Иако е поставена пумпа за аеризација во каналот „Студенчишта“ се уште нема доволно воздух. Плашицата, која презимува на овој потег, со денови е во опасност. Огромната количина на риба, по слободните проценки околу десетина тони, секојдневно се бори за воздух. Количеството на кислород е двојно помало од потребното.
„Намаленото количество на кислород кое еве и ден денес го мериме секојдневно. И денес е под границите на нормалното кое треба да го има таа вода. Во каналот „Студенчишта“ и можам да кажам дека водата е со температура од 10, 5 степени, а кислородот е околу 5,6 милиграми на…
Со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА, Општина Охрид ќе ги реконструира трибините на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини извори“. Вредноста на овој проект, кој видно ќе придонесе за развојот на спортот во Охрид, изнесува 800.000 евра.Фудбалската федерација на Македонија од УЕФА и програмата за развој, официјално доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти.Во рамките на истата програма за развој, ќе се реконструираат…
За наредната среда 29.09.2021 година со почеток во 11:00 часот, во големата сала во зградата на Општина Охрид е закажана шеесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид. На дневниот ред на ова издание на седницата на советот ќе се најдат извештаите за работата и материјално –финансиското работење на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид, ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, РЦСОО„Ванчо Питошески“ – Охрид и СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2020/2021 година. Градските советници ќе треба да се произнесат и во врска со предлог одлуките за усвојување на Годишната програма за работа…
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4. декември 2018 година (вторник), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“ со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.
Заслужува ли Охрид-град под заштита на УНЕСКО, да има руинирано пристаниште, кое од ден на ден сè повеќе и повеќе се распаѓа пред очите на охриѓани, но и пред очите на туристите? – јавно праша денеска на прес конференција советничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска.
„Градоначалникот Јован Стојаноски и пратениците Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска, кои очигледно го заборавија не само Охрид и охриѓани, туку и Охридското Езеро, да се одважат и да пропешачат по кејот за да „уживаат во глетката“.“- кажа Петкоска.
Петкоска сдресира парашање до власта и за тоа до каде е ветената реорганизац…
Регионалната занаетчиска комора Охрид ги известува своите занаетчии кои не се во можност сами да извршат регистрација на системот е-персонален данок кој го бара Управата за јавни приходи дека за нив и за членовите на нивните семејства, комората бесплатно ќе им ја изврши регистрацијата на системот е-персонален данок. Сите заинтересирани занаетчии да се јават во просториите на комората најдоцна до 20 декември 2018 година.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.С.(37) од Охрид. Тој, на 18-ти ноември оваа година, околу 23,00 часот, во куќа на улицата, Андон Дуков“ во Охрид, извршил физички напад врз Н.А.(50) а потоа со нож му нанел повреда во пределот на главата. Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид каде му е укажана лекарска помош.
Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „измама”, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Т.С.(72) и З.Г.(63), двајцата од Скопје.На 27 октомври оваа година околу 15,00 часот, на улицата „Марко Цепенков” во Охрид, пријавените го пресретнале Б.Ј. (81) од Охрид и со намера да стекнат противправна имотна корист, го довеле во заблуда и лажно му прикажале дека направиле сообраќајна незгода. Потоа му покажале часовник кажувајќи му дека е златен и му побарале 2000 евра при што оштениот прифатил замена.На 30.10.2018 година во 15.15 час…