлуката на Советот на општина Охрид за измените на Деталниот урбанистички план за урбана зона 1 блок 1.2 , 1.4 и блок 3.4. Уставниот суд на Република Македонија ја укина одлуката на охридскиот совет донесена пред 4 години која се однесува на потегот кој го опфаќа брегот на езерото по улиците Илинденска и Кирил и Методиј, го заобиколува калето и завршува на езерскиот брег кај местото Грданов мост и мал опфат од населбата Кошишта. Одлуката ја потврдува Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид, кој информира што стои во обемното образложението на Уставниот суд на РМ за укинување на ДУП…

Јан 13, 2022

Лилјана Ефтимовска назначена за В.Д. директор на ООУ „Григор Прличев“

Градоначалникот Кирил Пецаков, за нов В.Д. директор на ООУ „Григор Прличев“ ја назначи Лилјана Ефтимовска, професор по историја. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Ивана Маховска Шикалеска, која поднесе оставка од позицијата. Градоначалникот Кирил Пецаков и се заблагодари за досегашниот ангажман и соработка.

Ное 12, 2018

Време е за дебата!

Во аудио-визуелната аргументирана дискусија на ТВМ телевизија, насловена едноставно „Прашалник“, уредникот и водител Соња Рилкоска ќе ги спротивстави ставовите на своите гости, сите значајни претставници на општественото живеење од градов и ќе им даде можност да го потврдат и докажат својот став по однос на одредена проблематика.Рилкоска вели дека во едно демократско општество секогаш мора да има место за добра дебата. Па така, секој втор вторник во месецот, во 17:30 гледачите ќе може да уживаат во вистинска дебата за најразлични теми од општественото живеење од Охрид. Граѓаните исто така ќ…

Сеп 21, 2021

10 новозаболени и 132 оздравени лица од Охрид

Од Министерството за здравство на Република Македонија информираат дека во текот на последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, при што се регистрирани 554 нови случаи на Covid-19. По градови: • Скопје 309• Куманово 44• Прилеп и Велес по 20• Тетово, Битола и Кавадарци по 17• Кочани 16• Кичево 11• Охрид 10• Крива Паланка 9• Гевгелија и Ресен по 6• Струмица и Штип по 5• Неготино, Свети Николе, Радовиш и Кратово по 4• Гостивар, Струга, Виница, Валандово и Демир Хисар по 3• Дебар, Берово, Делчево и Пробиштип по 2• Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица по 1 Пријавени се 17 по…

Ное 12, 2018

ОХРИД – ГРАД ПАРТНЕР НА СЕДМИОТ МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА ВИНО „ЖУПА 2018“

Во Александровац, Република Србија, се одржа седмиот по ред Меѓународен саем на вино „ЖУПА 2018“, на кој што Охрид беше град партнер. Во прекрасниот амбиент на хотелот „Грозд“, саемот беше организиран под покровителство на Општина Александровац, а учество зедоа над шеесет винарии од Србија, Македонија, Црна Гора, Бугарија и  Румунија, како и туристички работници и агенции од регионот.За Охрид како туристичка дестинација со богато културно наследство и традиционална понуда за регионалните пазари на соседните држави, ваквите регионални манифестации претставуваат извонредна можност за туристич…

Ное 12, 2018

Деновиве Владата ќе донесе одлука за преземање на колекторскиот систем

Прашање на време е кога Владата ќе донесе одлука за преземање на колекторскиот систем заедно со побарувањата и обврските што се направени при неговото функционирање. Градоначалникот Јован Стојаноски вели дека сите услови се исполнети и дека пред Владата ќе се достави усвоената одлука на советите на општините Охрид и Струга за поделба на МЈП ПРОАКВА на три дела. Ние донесовме одлука, останува на Владата да донесе одлука. Очекувам дека ќе добиеме позитивен одговор. Не може да се сокрие фактот дека приоритет во инфраструктурните работи во Охрид е токму колекторскиот систем, потенцира градонача…

Ное 12, 2018

Успешна акција на граничната полиција на Ќафасан

На 11-ти ноември оваа година, околу 19 часот, на зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања опојна дрога Марихуана, со вкупна тежина од 50 килограми.На местото каде се пронајдени двете торби, извршен е увид по што, истите се подигнати а опојната дрога е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.Се преземаат мерки за целосно документирање и расветлување на настанот.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top