Мај 3, 2019

Донев: Охрид не е создаден за лаги и неостварените ветувања на СДСМ

На 5 мај Охрид и охриѓани имаат можност конечно да стават крај на политиките на СДСМ и Константин Георгиески кои скоро две години ги лажат и манипулираат. Охрид не е создаден за лаги и неостварените ветувања на СДСМ.  Охрид е создаден за градоначалник кој ќе ги решава секојдневните проблеми на охриѓани, кажа на прес конференција, претседателот на ок на ВМРО ДПМНЕ , Сашо Донев. Понижување и омаловажување е да се условуваат граѓаните да гласаат за да им се асфалтира некоја улица, или да им се дозволи нешто незаконско.- рече Донев.“Совеста ќе биде коректор и за враќањето на долговите со прегов…

Мај 3, 2019

Во недела масовно да излеземе да гласаме за борјот 3 и 7 и да обезбедиме сигурна и стабилна иднина , порачаа социјалдемократите од Охрид

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на државата поддржан од СДСМ и Коалицијата и претседателот на СДСМ Зоран Заев од Охрид ги повикаа граѓаните масовно да излезат во недела, на 5 мај, да го искористат правото на глас и да дадат поддршка за кандидатите за градоначалник и за претседател на државата за да продолжи напредокот. Пендаровски истакна дека дополнително ќе се интензивира процесот на интеграција во НАТО и ЕУ, бидејќи како што кажа, доказ за тоа е силната поддршка на нашите пријатели во светот, предводени од САД. Во недела да ја искористиме шансата да си ја обезбедиме сигурнат…

Мај 3, 2019

Милошевски: Мојата душа и моето срце живеат за поубаво утре, за убав Охрид

Охрид припаѓа на народот. Овој град е нашата заедничка иднина. Мојата душа и моето срце живеат за поубаво утре, за убав Охрид. Заедно, сплотени да ја градиме иднината за убав Охрид преку проекти и дела, им порача на граѓаните на завршниот прес кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски. Кажа дека тој и неговиот тим  изминатиов период презентирале убави проекти за Охрид, разговарале со граѓаните, ги ислушавле сите предлози, идеи, маки и проблеми. Побара од граѓаните пред да одлучат за кого ќе гласаат да размислат. „Дали сакате Охрид гордо да чекори по патот на достоинството …

Окт 5, 2021

Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на ФТУ

Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на Факултетот за туризам и угостителство за учебната 2021/2022 година. Свечениот час го отвори Претседателот на студентското собрание на ФТУ – Игор Пешевски кој им посака топло добредојде на новите колеги. Свое обраќање имаа и Продеканот Проф. Д-р Александар Трајков, деканот Проф. Д-р Цветко Андреески и ректорот на УКЛО Проф. Д-р Сашо Коруновски, како и претставник од СН Осигурителен Брокер АД Битола и директорот на студентскиот дом „Никола Карев“.   Факултетското Студентско Собрание претставува орган на ФТУ т.е. единств…

Мај 3, 2019

Георгиески: За охридските проблеми нудиме автентични решенија, а не сувопарни текстови напишани во Белата Палата

Константин Георгиески , кандидат за Градоначалник на Охрид од СДСМ на завршниот прес од кампањата пред изборниот молк кажа дека охриѓани имаа можност изминатиов период да слушнат и да видат што им се нуди за во следните две и пол години, кои се програмите, која програма е базирана на потреби и со реални планови за унапредување во сите сфери а кој  нуди, како што рече, од-збор-до-збор препишани текстови. Клучното прашање кое треба да си го одговориме сите заедно во недела е во чии раце сакаме да го препуштиме градот? Сите заедно треба да го избереме најдоброто решение за нас и нашите семејст…

Мај 3, 2019

Се уредува зелениот појас од Хидробиолошки завод до Свети Стефан

Ј.П.„Охридски Комуналец“ го уредува тревниот појас помеѓу двете коловозни ленти на магистралниот пат Охрид-Св.Наум на потегот од Хидробиолошки завод до населба Св.Стефан. Иако се работи за магистрален пат и одржувањето не е под надлежност на охридското јавно претпријатие, во интерес на граѓаните и туристите, службите на „Охридски Комуналец“ рачно и машински го косат тревниот појас на овој потег.

Мај 3, 2019

„Балкан јуниор 2019″

Започна „Балкан јуниор 2019″, седмиот по ред Меѓународен натпревар од областа на електротехниката и механотрониката, кој викендов ќе се одржува во Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски”. Директорот на ЕМУЦ „Св Наум Охридски” Сашо Недески истакна дека натпреварот се реализира секоја година, во едно училиште од редот на училишните партнери.  „Многу е важно да се мотивираат учениците со вакви натпревари од меѓународен карактер каде ќе ги претстават своите знаења и умеења стекнати во текот на нивното школување.Ова е врв на натпреварувањето меѓу учениците од осум држави кои имаат…

Мај 3, 2019

„БИДИ ХЕРОЈ, УКАЖИ ПРВА ПОМОШ”

НесреЌите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиШте, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помоШ значи спасување човечки живот. Во рамките на своите активности во делот на првата помоШ Црвен крст Охрид на 04.05.2019 (сабота) во периодот од 9-15 ч., под мотото „БИДИ ХЕРОЈ, УКАЖИ ПРВА ПОМОШ”, Ќе го организира традиционалниот, 48-ми по ред, Општински натпревар по прва помоШ. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помоШ Ќе ги покажат повеше од 200 ученици-натпреварувачи од…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top