Седумчлената општинска комисија утврди дека Административниот службеник, вработен во Секторот на ТЛЕР во одделот за Развој на земјоделството, во општина Охрид, а претседател на Комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, несовесно ја извршувал функцијата и придонел за сторени неправилности по однос на исплатата на средствата за надомест на штетите од земјотресите летото 2017та.
„Постои основано сомнение и индиции за сторени неправилности по однос на исплатата на средствата за надомест на штетите од земјотресот во 2017-та година и презеде соодветн…
„Резултатите од нашата работа се видливи, постигнавме многу, но убеден сум дека можеме да постигнеме уште повеќе. Сега е време да продолжиме со остварување на нови цели! – кажа на првата прес конференција Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ. Георгиески кој ја бара довербата на охриѓани за втор мандат, најави нови и квалитетни решенија за секој граѓанин да добие подобри услови за живот, засновани на приоритетните потреби на заедницата.
Да се бара мандат од своите, од охриѓани е голема одговорност затоа што Охр…
Поради големиот интерес Црвен крст Охрид започнува нов, пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language). Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 11 февруари 2019 г, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, или на тел. 046 262-706 и 070 315309 или на е-маил: ohrid@redcross.org.mk најдоцна до 10.02.2019 г.
TOEFL (Test of English as a Foreig…
После неколку месечните преговори и аплицирањето од страна на ЈУНП Галичица на повикот за финансиска поддршка објавен од Фондот за природа Преспа – Охрид (ПОНТ), во четврток на 24.01.2019, ќе биде потпишан Договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП Галичица, во висина од 150.000,00 евра за 2019 година.
Ова претставува иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ неодамна беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за заштитените подрачја….
Почна мрестот на охридската пастрмка, но не и ловот за вештачкиот мрест на ендемичниот вид риба кој го спроведува Хидробилошкиот завод. Традиционално ловот на ендемичниот вид пастрмка почнува на 21 јануари и трае до крајот на месец март кога се собираат одобрените количини икра за вештачки мрест. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека владата ја донела Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2019 година на 15 јануари.Во програмата е предвидена мерка за порибување на риболовните подрачја во Република Македонијасо подмладок од одде…
Делегација на општина Охрид, беше дел од работниот состанок на управниот одбор на Светската унија на општини, во Истанбул.
На состанокот, претседателот на Унијата, изрази сочувство за прераната смрт на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, кој што беше член на управниот одбор.
Исто така беше потврдена иницијативата за донација на противпожарно возило од страна на збратимената општина Сафранболу. Предвидено е донацијата да се реализира после изборот на новиот управен одбор, по што Советот на општината Сафранболу треба да донесе одлуката за донација.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
На 18.01.2019 година во периодот од 16.45 до 17.35 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на лицето каде била пронајдена и одземена марихуана. Притоа, охриѓанецот бил лишен од слобода.
НУ Библиотека „Григор Прличев“и во оваа 2019 година продолжува со лани воспоставената практика со изложба на нивни дела да бидат одбележани родендените на роднокрајните автори.
Овој јануари ги одбележуваме родендените на следните автори: Видое Видически, Иван Точко, Јован Котевски и Трајан Петровски.
Во читалната на нашата библиотека од денеска до 29 јануари ќе бидат изложени примероци од целокупното творештво од посочените автори.
Во јануари е роден и патронот на библиотеката поетот и преродбеник Григор Прличев, но чествувањето во негова спомен и слава традиционално се на 5 и 6 февруари…