Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21. Ноември (среда) 2018 година во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на св. архангел Михаил“. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.
Охридските ракометари в недела на домашен терен го пречекуваат должникот скопски Пролет. Со овој натпревар започнува вториот дел во Супер лигата во кој РК Охрид влегува со 7 победи и 2 порази. Екипата на Пролет е составена од млади играчи кои играат заедно веќе 10 години. Првиот натпревар го игравме на гости и изгубивме затоа што не бевме се уште добро уиграни, вели бекот Златко Везенковски.
„Се надевам на еден добар натпревар. Бодовите да останат во Охрид. Ја поканувам публикаа да дојде во што поголем број, повеќе од натпреварот со Пелистер затоа што ова ни е многу важен натпревар, може…
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид пред почетокот и на оваа учебна година се потруди да го збогати и осовремени книжниот фонд со лектирни изданија и за основците.
Старите и амортизирани книги заминуваат во депото на библиотеката а со новата набавка не само што е извршена нивна замена, туку и бројот на примероците е далеку поголем за повеќе ученици одеднаш да можат да го прочитаат бараниот наслов.
Тоа причина повеќе основците да се зачленат во Библиотеката и да ја продолжат дружбата со лектирите.
Потсетуваме дека годишната членарина за ученици е 200 а за возрасни 300 денари.
Од но…
Нацрт програмата за развој на туризмот во фокусот на интерес кај охридските советници. Опозицијата критикува што и по една година локалната нема изготвено стратегија за развој на туризмот и ги критикува измените на мерката за субвенционирање на станоиздавачите од мал обем. Советничката Лидија Петкоска од Вмро Дпмне се огласи со предлог како да се подобри приходот од туристичка такса во општинскиот буџет. Од советот побара да покренат иницијатива до инспекциските служби и до Царинската управа во согласност со Законот за туристичка и угостителска дејност и почитување на Законот за престој на…
„Охридски Комуналец“ започна со реализацијата на Програмата за зимско одржување. На повеќе локации депонирани вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи. Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комунале“ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови, започнаа подготовките и реализација на „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”. Екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според …
На средбата меѓу Здружението на Директори на ученичките и студентските домови, министерот за образование и наука Арбен Адеми и заменик министерот Петар Атанасов беше разговарано за проблемите во ученичките и студентските домови со фокус за можностите за корекција на средствата кои ги уплатува државата. На средбата исто така присуствуваа и претставници од кабинетите на премиерот на РМ, министерството за финансии и министерството за информатичко општество. За 16 години партиципацијата од министерството за образование и наука претрпе само една измена со зголемување за 10 %. Оваа сума ни одблис…
Во рамки на предвидените активности за работа, надлежните служби за одржување на канализационата и атмосферска мрежа при ЈП „Нискоградба“ денеска започнаа со чистење и профилактика на цевководи и шахти на ул. „Спас Банџов“.Екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат градежни активности на улица „Галичица“. Просторно се уредува површина со бехатонска подлога од 300 м2 . Изведбата ќе придонесе за уредување на дел од урбаната заедница како и подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на тој дел од Охрид.
На ден 09.11.2018 год на иницијатива на Управата за јавни приходи во просториите на МЈП “Проаква” беше остварена посета од висока делегација предводена од Заменик Ген. Директор на УЈП на Р.Македонија. На таа средба беше изразена благодарност до новото раководство на МЈП Проаква за досегашната соработка со управата, навременото сервисирање на обврските на Р.Е.Водовод Охрид кое резултираше со комплетна деблокада од нивна страна. Поздравена беше и новата спогодба со МЈП Проаква “Водовод и Канализација” – Струга која благовремено се сервисира. Исто така беше изразена голема благодарност и пофал…