Дек 4, 2018

Во Охридското езеро се евидентирани шест неавтохтони видови риби

Биолозите од Хидробилошки институт детектираа видови риби кои живеат во Охридското езеро ,а не се автохтони видови. Рибите јабанаџии, како што ги нарекуваат шесте видови веќе подолго време се одомаќинети во езерските води, информира Зоран Спиркоски од Хидробилошкиот институт. Нивната намера е да се справат со нив, вели Спиркоски. „Ние настојуваме тој проблем да се реши не само во Охридското езеро туку и во сите води во Македонија. Нашите слатки води се богати со ендемични видови риби кои може да бидат загрозени и се загрозени од оние кои се странци во тие екосистеми“, подвлекува Спиркоски….

Дек 4, 2018

Средношколците неодлучни дали и каде да го продолжат образованието

Охридските средношколци ќе добиваат совети како и каде по завршувањето на образованието со проект „Креативни умови креираат иднина“ од „Инова Либ“, здружение за иновации во библиотечното работење. Во проектот е вклучена и охридската национална установа библотека Григор Прличев која ќе им помага при насочувањето на младите. Совети ќе се делат како да се снајдат на пазарот на трудот и како да го изберат соодветното високо образование информира Јелена Петровска библиотекар советник од Битолската универзиетска библиотека Св Клиемент Охридски и претседател на УО на „Инова Либ“ од Радовиш. Младит…

Дек 4, 2018

Младите научници од охридската гимназија демонстрираа дел од своите знаења

Екстракција на ДНК, антидепресиви добиени од литиумски батерии и многу други интересни експерименти денес беа дел од  демонстрацијата на наградените проекти по хемија и биологија од  натпреварот „Ноември – месец на науката“. Наоружани со практични и теоретски знаења,  oхридските гимназијалци уште еднаш покажаа дека се меѓу најдобрите во државава. Теодор Тасевски од втора година од охридската гимназија заедно со својот другар Стефан Николиќ, го освоија третото место на неодамна одржаниот натпревар  „Ноември – месец на науката“, по предметот Биологија.  Тимот на професорката Николина Трпоска …

Дек 4, 2018

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

По повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со хендикеп -3 Декември, градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски го посети Здружението на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца „Мобилност  Охрид 1988“.Градоначалникот Стојаноски присуствуваше и на почетокот на натпреварите  во спортските дисциплини , шах, пинг- понг, табла, пикадо и стрелање со воздушна пушка  што по традиција се одржуваат на овој ден.  На учесниците во натпреварувачкиот дел  им посака успех и посочи дека општината во рамки на своите ингеренции и можности и понатака ќе дава поддршка за оваа категорија лица.На сп…

Дек 3, 2018

Меѓународниот ден на лицата со попреченост уште една можност за да се кажат проблемите со кои се соочуваат

Проблем со паркинг места, пристапни патеки до јавните установи и институции, немање толкувачи се само дел од проблемите кои и оваа година лицата со попреченост ги истакнаа на одбележувањето на Меѓународиот ден. Здружанието на инвалиди на трудот од Охрид и Општина Дебрца го посети градоначалникот Јован Стојаноски кој ги сослуша забелешките и потребите на лицата со попреченост и вети дека Локалната ќе направи напори да помогне во нивното решавање. Ова што го организиравте денес е една извонредна прилика да се видиме и вие да се дружите и да си размениме одредени мислења, а и нас да ни кажите…

Дек 3, 2018

Охридските советници едногласно изгласаа мерки за спас на плашицата

На вонредна седница охридските советници едногласно усвоија мерки за понатамошен спас на плашицата во каналот Студенчишта. За поморот на плашицата кој минатата недела се случи во каналот никој не сноси одговорност затоа што и никој не управува со езерото. Сега со мерки на Советот ќе се бара системско решавање на пропустите за во иднина да не се случуваат слични ситуации , се согласија охридските советници. Од Вмро Дпмне кои ја иницира вонредната седница произлегоа и предлог заклучоци за да се преземат активности за да се запрат еколошки катастрофи врз биодиверзитетот на езерото. „ Се задол…

Сеп 23, 2021

ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПРОГЛАСЕНО ЗА ВОДЕНО ЖИВЕАЛИШТЕ ОД МЕЃУНАРОДНО ЗНАЧЕЊЕ

Градоначалниците на општините Охрид, Струга и Дебрца, Константин Георгиески, Рамиз Мерко и Зоран Ногачески заедно со Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и директорот на регионалната канцеларија на Меѓународната Унија за Источна Европа и Централна Азија, Борис Ерг на плажата Дебрца потпишаа Изјава за поддршка на Студијата за валоризација на Охридското Езеро со што се обврзаа за директно учество во заштитата на биолошката разновидност во Охридското Езеро.На настанот, беше извршено и примопредавањето на Сертификатот од Рамсар на градоначалниците од трите општини…

Дек 3, 2018

Ново оштетување на дел од градското пристаниште

Последното големо невреме кое го зафати Охрид, предизвика ново оштетување на дел од градското пристаниште. Од капетанија објаснуваат дека оштетувањето не ја загрозува стабилноста на објектот и додаваат дека веќе се известени надлежните органи во градот. Сопствениците на пловни објекти велат дека станува збор за стар објект кој датира од далечната 1938 година, на кој му е неопходна поопширна санација.Градското пристаниште со тек на време попушта под налетот на брановите. Последното оштетување е голема пукнатина на пристапниот дел која настана по големото невреме кое го зафати Охрид во март г…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top