Мар 4, 2022

Нов национален рекорд во скок во далечина во сала

Викендов на отвореното првенство во Скиве, Данска, македонскиот атлетичар Андреас Трајковски постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала, со резултат од 7 метри и 65 сантиметри, што е за 32 сантиметри подобар од претходниот рекорд, кој членот на АК Работнички го постави во Малме, Шведска пред две недели.Покрај во скок во далечина Андреас настапи и на трката на 60 метри каде го постави своето најдобро време за оваа сезона, со резултат од 6.90 секунди, ова време е само за една стотинка послабо од неговиот личен рекорд кој изнесува 6.89 секунди, односно само за 4 стотинки од маке…

Мар 25, 2019

СРЕДБА НА В.Д ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ СО ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР КРИСТИЈАН ТИМОНИЕ

Вршителот на должноста градоначалник Коннстантин Георгиески денеска имаше протоколарна средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. На средбата се разговараше за одличните меѓусебни односи меѓу Република Северна Македонија и Република Франција и нивното продлабочување. Заеднички беше констатирано дека во односите меѓу двете земји важно место има Охрид каде се реализирани бројни заеднички проекти, особено во областа на културата и образованието, но дека има нови иницијативи за проширување на соработката и во други сектори.

Сеп 30, 2021

13 203 петарди одзеде полицијата од продавница во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(47) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. При претрес во негова продавница во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 13.203 различни видови петарди – информираат од СВР Охрид.

Мар 22, 2019

„Жолта лента за соживот“ или протест

На Државниот градежен инспекторат не му се брза во случајот со Али Пашината Џамија. Денеска не излегле инспектори на терен да прават увид и да ја утврдуваат состојбата. Тоа било побарано вчера на состанок во министерството за транспорт и врски. Ресорниот министер Сугарески побарал од инспекторите да постапат по закон согласно своите надлежности и во најкус можен рок да излезат на терен да ја утврдат состојбата во врска со нелегалните градежни активности и да достават целосен извештај до министерството.Предходно и од Управата за заштита на културно наследство УЗКН посочија дека конците се во…

Мар 22, 2019

Се подобрува оралното здравје кај охриѓани

Се подобрува оралното здравје кај охриѓани. Резултати дава националната стратегија за подобрување на оралното здравје која се применува во зeмjава. Таа има за цел спречување на кариесот и други орални заболувања, информира д-р Александар Филдишевски специјалист по превентивна детска стоматологија од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид. Стоматолозите по превентивна детска стоматологија прават редовни систематски прегледи на охридските ученици од основните и средни училишта. При тоа вршат залевање на здравите заби, ги едуцираат децата и родителите како правилно да се одржува хигиената на забите и која…

Мар 22, 2019

Акција за чистење во 8.ма урбана заедница

Ј.П.„Охридски Комуналец„ по сопствена иницијатива спроведе акција за чистење на површините кои не се јавни околу станбените згради во 8.ма урбана зедница . Опфатени се улиците: „Никола Карев„, „Галичица„ и ул.„АСНОМ“. Подигнат е расфрланиот комунален отпад, а граѓаните треба да имаат одговорност за просторот околу нив и да не создаваат мини депонии во средината која живеат. Се надеваме на поголема еколошка и граѓанска свест бидејќи од нас зависи во каква населба и во каква животна средина ќе живееме.

Мар 22, 2019

Светски ден на водите 2019

Центар за јавно здравје Охрид се приклучува на глобалната кампања и одбележување на 22 март, Светскиот ден на вода со истакнување на дел од проблемите и насоките и препоракитеза дејствување со цел надминување на истите. Кој и да сте, каде и да сте, водата е ваше човечко право и „НЕ ОСТАВАЈТЕ НИКОГО ПОЗАДИ СЕБЕ“ се главните пораки на Светскиот ден на вода, 22 март, преку кои се истакнуваат напорите и тежнеењето да се обезбеди пристап и одржливо управување со водите за сите, што подразбира никој да не се остава позади себе. Дeнес, милијарди луѓе живеат без питка вода – во своите домаќинства,…

Мар 21, 2019

Одделенскиот наставник Маре Ѓоргиоска од ОУ Григор Прличев е избрана меѓу 9те најуспешни македонски наставници

Маре Ѓоргиоска, одделенски наставник од ОУ „ Григор Прличев “ е избрана меѓу 9те најуспешни македонски одделенски наставници. На конкурсот на фондацијата Отворено општество во изборот на тема „ Успешни наставници за добри наставни пракси“ Ѓоргиоска го доби второто место. Таа е одделенски наставник во Прво 4 и во своето 34 годишно работно искуство за прв пат сосема случајно учествувала на еден ваков конкурс. Поттикната од својата помлада колешка Ивана Маховска учествувала на повикот од фондацијата. Наградата и претставува голема сатисфакција во долгогодишната кариера бидејќи многу често прим…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top