Ное 15, 2018

Анѓушев: Евентуалната промена на името нема да значи промена на имињата на производите

Евентуалната промена на името нема да значи промена на имињата на производите, истакна Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски пак, со став дека станува збор за прашање кое ќе се следи и кое генерално ќе ја опфати целата економија.Дали евентуалната промена на името на државата ќе ја наметне потребата од ребрендрање на македонските производи? Вицепремиерот за економски прашања на РМ, Кочо Анѓушев вели дека потреба од ребрендирање нема да има.„Мислам дека договорот е јасен, дека зборот македонски во сите производи кои се произведуваат во Р…

Ное 15, 2018

Нелојалната конкуренција проблем за македонските туристички водичи

Во Охрид има регистрирани 150 туристички водичи. Но не сите од нив се занимаваат со оваа туристичка дејност. Нелојалната конкуренција си го прави своето. Во Охрид после три години ставен во фиункција информативниот туристички центар во самиот центар, потег со кој локалната самоуправа сака да и зададе сериозен удар на нелојалната конкуренција. Од здружението на туристички водичи се надеваат дека со отворањето на инфо центарот во    Охрид ќе и зададат сериозен удар и на нелојалната конкуренција која сериозно и се заканува на оваа служба, дека повеќе нема да има влечење на туристите по плоштад…

Ное 14, 2018

Локална: Ќе ги направиме игралиштата и, за да има кој да игра на нив, ќе ги вратиме младите

Ја разбираме Вашата желба (или наредба) да го одвлекувате вниманието на јавноста од разурнувачките процеси кои се во тек во вашата партија, процеси кои се директна послeдица на крадењето, на неодговорното однесување и недомаќинското работење на Вашите првенци, челниците кои сега „храбро“ Ве оставија да ги браните нивните криминали, стои во реакцијата на општина Охрид на изнесеното на денешната прес конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.„Ви ветуваме дека тоа нема да Ви помине. Ова е само детски и неодговорен обид за маскирање на она што веќе не може да се крие. Премал е тепихот, почитув…

Ное 14, 2018

Здравевски: Нема трага од современи спортски и детски игралишта ветувани од СДСМ и Стојаноски

Младите се чувствуваат гневни, измамени и злоупотребени по измината една година локална власт на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски. Нема никаква трага од изградбата на современи спортски и детски игралишта на повеќе локации во градот, констатира  претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Александар Здравевски.„На потегот од улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ во Горна Влашка маала градоначалникот Стојаноски вети фудбалско игралиште, но за жал наместо детски џагор и спортски натпреварувачки дух гледаме обрасната трева и несреден простор. Каде се ветените д…

Ное 14, 2018

Дебрчани градат црква на локацијата предвидена за регионална депонија

Во Дебрца нема да се гради регионална депонија додека јас сум градоначалник, порачува Зоран Ногачески. Најави јавни дебати со ресорното министерство каде што ќе се соочат со против аргументи. Ногачески се повикува на претходно изработената документација за регионалниот интегриран систем за управување со отпад изработена од грчки консултант од пред две години во која има друго решение за лоцирање на регионалната депонија. „ Во меѓунроднатиот план за управуавње со регионачанат отпад стои дека најсоодветна локација е напуштениот рудник за лигнит Осломеј, покрај ова локација наведени се уште 1…

Ное 14, 2018

Се брендираа охридските туристички водичи

Со средства од програмата за развој на туризмот од општина Охрид, стартуваше проектот за брендирање на оваа туристичка служба во градот. Регистрираните туристички водичи, со опремата којашто ќе ја добијат ќе бидат вистински репрезент на градот.„За таа цел беа набавени и изработени маички и чадори на кои што се ставени инсигниите и ознаките на Општина Охрид, здружението на туристички водичи и придружници „Кеј“ од Охрид УНЕСКО, секако Охрид како поднебје под заштита на УНЕСКО, меѓу 33 места во светот кои се сметаат за исклучителни во културата и природата“, вели Климент Наумов, претседател на…

Ное 14, 2018

„Охрид трчаТ“ доби признание за квалитет на трка и организација

Најголемиот и најмасовниот спортски настан во нашиот град „Охрид трчаТ“ доби големо признание, откако Европската атлетика му додели сертификат со три ѕвезди за квалитет на трка и организација.Рангирањето со три ѕвезди само по себе претставува успех за организаторот и атлетскиот настан, така што Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ уште со второто издание успеа да ја подигне спортската манифестација Охрид трчаТ на Европско ниво.Европската атлетика има изградено систем на вреднување и оценување на настани и организации и тој го вреднува со една, три и пет sвезди.  „Нашето…

Сеп 22, 2021

Исплатата на септемвриските пензии започнува во вторник

Владата синоќа ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец септември 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.09.2021 година, со препорака деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2021 година.Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат карт…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top