Денеска во водите на Охридското езеро продолжува регатата International Ohrid, која што е во организација на Здружението за спортско едрење Aquatica Yachting.
Регатното поле е во Охридскиот залив, а натпреварувачите ќе настапат во класите Optimist, Laser 4.7, 470. Учество ќе земат натпреварувачи од J.K. „Палич“ од Палич, Србија, J.K. „Панонија 1975“ од Бела Црква, Србија, Ц.С.Ј.Ц – Централ Софија Јахт Клуб од Софија, Бугарија, како и Е.К. „Снегар“ од Струга и домаќините од Aquatica Yachting Охрид.
Регатата се одржува под покровителство на Едриличарска Федерација на Република Македонија …
Пропаѓа нумизматичката збирка која содржи 1700 монети од античкиот период па се до 17 век, повторно предупредува Даница Бачева ,археолог нумизматичар и автор на поставката. Скоро една деценија колекцијата е оставена без заштита. Археолозите предупредуваат дека колекцијата ќе пропадне ако еднаш во годината монетите не се конзервираат од страна на стручни лица. Тие немаат сознание дали во изминатите години е направена таква заштита. Како што предупредува археологот Даница Бачева, колекцијата од непроценливо движно културно богатство незаконски со зградата на банката е отстапена на Сосиете Жен…
Подготовките за големиот христијански празник Богојавление-Водици се при крај. Спасувачките екипи од Црвен крст Охрид и годинава ќе бидат на ниво на задачата, а ќе бидат ангажирани и нуркачите од клубот Амфора, како и екипи од итната медицинска помош. Тие ќе се грижат за безбедноста на капачите, но и на сите посетители кои ќе дојдат да го проследат овој настан. Најчест проблем предизвикува разликата во температурата на водата и воздухот, но оваа година според предвидувањата на метеоролозите параметрите на температурата на водата и воздухот на денот на Богојавление ќе бидат речиси исти. Дене…
Низ Вевчанските улички продефилираа василичарите со карневалски маски. Традицијата продолжи со дефилето на маски преку кои се прикажаа актуелните политички случувања во земјава како што се промената на името, случувањата во собранието, предлог номинацијата за Нобеловата награда на Заев, бегството на Груевски. Имаше и групни маски кои се однесуваа на 8-те пратеници од опозицијата кои ги поддржаа уставните измени. Симболично подигнаа и ѕид со Северна Македонија. Вевчанските василичари со децении се инспирираат од актуелните случувања во животот.
Со изборот на василичарските маски традиционал…
Здравствен дом набави нова медицинска опрема. Со сопствени средства за итната стоматолошка служба купен е нов стоматолошки стол, а за потребите на другите служби кои се дел од здравствен дом се набавени дефибрилатори, спирометар, аспиратори, Екг апарати. Покрај оваа опрема во тек е набавка и на санитарни возила. Возниот парк на Итната медицинска помош ќе се поднови со уште две санитетски возила со целосна опрема за транспорт на итни случаи.Едното ќе се набави со сопствени средства , а другот со пари од Ипард програмата. За потребите на патронажната служба ќе се набави и ново патничко возило…
Членките на ЖЦ Бисера и оваа година за време на Божиќните празници ги посетија старите лица во Геријатриското одделение приградската болница Охрид.
Пријатно поминатото време со нив во дружење го надополнија и со вкусни домашни специјалитети.Исто така активистките на „Бисера“ со новогодишни пакетчиња ги израдуваа болните дечиња при детското одделение при градска болница Охрид.
Заради најавените минусни температури во наредните денови апелираме и ги потсетуваме граѓаните на општина Охрид, куќните совети и сопствениците на деловните објекти за законската обврска која ја имаат за чистење на снегот од пристапните површини до нивните индивидуални, станбени и деловни објекти.
Посебно се потенцира обврската за дислоцирање на моторните возила од коловозните површини со цел да се овозможи успешно дејствување на ангажираната механизација.
Само со координирана акција и активно учество на сите чинители, снегот навремно ќе се расчисти и ќе се овозможи нормално движење на во…
Петта година по ред, општина Охрид избира најубаво украсен двор или балкон по претходно распишан конкурс. Секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски, денес, ги врачи признанијата и наградите на трите најубаво украсени дворови.
Првото место му припадна на Марјан Шапкароски, второто место на Ванчо Кркулески, додека третото на Јована Бандилова. Наградниот фонд за прво место изнесуваше 10.000 денари, за второ место 6.000 денари, а за трето 4.000 денари.