Јан 22, 2019

Општина Охрид распиша јавен повик за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици

Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјална заштита на граѓаните од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за 2019 година. Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети: Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на …

Јан 22, 2019

Заболувањата на циркулаторниот систем и понатака се најфатални за охриѓани

Во земјава највисока стапка на морталитет е во Охрид. Циркулаторните болести се најчести заболувања кои се среќаваат во патологијата кај населението, а кои истовремено се и најфатални за охриѓани, информира Д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје. „ Во нашиот регион веќе подолго време водечка причина за смрт се циркулаторните заболувања. Стапката на морталитет во нашиот регион е 57 умирања на 10.000 жители и се резулатат на циркулаторните болести“, информира Чингоска. Статистиката во земјава покажува дека највисока е стапката на морталитет во охридско и Деб…

Јан 22, 2019

Свети Сава неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 27 јануари 2019 година (недела), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија им го честита празникот Свети Сава.

Јан 22, 2019

Утре почнува второто полугодие, учениците се враќаат во училишните клупи

По продолжувањето на зимскиот распуст за учениците од два дена, од утре, 23 јануари, тие повторно седнуваат во училишните клупи. Од Владата изјавија дека постојано се следи состојбата со континуираното загадување на воздухот, врз основа на што, во координација со Министерството за образование и наука, се одлучува околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст. Засега нема нови информации за евентуално повторно продолжување на зимскиот распуст. Одлуката за продолжување на зимскиот распуст се однесуваше на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Републи…

Јан 22, 2019

Делови од Охрид денес извесно време без вода

Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Кленоец“ до 13:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во населбата „Црногорци“, Горно Лакочереј и на дел од село Лескоец, информираат од охридски Водовод. Нивни екипи се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот.

Сеп 27, 2021

Православните христијани денес го слават празникот Крстовден

Празникот Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Овој настан и се припишува на царицата Елена, мајката на цар Константин, основоположникот на Цариград (Константинопол).Првите три века по Христа не се знаело каде се наоѓа крстот Христов. Се претпоставувало дека е закопан во близината на неговиот гроб бидејќи според тогашните еврејски обичаи крстовите биле закопувани во близината на гробовите. Царицата Елена наредила да се копа околу гробот Христов но таму нашле три крста бидејќи во близината на Христовиот гроб биле и гробовите …

Јан 21, 2019

Новиот Закон за зелените пазари го доведува во прашање опстојувањето на охридскиот пазар

Новиот Закон за зелените пазари, кој стапи на сила од 1 јануари оваа година, го доведува во прашање опстојувањето на охридскиот пазар и на јавното претпријатие кое се занимава со оваа дејност. Со неговото донесување се бара пазарџиите да обезбедат лиценца за работа која чини 3.600 денари, а за втора тезга треба да се платат дополнителни 2.400 денари, што претставува голем проблем за буџетот на пазарџиите. Законот предвидува пензионерите, вработените или пак луѓе кои остваруваат некакви хонорари да не можат да работат. Од ЈП „Градски пазар“ неодамна направиле сондажа колкав е процентот на ли…

Јан 21, 2019

Охриѓани и стружани не се снаоѓаат најдобро на лизгавиот снег

Докторите од службата за итна медицинска помош утрово кај двајца пациенти констатирале посеризони скршеници на екстремитетите. Тие се упатени на понатамошно лекување, информира д-р Ана Неделкоска , ракводителот на ИМП. Од почетокот на месецов до денес во нивната служба се евидентирани над дваесет пациенти со посериозни повреди на коските на разни делови од телото. Од охридската итна медицинска помош апелираат повозрасните граѓани да не излегуваат без потреба на снегот и мразот. Јануарските мразеви и снегот биле кобни и за стружани. Од градската болница во Струга најтешките случаи ги препра…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top