Апр 12, 2019

Започна реализацијата на македонско – чешкиот истражувачки археолошки проект

Започна реализацијата на македонско – чешкиот истражувачки проект насловен: “Погранични студии – Истражување на идентитетот и културните контакти во пограничната област на античка Македонија (Охридско езеро)”. Овој меѓународен археолошки проект е соработка помеѓу Археолошкиот музеј во Скопје и Карловиот универзитет во Прага. Главна цел е да се овозможи археолошко и архитектонско истражување и развој на општините.

Апр 12, 2019

УЧЕНИЦИ ОД ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“ ВО БРОЛО – ИТАЛИЈА

Деветнаесет ученици и тројца професори од ОУТУ „ Ванчо Питошески“ од 30 март до 20 април престојуваат во познатата туристичка дестинација Броло – Сицилија каде го реализираат проектот „ Learning from the best – Учиме од најдобрите “. Тоа е трет проект во кој учествуваат охридските ученици во рамките на програмата на Еразмус плус, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.Во реномираниот хотел „ Гатопардо“ учениците од угостителско – туристичката струка изведуваат практична работа. Практичната работа во овој хотел со 4 ѕвезди им овозможува да ги покажат …

Окт 4, 2021

Што содржат „Документите на Пандора?“

Тајните договори и скриените богатства на голем број светски моќници се откриени преку најголемиот истек на офшор податоци во историјата, кои го добија називот Пандора документи.Протечени се 11,9 милиони документи од компании ангажирани од богати клиенти со цел да се креираат офшор мрежи во даночни раеви како Панама, Дубаи, Монако, Швајцарија и Кајманските Острови.Тие откриваат тајни офшор договори на 35 светски лидери, меѓу кои и поранешни претседатели, премиери и шефови на држави. Документите ги расветлуваат и тајните финансии на повеќе 300 други функционери, како министри, судии, градона…

Апр 12, 2019

„Стаклена менажерија“ вечерва на репертоарот на Охридскиот народен театар

„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби. Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип КипровскиРежијата е на Софија Ристевска Петрушева, а за костимите се погрижи, Андреј Ѓеоргиевски. Билетите по цена од…

Апр 11, 2019

Џемал Менa најмладиот кандидат во трка за градоначалничката функција

25 годишниот Џемал Мена, од Беса е најмладиот кандидат во градоначалничката трка на овие избори. По националност Албанец, роден во Охрид  како прво дете во семејството Мена, кое брои  четири деца , важи за амбициозен и позитивен млад човек.  Основно завршил во училиштето „Братство и единство“,  а средно во струшкото „Ибраим Темо“. Дипломирал на факултетот за економија на  дисперзираните студии на тетовскиот универзитет во Струга. Детството го минал на плажата во населбата Воска. Со другарите играле фудбал на игралиштето, а во лето се капеле на плажата. Откако дипломирал работел како келнер,…

Апр 11, 2019

Георгиески најави рехабилитација на патната инфраструктура

Продолжува реконструкцијата на улици, тротоари и патеки во урбaните и руралните делови од Охрид. Нашата цел е Охрид да добие инфраструктура која ќе овозможи негов одржлив развој како туристички и културен центар, истакна на прес-конфернција Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од СДСМ. По реконструкцијата на улицата Македонија и започнатите активности на Булевар Туристичка, Георгиески најави и други градежни зафати. „ Во тек е изработка на нова Сообраќајна  студија за Охрид, а имаме подготвено и значајни инфраструктурни проекти за реконструкција на неколку градски сообраќајници…

Апр 11, 2019

Изградба на социјални станови за семејства во социјален ризик, најави Милошевски

Охрид мора да биде град на еднакви можности и шанси за сите, рече на прес- конференција Митре Милошевски кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне. Како приоритетен проект од својата изборна програма најави изградба на социјални станови. „ Изградба на станови кои ќе може да ги користат семејствата со социјален ризик, огромна помош да добијат свој дом, но исто така и оние граѓани кои заради временски непогоди или несреќен случај го изгубиле својот дом“, рече Милошевски кандидадтот за гардоначалник . Милошевски презентира и други мерки за социјална заштита на граѓаните. Меѓу нив…

Апр 11, 2019

Се укинува забраната за движење во шуми

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по барање на Јавното претпријатие „Национални шуми” ја укинува забраната за движење во шуми донесена на 29 март годинава, информираат од таму. Имено, Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува поради тоа што во моментов согласно добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари. „Воедно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постетува дека се забранува палење на стрништа, плевел и…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top