Библиотеката „Григор Прличев“ наредниов месец треба веќе конечно да се прошири во новите простории. Направени се сите подготовки за преселба, останува уште да се постават уредите за ладење и греење кои се неопходни за одржување на книжниот фонд. Од библиотеката велат дека министерството за Култура треба да им обезбеди средства за тоа, но постои уште еден проблем кој треба да се надмине.
Мора да признаеме дека имаме една физичка бариера бидејќи двете згради на библиотеката во моментов не се поврзани и имаат два различни влезови. Најверојатно ќе се направи еден заеднички влез преку галеријат…
Деновиве, силен мирис на хемикалија во водата за пиење ги вознемирил жителите од селото Долно Лакочереј. Жителите стравуваат дали е се во ред со водата за пиење и каков е квалитетот на водата. Смирувачки тонови стигнуваат од МЈП Проаква. Водата се хлорира но се е во дозволените граници и не е штетно по здравјето на луѓето.
„Овие денови пристапивме кон санирање на системот. Работиме на терен, се чистат каптажите, резервоарите, почнавме да хлорираме. Граѓаните реагираат точно е заради прехлорирањето кое го направивме за да го донесеме во нормала целиот цевковод на водоснабдителниот систем во…
Личните документи со новото име Република Северна Македонија, односно пасоши, лични карти, возачки дозволи, граѓаните ќе може да ги добиваат откако, Владата ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон.
Протоколот од Атина се очекува да биде испратен денеска.
На прашањето, кога граѓаните ќе почне да добиваат документи со новото име, портпаролот на Владата, Миле Бошњакоски за „Мета“ одговори дека откако нотата ќе биде испратена и ќе биде објавено во Службен весник, потоа МВР треба да распише јавна набавка за новите документи.
„МВР тр…
Февруари е месец кога вирусот на грип зема силен замав. За да го надмудрите и избегнете овој непријател на Вашето здравје, дознајте ги фактите за грипот и следетете ги препораките и советите, порачуваат од Центарот за јавно здравје Охрид.
– Грипот е сериозна болест која започнува наеднаш, со висока температура, главоболка, болки во зглобовите и мускулите, омалаксалост, а потоа со симптоми на дишните органи, кашлање, кивање, болка во грлото, „течење“ од носот. Грипот може да ги искомпликува постоечките болести кај хроничните болни, а можат да се појават компликации и кај други чувствителни …
Охрид доби 3 мерни станици за следење на загадувањето на воздухот лоцирани на неколку локации низ градот. ВАМ уредите уште ги објавуваат информациите на апликацијата „Мој воздух“, а кои во Охрид се поставени на следниве локации: „Охрид – Први мај“, „Охрид – Богомилска“ и „Охрид – Мирче Ацев“.
Станува збор за таканаречени ВАМ инструментикои ги филтрираат и пропуштаат сите PM честички помали од 10 микрометри. Потоа филтрираните честички се таложат на хартија во рок од 1 час, за да се пушти бета зрачење врз наталожените PM честички и се мери ослабувањето. На тој начин се пресметува масата на …
Директор на новото ЈП „Колекторски систем“ во државна сопственост е Владимир Алексијоски. Вака одлучил Управниот одбор по што ќе следува законска постапка за раздвојување на МЈП Проаква на три работни единици. Алексијоски напоменува дека од подолгите преговори со Владата е точно предвидено што ќе се прави со колекторскиот систем за да се санира и да се спаси Охридското езеро од понатамошно еколошко уништување. Во моментов пумпните станици се во многу лоша состојба, а меѓу општинското пертпријатие Проаква нема финансиски капацитет да го одржува системот. Сега меѓу приоритетите на раководство…
ВМРО ДПМНЕ традиционално изборната кампања ја започна од Охрид. Коалицијата за обнова на Македoнија синоќа на Античкиот театар ги претстави 62 кандидати за градоначалници на седмите по ред локални избори во земјава. Пред присутните зборуваше претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, кој рече дека тие нудат иднина на сигурност, проекти, просперитет, напредок, раст и развој.
Ние имаме знаење и програма со многу проекти, ние гарантираме дека ќе ја исполниме и вие знаете дека може да верувате на нашиот даден збор. Поучени сме од грешките на минатото и со поправени и искоренети слабости, …
Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, беше на увид на неколку локации каде во тек се градежни активности.
Во моментов градежни активности за изградба на потпорен ѕид се одвиваат на локалниот пат помеѓу селата Вапила – Расино. Ѕидот значително ќе ја подобри безбедноста на патот, ќе го заштити од понатамошни оштетувања и целосно ќе го спречи појавувањето на свлечиште на тој дел. Вкупната должина на потпорниот ѕид изнесува 16 метри, а ќе биде во ширина од 64 метри. Вредноста на овој зафат изнесува 1.034.034,00 денари.
Понатака, в.д. градоначалникот со стручните с…