Апр 16, 2019

„Биро Веритас“ ја контролира состојбата на охридските бродови

Денеска и утре овластени инспектори на Меѓународната групација „Биро Веритас“  во Охрид прават  меѓуконтрола на патничките бродови,  кои вршат линиски превоз во водите на Охридското езеро. Целта е пред почетокот на главната туристичка сезона да се утврди способноста и безбедноста на бродовите,  кои превезуваат туристи. Се контролира дали  пловилата ги исполнуваат пропишаните критериуми со кои се  гарантира безбедноста на патниците.  „Имаме меѓупреглед на патничките бродови кој што е еднаш во три години. Значи имаме основен преглед, контролен, а сега имаме меѓупреглед без вадење на бродовите…

Окт 4, 2021

Злато и сребро за учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на меѓународнито натпревар „ГАТУС 2021“

Ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“ се вратија со златен и сребрен медал од 9-от меѓународен гастрономски натпревар во областа на угостителско- туристичка струка „ГАТУС 2021“, што се одржа во Златибор, Србија.Учествуваа 11 екипи од сите поранешни југословенски републики, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.Нашите тимови освоија златен медал во област готварство и сребрен медал за презентација на туристички аранжмани на тема рурален туризам.Во тимот готварство беа: Николче Ангелевски, Даниел Бутракоски и Даниел Ѓорѓиев, со менторот Милена Илијевска, додека …

Апр 16, 2019

Милошевски најави подобрување на патната инфраструктура

Патната инфраструктура и транспортот се лицето на градот, истакна Митре Милошевски,кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне на денешната прес конференција. Изградбата и одржувањето на локални патишта овозможува одржлив развој на градот како туристички центар и услови за безбеден и динамичен сообраќај и најави реконструкција и изградба на улици. „ Абас Емин, АСНОМ, Егејска и Македонски просветители, изградба на улиците:  Јордан Мијалков, 7 Ноември, Јане Сандански, 1 Македонска ударна бригада. Поплочување и одржување на тротоари и улици:  асфалтирање на улиците Александар Турунџе, Партизанс…

Апр 16, 2019

ТВМ ТелевизијА: Дебата на кандидатите за градоначалник на Општина Охрид, за вонредните локални избори 2019

Во последната недела од изборната кампања за вонредните локални избори, оваа среда 17 април, ексклузивно на ТВМ ТелевизијА, дебатна емисија со четворица од кандидатите за градоначалник на Охрид. Др. Константин Георгиески – СДСМ и коалицијаДр. Митре Милошевски -ВМРО-ДПМНЕ и коалицијаМихаил Трендафилов Нанче – ГДУ-дипл. инжСтевче Стевоски – Демократи -дипл.криминалист 17:00 часот, екслузивно на ТВМ ТелевизијА, слушнете ги нивните визии за Охрид и можните решенија на проблемите кои ги мачат охриѓани.

Апр 16, 2019

Прогласена епидемија на мали сипаници (Morbilli) на територија на цела држава

Прогласена е епидемија на мали сипаници на ниво на цела држава, соопшти денеска Центарот за јавно здравје. Причината за ваквата одлука на Kомисијата за заразни болести при Министерство за здравство е дека бројот на евидентирани заболени од морбили од почетокот на годинава изнесува 961. Дополнително веќе 6 центри за јавно здравје имаат прогласено епидемија на мали сипаници, а евидентирани се морбили во 20 градови. Прогласувањето на епидемијата е со цел спроведување на дополнителни мерки како забрана на посета на невакцинирани деца во градинки на ниво на цела држава. Епидемиологот д-р Влади…

Апр 16, 2019

„Метод” од Жорди Галсеран, овој петок на репертоарот на народниот театар од Охрид

Најпоставуваниот современ шпански текст во регионот “Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид. Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”? Преку интензивните трилер сит…

Апр 15, 2019

Донев: СДСМ под превезот на малите инфраструктурни зафати сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти

СДСМ и Константин Георгиески сакаат да ја затскријат својата неспособност за реализирање поголеми проекти. Реализираат мали градежни зафати мислејќи дека во 21 век асфалтирањето улици или поставувањето водовод и канализација е големо достигнување и причина граѓаните да гласаат. СДСМ се свесни за својот слаб рејтинг и убедливиот пораз на локалните избори па под превезот на малите инфраструктурни зафати сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти. Охриѓани очекуваа многу. СДСМ и Георгиески ветија, СДСМ и Георгиески излажаа. Нема суштински проекти што ќе значат нови вработувања, под…

Апр 15, 2019

Милошевски: Сериозна стратегија и проекти за локален економски развој и развој на туризмот

Со сериозна стратегија и пристап кон туризмот како една од најважните економски гранки за охриѓани, директно ќе придонесеме во локалната економија која после падот и стагнацијата во последната година ќе даде оптимистички показатели, кажа денеска на прес конференција, кандидатот за Градоначалник на Охрид, Митре Милошевски. Тој најави низа мерки за развој на локалната економија со посебен акцент на туризмот. „Формирање на Локален економски совет за интезивирање на соработката помеѓу општината и приватниот сектор. Изработка на студија за мапирање на стратешки индустриски сектори во регионот на…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top