Дали Георгиески мисли дека со лажните градежни зафати ќе го нашминка градот и ќе ги купи гласовите на охриѓани?- праша на прес конференција портпаролот на Ок на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски. „Со камиони сега ќе ги натерате да заборават на црнилата, маките и тешкиот живот? Охриѓани имаат добра меморија и добро се сеќаваат што вети СДСМ и знаат дека речиси ништо од тоа не е реализирано. После повеќе од година и половина се чекаше сега пред избори машините да работат.Георгиески да одговори дали ова се ветените проекти или само ситни зафати што е обврска на Локалната самоуправа кон граѓаните?Вр…
Културата тема на денешната прес конференција ан кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски. Изразувајќи жалење за уништувањето на дел од светското културно наследство, катедралата Нотр Дам во Париз, Милошевски кажа дека културата, традицијата, историјата и религијата се вредности коишто се наша гордост и треба да се негуваат. Градот Охрид е мозаик од културни вредности, а нашата грижа мора да биде насочена токму кон нив, потенцира Милошевски. „За убав град заложбата за наследните вредности е: организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот, организација на х…
Во пресрет на роденденот на Македонското културно друштво „Св Кирил и Методиј“ од Трентино во овој италијански град вчера беше отворено македонско катче на книгата.
Со тоа на најубав начин во Градската библиотека во Тионе ди Тренто се заокружи проектот во соработка помеѓу Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“од Трентино.
На почетокот од септември минатата година НУ Библиотека од Охрид донираше поголем број книги од охридски и македонски автори со цел да го помогне отворањето на мини библиотека во нашето друштво,…
Реконструкција на кејот, како една од најважните туристички зони во градот, најави Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ. Кејот „ Македонија” кој е една од главните атракции, најфреквентните и најпосакувани места за охриѓани и за туристите, низ годините е многу амортизиран, бетонот на постојната конструкција на крајбрежниот ѕид во најголем дел е еродиран и оштетен, кажа Георгиески. „Веќе имаме изготвено Проект за реконструкција, издадено е одобрение за градба и изработена е Студија за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспек…
Од 1 декември стапува на сила забрана за употреба на пластични кеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.
Ова се дел од предвидените новини со неколку нови закони од областа на управување со отпад, што ги презентираа денеска премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина Насер Нуредини, на прес-конференција во Владата, а откако регулативата неодамна беше „комплетирана“ во Собранието.
Нуредини рече дека со донесувањето на новите закони се овозможува премин кон циркуларна екомонија, како еден од стандардите на европската ек…
Нови барања и забелешки очекуваат од граѓанското здружение СОС за македонската Влада од страна на Унеско од состанокот кој ќе се одржи во јуни во Баку, каде што ќе заседава Комитетот за светско наследство при УНЕСКО. Таму ќе се решава дали Охрид ќе го стави на листата на културно и природно наследство во опасност. Пред година и пол беа испорачани 20 барања според забелешки кои не се во согласност со критериумите на Унеско, за градот и Езерото да не бидат ставени на листата на загрозени подрачје под заштита на Унеско. 8 април беше крајниот рок за доставување на документите до Унеско за тоа ш…
Во рамките на дополнителната програма на Охридско лето а по повод големиот христијански празник Велигден на 23-ти април во катедралната црква Св. Софија ансамблот „Ноктурно“ од Србија ќе одржи концерт на духовна музика. Вокалниот ансамбл „Ноктурно“ настанал кон крајот на 2005 година како потреба на домашна сцена да се претстават музички дела од различни жанрови. Членовите на ансамблот „Ноктурно“ се пред се се професионални членови на хорот на Операта на Народниот театар во Белград. Ансамблот во зависност од потребите настапува како октет, двоен октет, проширен хор или како поединечен машки …
Одделението за одржување на канализациона и атмосферска мрежа на ЈП „ Нискоградба“ , изврши чистење на пумпната станица „ Канео“ како и канализациона мрежа и ревизионите шахти.
Поради непристапниот терен машината за чистење беше транспортирана со кајче и се вршеше поединечно чистење. Вака темелно чистење на цевководите и шахтите не е извршено од 2003 година. Во претстојниот период продолжува профилактиката на цефководи и шахти низ целиот град пред почетокот на туристичката сезона.