ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ПО ПОВОД НЕНАДЕЈНАТА СМРТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВАН СТОЈАНОСКИ
По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, Советот на Општина Охрид, денес одржа вонредна седница. Седницата започна со едноминутно молчење, а советниците донесоа одлука, утрешниот ден да биде ден на жалост на подрачјето на Општина Охрид.
Сите културни, спортски, забавни и други настани и манифестации закажани за 17.12 2018 година (понеделник) се отакажуваат.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство, најблиските и пријателите.Во телеграмата, премиерот Заев пишува дека смртта на проф. д-р Јован Стојаноски, е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење.„Јован беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина.З…
Полициските службеници од СВР Охрид во езерска акција и со нов „плен“.На 14/15.12.2018 година при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, од страна на полициски службеници во 00,10 часот спроти плажата “Лагадин” и спроти плажата Елешец на околу 300 метри од брегот на езерото, пронајдени се рибарски мрежи. Се работи на расчистување на случајот.
Неколку месечната акција и вистинска мобилизација на охриѓани, но и на целата држава и сите добри луѓе ширум светот, на 12-ти овој месец беше крунисана со зафатот кој беше извршен врз 15-годишната Сара Настеска од Охрид.- Пред два дена, на 12-ти декември се изведе трансплантацијата која се одвиваше во две фази. Прво од братот на Сара, Виктор беше земен потребниот примерок односно коскена срцевина, врз кој потоа беа извршени медицинските процедури и прилагодувања на истиот, а потоа истиот беше трансплатиран врз Сара. Во моментов таа е добра и позитивна. Сега, следува период на адаптација од …
Јован Стојаноски е роден на 7-ми август 1970 година во Охрид. Високото образование го стекнува на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методи“ во Скопје. Од 1999 година е Магистер по Маркетинг, а во 2003 година Доктор по Меѓународен туризам и Маркетинг менаџмент.Стојаноски беше долгогодишен професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид и член на СДСМ. Исто така беше носител на советничката листа на последните локални избори во 2013-та година и координатор на советничата група на здружената опозиција во периодот 2013-2017, а во 2017 година беше избран за Градоначалник…
Празници се ближат. Децата во Игротека Вања се радуваа и забавуваа китејќи ја големата новогодишна елка со рачно изработени лампиони. Пријателите на Игротека Вања од Детски маски Охрид дадоа свој придонес на овој настан. Лампионите, честитките и новогодишните украси кои ја разубавија елката беа изработени од вредните детски раце на работилниците кои игротеката ги организираше изминатиов период.
Следува наградната игра во која учествува секоја фискална сметка. Главното извлекување ќе биде на крај на месец Декември. Истовремено ќе се организира продажна изложба на најкреативните изработки…
Културната институција на Република Германија во Македонија, „Гете Институтот“, денес на ОУ „Григор Прличев“ од Охрид му подари вредна донација во наставни средства за поттикнување на креативната и иновативна настава по Германски јазик. Инаку ОУ „Григор Прличев“ е едно од трите партнер училишта на „Гете инсититутот“ во земјава, чијашто мрежа на училишта брои околу 1800 образовни субјекти.
Една од основните мисии на институтот е подобрување на квалитетот на наставата по Германски јазик во образовните установи во земјава Меѓусебната соработка се состои во нудење и одржување на онлајн обуки к…
Со брзи антигенски тестови ќе бидат тестирани основците и средношколците. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека наскоро ќе биде објавена методологијата за скрининг на учениците во основните и средните училишта.
Следните денови ќе се презентира методологијата за скрининг на учениците во основните и средните училишта. Факт е дека тука има одредена, многу мала, трансмисија, па ќе спроведеме скрининг бидејќи многу често децата се асимптоматски носители. Тестирањето ќе се прави во најголем број училишта. Методологијата ќе ја кажеме во следните денови, бидејќи бара согласност од ро…