Јан 10, 2019

ВМРО-ДПМНЕ: Катастрофална е состојбата со зимското одржување и отстранувањето на снегот во Охрид

Катастрофална е состојбата со зимското одржување во Охрид и отстранувањето на снегот. Градоначалничката функција не е пи-ар и маркетиншка агенција, па в.д градоначалникот Констатнтин Георгиески добро ќе беше чајот да го испие и со граѓаните кои беа оставени сами на себе да се справуваат со снегот, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. Наместо свесно извршување од сметката на општината со цел враќање стари долгови, требаше се набави нова и современа механизација, а не директорите на јавните претпријатија да набавуваат стари некорисни возила со сомнителни технички специфик…

Јан 10, 2019

Свикана 23-та седница на Советот на општина Охрид

Претседателот на советот на Општина Охрид, ја свика, 23-та седница на Советот на Општина Охрид. Седницата е закажана за на 16-ти јануари со почеток во 11:00 часот, во зградата на општина Охрид. Исто така на дневен ред ќе се најдат и предлог одлуките за преземање на некои од селските водоводи од страна на „Проаква“. Нa дневниот ред на ова издание на седницата на советот, се најдоа, Предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“ Охрид, потоа советниците треба да дискутираат за годишните планови за вра…

Јан 10, 2019

Продолжуваат активностите за расчистување на снегот во Охрид

Снегот кој континуирано паѓа во изминатото деноноќие непрекинато создава нова снежна покривка, па нашите служби се максимално ангажирани и во повеќе наврати се расчистуваат сообраќајниците и тротоарите како би се обезбедиле услови за проодност и движење на возилата и пешаците. Се работеше цела ноќ, а од рано утринава повторно се расчистуваат чаршијата, тротоарите и се обезбедува пристап до објектите од витално значење и нормално функционирање на градот. И покрај тешките временски услови во изминатото деноноќие, вработените во координација со менаџерскиот тим ја докажаа својата мотивираност…

Јан 9, 2019

Црвен Крст и тимовите за интервенции на непристапни терени на готовс

Следи период на студено време со а од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат пообилни врнежи од снег. Со снегот доаѓаат и проблемите.  Црвен Крст е во постојана комуникација со ЦУК и очекува зголемен број повици , посебно за помош во рурални средини на стари лица.  Тимовите за интервенции на непристапни терени се на гостовс. Имаме капацитет од луѓе а годинава и од теренски возила да реагираме  на повик од граѓаните и институциите секаде каде што има потреба да се помогне, вели Сашо Точков , претседател на Црвен Крст Охрид. „Но нашите редовни тимови на волонтери од социјално – хума…

Мар 3, 2022

При претрес врз охриѓанец пронајдени украдени производи

На 02.03.2022 година, при извршен преглед врз Г.Л.(38) од Охрид, полициски службеници пронајдоа повеќе производи што тој претходно ги одзел од продажен објект лоциран на булеварот „Македонски просветители” во Охрид. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Јан 9, 2019

Екипите на ЈП „Охридски комуналец“се справуваат со снежните врнежи во Охрид и околината

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ од раните утрински часови работат на расчистување на снегот кој го зафати Охрид и околината. Постојано се чисти снегот од улиците и тротоарите според постоечката категоризација на приоритет, информира Љупчо Грданоски директор на ЈП. Утрово, снежните наноси биле мали па се посипувала ризла, а како интензитетот на снежните врнежи растел се употребила и тешка механизација. Интервенирале на чистење на патните правци кон селата и населбите во високите предели кон селата  Велестoво, Елшани, Коњско и населбите Варош и Бараки, а го чистеле и снегот на патот кон Кард…

Сеп 25, 2021

Денеска во Охрид сончево и топло со температура до 26 степени

Времето денеска во Охрид сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени. До понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури. Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање – информираат од УХМР. 

Јан 9, 2019

Запрена е исплатата за штетите од земјотресите во Охрид 2017та

Формирана е посебна комисија која ја чешла документацијата за исплатите а покрената е и дисциплинска постапка против службеник во општината. Оваа информација од локаната следи откако од ВМРО ДПМНЕ обвинија за спорни плаќања на суми поголеми од настанатата штета. Исплатата на штетите од земјотресите што се случија летото во 2017 година во Охрид е запрена откако на 6ти декември лани започнал увид во документацијата за евентуални спорни плаќања. Ова објаснување доаѓа од локалната самоуправа по обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ дека поседуваат информации, според кои Oпштина Охрид преку исплаќањето на…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top