Продолжува акцијата за расчистување на снежните наноси. Вечерва повторно се чистат критичните точки низ градот. Во акцијата се вклучија и јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Билјанини извори“ со сопствена механизација и луѓе. Според последните информации поголем дел од критичните точки се исчистени и фрлено е ризла и песок. Во најголем дел тротоарите и пешачките патеки се веќе расчистени.
Благодарност до кафе бар „Инстикт“, кафе бар „Летница“ и „Кожувчанка“ за донираните топли напитоци и сокови за сите што се вклучени во активностите на Комуналец за расчистување на снежните наноси …
По повод Новогодишните и Божикните празници, Јавното претпријатие Градски Пазар од Охрид издава под закуп 8 тезги за продажба на Новогодишни и Божикни украси на плоштадот Крушевска Република.
Сите заинтересирани лица кои што сакаат да изнајмат тезги треба да се пријават најкасно до 06.12.2021 година во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид на булевар „Туристичка“ бр.79.
Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид или на тел. 046/266-600.
Четвртоодделенците од Основното Училиште „Григор Прличев“ денес беа во посета на Општина Охрид.
Градоначалникот Кирил Пецаков ги пречека, по што во големата општинска сала ги запозна со начинот на функционирање на локалната власт, статутот и симболите на општината, а одговараше и на бројните прашања од младите гости.
Посетите на ученици во Општина Охрид е согласно наставната програма што тие ја изучуваат по предметот општество.
Општина Охрид се подготвува за реконструкција на три општински основни училишта. Во втората половина од оваа година ќе се подобрува енергетската ефикасност во основните школи „Христо Узунов“, „Братство Единство“ во населба Лескајца и „Св. Климент Охридски“. Средствата од Светска банка се одобрени за реконструкција на фасади, дренажа и замена на дотраена дограма. За дополнителни зафати кои треба да влезат во проектната апликација се одржа јавна дебата на која беа дадени предлози што да се подобри во училиштата од страна на претставници на школите.
Христо Узунов
Реконструкција на ходницит…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Д.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
При претрес извршен во простории во Охрид, што привремено ги користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана – информираат од СВР Охрид.
Исплатата на пензиите ќе започне во вторник, 26-ти јануари, одлучи Владата на 4-тата седница. Исплатата вообичаено ќе се врши во четири групи според висината на пензијата.
Владата на 4-тата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.01.2022 година.
Деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2022 година, а гот…
Декември го започнуваме со пет нови наслови кои од денеска можат да се најдат на пултот за зајмување во охридската библиотека, информираат од НУ „Библиотека“ Охрид.
„Во војната и љубовта“ од македонската актуелна авторка Верица Митева во издание на Паблишер. Од издавачот Сакам книги се следниве четири наслови: „Можеби овој Божик“ и „Летото смени се“ од Сара Морган.
Наш предлог се и втората и третата книга од серијалот Роберт Хантер од авторот Крис Картер: „Џелатот“ и „Демнач во ноќта“.
Потсетуваме дека годишната членарина во библиотеката е 200 денари за деца и 300 денари за возрасни….
На 23.08.2021 година околу 23 часот во СВР Охрид приведен е З.Ч.(58) од Охрид, кој претходно на улицата „Ирeна Мирка Гинова” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.