Мар 14, 2019

Масовни протести најавуваат од Здружението на граѓани Совест

Масовни протести доколку не се стопираат нелегалните градежни активности на Алипашината џамија, најавуваат од Здружението „Совест“. Надлежните до понеделник имаат рок да извршат увид и да побараат да се почитува законот. Деновиве повторно во фокусот на јавноста е нелегалната изградбата на 32 метарското минаре на Али пашината џамија во строгиот центар на Охрид. После подолг застој поради забраната за градба,  покриено со параван, но  пред очите на јавноста без одобрение  за градба  полека се издигнува минарето.  „Веќе три години оваа мачна ситуација за охриѓани , ние како граѓани од „Совест“…

Мар 14, 2019

Советниците денес ги усвоија извештаите за 2018 од работењето на општината и јавните претпријатија

На Дневен ред на општинскиот Совет денеска беа реализираните развојни програми на општината, финансиските завршни сметки на претријатијата и општински училишта за 2018. Советниците ги усвоија извештаите за реализацијата на развојните програми на Локалната самоуправа како и годишниот извештај за завршната сметка на буџетот. Според опозицијата во советот, потфрлување кај реализираните програми планирани со буџетот за 2018 има во делот на комуналните услуги, градежното земјиште, секторот за комунални дејности, улици и патишта. „Години наназад програмите се желба ,а не реални можности на општи…

Мар 14, 2019

Работна сабота за основните и средните училишта

16 и 30 март ќе бидат работни денови за основните и средните училишта во Македонија. Ќе се одработуваат часови според распоред за понеделник, односно вторник. Ќе се надоместува пропуштената настава од 21 и 22 јануари, кога поради загадениот воздух учениците имаа продолжен распуст. Дополнувањето на Календарот за организација и работа на основните и средните училишта е објавен вчера во Службен весник, а информацијата ја потврдија и од Министерството за образование и наука.

Мар 14, 2019

Од понеделник, нова дирекна авионска линија Охрид-Малме

На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во понеделник 18 март, ќе биде промовирана директната авиолинија Охрид – Малме, како и новиот директен лет Охрид – Милано со кои ќе оперира авиокомпанијата „Виз ер“. Во понеделники ќе се очекува и пристигнувањето на авионот од Малме во 11:25 часот.

Окт 1, 2021

Угостителски објекти од регионов дел од првиот водич на „Slow food“ гостилници

Пет уготителски објекти од регионов се дел од првиот водич „ Slow food“ гостилници. Тие ја добија оваа ознака меѓу 17-те македонски гостилници избрани од Slow food Македонија. Тоа се тераса „Утарна“ во Горно Коњско, етносело „Андревци“ во Годивје, етнопансионот „Кутмичевица“ во Вевчани, вила „Радожда“ и вила „Мал Св. Климент“ Охрид. Станува збор за угостителски објекти кои нудат традиционална храна, подготвена на традиционален начин, а при тоа користат локални производи, информира проф. д-р Ангела Крстаноска Пасквале.  Целта на водичот беше да се едуцираат нашите сопственици на угостите…

Мар 14, 2019

СТАРТУВА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД УЧИЛИШНИТЕ СПОРТСКИ ЛИГИ

Пролетниот дел на училишните спортски лиги за основни и средни училишта започнува во петок. Спортските лиги ќе започнат со натпреварите во футсал, кои ќе се играат во балон салата „Климент Колески“ од 09 до 12 часот. Организатор на училишните спортски лиги е Сојуз на училишен спорт Охрид, а се реализираат под покровителство на општина Охрид.

Мар 14, 2019

РЕКОРДНИ 135 ИНТЕРВЕНЦИИ НА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА ОД ОХРИД

Поради високиот број на пожари во првото тримесечие од тековната година, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) имала рекордни 135 интервенции во успешно гасење на пожарите, на територијата на општините Охрид и Дебрца. Од нив, седумдесет интервенции биле на опожарени објекти, 71 на гасење на пожари на отворен простор и 4 интервенции на опожарени сообраќајни средства. Високиот број на интервенции за овој период од годината е највисок за последните 14 години и во најголем број случаи е резултат на небрежност и непочитување на законските одредби. Доколку лицата кои користат уреди, средс…

Мар 13, 2019

Здравевски: Охрид оди во погрешна насока, младинските политики се катастрофални

Охрид оди во погрешна насока, младинските политики се катастрофални и ја влошуваат состојбата на младите. СДСМ и кандидатот за градоначалник Константин Георгиески наместо знаењето во Охрид да го соберат, тие го растураат, обвини денеска на прес конференција Александар Здравевски, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.„Дали тоа е животот со кој СДСМ и Георгиески, Охрид навистина ќе го направат пристоен европски град за младите?Ве повикуваме заедно да ги посетиме ветените проекти за младите, најпрво Детскиот културен центар, а потоа и Младинскиот културен центар бидејќи ние н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top