Со решение на министерот за култура за нов вршител на должност раководител на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид назначен е Зоран Пејкоски, вработен во националната установа.
Пејкоски доаѓа на местото на Стрезо Стаматовски, кој досега ја извршуваше функцијата в.д. директор. Инбаку во изминатиов период веќе беа објавени три конкурси за избор на директор на оваа национална установа, меѓутоа ниту еден од нив не беше спроведен.
Дваесетина волонтери од неколку европски земји и Македонија чистеа на видиковец на патот кон Велестово – заедничка акција на Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje и Чист Охрид.23 волонтери од неколку европски земји, но и од Македонија денеска собраа 17 полни вреќи со отпад од видиковец на патот кон Велестово. Пластични шишиња, влажни марамици, презервативи се некои од работите кои доминираа на овој простор кој моментално е исчистен благодарение на странските и волонтерите од земјава.
„Но, во меѓувреме, истакнуваме дека во околината на видиковецот има кабаст, но и отпад зат…
Христијан Петрески го фати крстот за годинешното чествување на празникот Водици во селото Лакочереј.
Голем број на скокачи и годинава учествуваа во манифестацијата која се одржа во ова село. Жителите на селото, според традицијата, го даруваа среќниот фаќач на крстот. Тие наполнаа од осветената вода на реката, каде се изведе чинот на фрлање на Светиот крст.
Јорде Цаноски пак по трет пат беше најсреќниот и излезе со крстот во раката од водите на Охридското Езеро во Пештани.
Со тоа продолжува древната традиција на фрлање на крстот во ова прекрасно село на брегот на езерото. Јорде и годинава…
Во предвечерието на големиот христијански празник, Богојавление – Водици, во куќата на „Уранија“ в.д. градоначалникот Константин Георгиески, ја врачи светската награда за хуманизам на овогодинешниот добитник, Романо Проди, екс премиер на Италија и претседател на Европската комисија.
Навистина е големо задоволството да се биде дел од оваа престижна манифестација, која Светот го носи во Охрид, токму во предвечерието на големиот Христијански празник, Богојавление – Водици. Особено сум среќен што Охрид, онака и како што заслужува , е центар на Академијата за хуманизам. Токму онака како што дол…
Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, оствари средба со директорот на ЦУК, Агрон Буџаку. Тема на разговор беше проектот што ЦУК го имплементира, а тоа е единствен телефонски број за итни случаи. Тоа значи дека МВР, брза помош и територијалната против пожарна единица ќе се повикуваат од еден број – 112.
За таа цел ЦУК ќе формира осум регионални кол центри, од кои еден од нив ќе биде лоциран во Охрид, а главниот ќе биде во Скопје. Улогата на општина Охрид во имплементацијата на проектот е обезбедување на просторни услови од каде ќе оперира регионалниот центар.
Предвиде…
Македонските традициони специјалитети, карактеристични за овој период од годината, ќе можете да ги вкусите во ресторан хотел “Вилиџ” Охрид.
✔️Рибна чорба✔️Пивтија✔️Греана ракија
По цена од само 100 денари.
Во рамки на оваа единствена понуда за само 1990 денари, ноќевање и појадок за двајца.
Почувствувајте ја вистинската празнична магија, зошто Богојавление-Водици најубаво се доживуваат и слават во Охрид!Повелете Ве очекуваме!
☎️ 046 251-621
Менаџментот на јавното претпријатие „Билјанини Извори“ денес на вработените во градинката „Билјана“ им предаде донација во вредност од 60.000 денари. Вршителот на должност градоначалник на Општина Охрид, Константин Георгиески истакна дека Општина Охрид, оваа година издвоила најмногу средства од буџетот, се со цел да се преземат инфраструктурни зафати на голем дел од образовните установи во градов, токму за подобрување на условите за работа во образованието. Имено, само 23 милиони денари се издвоени за изградба на нова градинка.
„Ваквите настани се дедн позитивен ветер во грб за образование…
Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност.
На 18.01.2019 г. (петок) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасно…