Мар 13, 2019

ИНИЦИРАНА СОРАБОТКА МЕЃУ ОХРИД И КОПЕР

Вршителот на дожност градоначалник Константин Георгиески и секретарот Игор Бежоски денеска имаа средба со проф. д-р Драган Марушиќ, ректор на Приморскиот универзитет во Копер од Словенија и Силвана Шопоска од неговиот ректорски кабинет. На средбата, професорот Марушиќ рече дека Приморскиот универзитет, во кој има девет факултети, иницирал покрај академската да се воспостави и поблиска соработка меѓу Охрид и Копер како развиени туристички центри. Во рамките на посетата, делегацијата имаше работна средба и во Факултетот за туризам и угостителство.

Сеп 29, 2021

Пецаков: Пред охриѓани се обврзуваме на реконструкција на плоштадите ,,Крушевска Република“ и „Св. Климент Охридски“

Охрид, старото градско јадро и околните населби мора да се развиваат, но урбанизацијата мора да ги следи позитивните законски прописи, кажа на денешната прес конференција, Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник од Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ. Урбанизацијата мора да се спроведува на начин што нема да ги доведе во прашање заштитата на архитектонската препознатливост и посебност на Охрид признаени од УНЕСКО, потенцира Пецаков. Сите активности во иднина мора да се спроведуваат согласно законската регулатива, за да не се случува неконтролирана урбанизација …

Мар 12, 2019

РК Охрид утре игра против Еурофарм Работник

Утре екипата на РК Охрид  во СРЦ Билјанини извори ги пречекува Еурофарм Работник во 17тото коло од машката ракометна Супер лига. Тоа за охридските ракометари е последен натпревар на домашен терен во првиот дел од првенството.  Против силната екипа од Битола која има квалитетни интернационалци, РК Охрид ќе настапи без Георгиески и Тасески.  РК Охрид го раскина договорот со Дарко Георгиески и натпреварите во Супер лигата ќе ги продолжи без него, додека пак пивотменот Иван Тасески е повреден. „Тасески има расекотина на раката која не може да се санира до утрешниот натпревар и нема да може да н…

Мар 12, 2019

Багери копаат и рушат тераса на угостителски објект без одобрение

На малиот плоштад Чинар веднаш до илјадалетното дрво споменик на природата. Багери копаат и рушат тераса на угостителски објект без одобрение. Парцелата каде што се одвиваат градежните работи е во сопственост на државата. Од Министерството за транспорт и врски за случајот информираат дека тие не дале одобрение за градежни активности ниту на правно ниту на физичко лице. Земјиштето не е отуѓено и никој не може да поднесе барање за градба“. Во овој случај според Законот за градење треба да постапи Државниот градежен инспекторат. Локацијата на која се изведуваат градежните зафати се наоѓа во г…

Мар 12, 2019

Богата театарска година во Охрид

Петок ден за театарска претстава. Директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“, Горан Сомоновски најавува богата театарска сезона. Охридските актери секоја недела ќе изведуваат по една престава така што граѓаните ќе можат да уживаат во нивната игра. Овој петок е претставата Стаклена менажерија, а наредниот „Каде е пиштолот“. Деновиве ќе се прави репертоарот за месец април. Инаку во текот на оваа година предвидени се и две нови премиери. Едната пролетва, а другата наесен. Иако ни се доста намалени средствата во однос на нашите побарувања мислам дека ќе успееме да ги реализираме новите…

Мар 12, 2019

Јована Милевска е новиот државен јуниорски првак во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма

Јована Милевска на Државното првенство што викендов се одржа во касарната во Битола, беше најуспешна со резултат од 609.1 кругови, оставајќи ја зад себе второпласираната за цели 16 кругови. Добрата вест е што со задоцнување Јована е пријавена и сепак ќе настапи на Европското првенство во Осијек, што треба да се одржи од 16-25.03.2019 год. Во категорија на јунорки Марија Ваѓеловска се пласира на петтата позиција со резултат од 557,7 кругови. На шестата позиција во иста категорија се пласира Ива Маленко со резултат од 548,2 круга. Кај сениорките изостана пласман на првите три позиции. Јана …

Мар 12, 2019

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека се случува вистинска еколошка катастрофа со крајбрежјето на Охридското Езеро

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, денес на прес конференција гјавно го запрашаа охридскиот в.д градоначалник и кандидатот на СДСМ Константин Георгиески, дали кога не успеа да создаде ред со дивоградбите, сега со палење на трската се подготвуваат терените за узурпација на крајбрежјето на езерото преку нови градби? „Профитот на СДСМ оди до крајности, се уништува животната средина, се пали трската на крајбрежниот појас, се подготвува теренот за нови дивоградби, а нема никаква контрола од надлежните институции.Остана ли нешто неуништено? Зарем ова е ничија земја? Важат ли овде зак…

Мар 12, 2019

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го објави канидадот за градоначалник за претстојните вонредни локлани избори

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го објави канидадот за градоначалник за претстојните вонредни локлани избори кои треба да се одржат на 21 април. Сега се знае и третиот кандидат за градоначалничката трка во Охрид, покрај Д-р Константин Георгиески од редовите на СДСМ и Михаил Трендафилов Нанче од Граѓанската Демократска унија. Доцна синоќа на состанок во скопје Извршниот Комитет на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, го објави името на канидадот за градоначалник за претстојните вонредни локлани избори. Станува збор за неврохирургот Д-р Митре Милошески инаку вработен во специјалната болница за ортопедија и траумато…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top