Мај 7, 2019

ТРИБИНА ЗА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈОТ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ

Во големата сала на општина Охрид, на 9.05. 2019 година (четврток), со почеток во 18 часот, ќе се одржи трибина за режимот на сообраќајот во стариот дел на Охрид за време на летната туристичка сезона. Целта на трибината е да се разменат мислења за летниот режим на сообраќај во овој дел на градот кој ќе биде прифатлив за граѓаните, станоиздавачите и туристите.

Мај 7, 2019

Промовирана „Збунки“ од Ана Цветаноска

Синоќа во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид беше промовирана книгата „Збунки“ од Ана Цветаноска. Збирката за деца „Збунки“ содржи 12 пиеси. Авторката Цветаноска низ хумористичен тон создала современи пиеси за деца во кои се прикажани секојдневните згоди и незгоди на денешните луѓе. Секоја од пиесите е реалистична слика и сцена од детството на секое дете. -Драмските ситуации ги опфаќаат сцените од посетата на стоматолог; на средбата за родители во училиштето; ситуации од домашната семејна атмосфера; образовниот процес на секое дете; играта со облаците од фантазии; разговорите со живот…

Мај 7, 2019

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА САФРАНБОЛУ-ТУРЦИЈА

Делегација на општина Охрид, предводена од Емин Селман и Сашо Котели беше на одбележувањето на Патрониот празник- Денот на детето на турската општината Сафранболу. Во рамки на посетата беше остварена работна посета со градоначалничката на општината, Елиф Косе и со Кајмакамот кој е одговорен во делот на образование, туризам и култура на национално ниво. На средбата се разменуваа искуства во овие области, а се разгледуваа и можностите за реализирање на заеднички проекти. Градот Сафранболу во Р. Турција е под заштита на УНЕСКО.

Мај 6, 2019

Охрид обоен и во сино и во црвено

Охрид обоен и во сино и во црвено. Синоќа во вториот круг од предвремените локални и од председателските избори, резултатите спротивни. Изборната трка за градоначалник ја доби кандидатот на СДСМ д-р Константин Георгиески, додека на локално ниво на изборите за претседател на државата во Охрид победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.На вонредните избори за градоначалник Георгиески освои 16.523 гласа, а неговиот противкандат од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски 12.668. Својата воља ја искажале вкупно 30 397 гласачи, а излезеноста беше 58, 12%.На изборите за претседа…

Мај 6, 2019

Горан Папаз со групата „ Агапе“ ќе имаат настап пред папата Франциск

Горан Папаз, познатиот саксафонист од Охрид, заедно со црковната музичка група „Агапе” утре ќе настапат пред папата Франциск. Папаз ќе свири саксафон соло на три песни со текстови во кои се слави името на Господ. Охридскиот музичар пред утрешниот настап, за кој добил покана од Дон Давор, споделува какво е чувството да се свири пред гостин од таков висок ранг како што е Папата, кој за прв пат доаѓа во посета на нашата земја.„Бев изненаден. Јас сум православен христијанин и очекував дека тоа ќе биде затворен круг внатре кој ќе го водат тие. Не очекував дека ќе бидат толку отворени што е супер…

Јан 3, 2022

450 гости затекнати во објект на улицата „Јане Сандански“

На 01.01.2022 полициски службеници од СВР Охрид, во соработка со инспектори од УЈП  извршија зајакнати контроли по угостителските објекти во Охрид. Притоа, во еден објект лоциран на булеварот „Јане Сандански”, во кој имало 450 гости, било констатирано дека одговорното лице кое го изнајмило објектот, не ангажирало агенција за обезбедување и не поседувало соодветна документација и одобрение за вршење на дејноста. Од страна на овластените службени лица била изречена соодветна глоба – информираат од СВР Охрид.

Мај 6, 2019

Дрво уништи возила во центарот на Охрид

Утрово во центарот на Охрид, дрво уништи три возила. Попладнево со специјална дигалка се отстрани оштетеното дрво кое предизвика материјална штета. Во врска со немилиот настан каде од пад на дрво се оштетени неколку возила на улица „Македонски просветители“, од Локалната самоуправа информираат дека „Комисијата за проценка и отстранување на опасни дрва“, излегла да направи проценка на паднатото дрво, а исто така, а овластен вештак извршил проценка на направената штета. . Од локалната додаваат дека Комисијата ќе изврши проценка и за квалитетот на веќе постоечкиот дрворед долж улицата „Макед…

Окт 5, 2021

11 руски тур-оператори пристигнаа во посета на Македонија

По најавата за два нови директни летови на руската авионска компанија „НОРДВИНД” со кои се поврзаа Москва и Санкт Петербург со Скопје, единаесет руски тур оператори заедно со претставникот на Нордвинд пристигнаа во посета на државава. Руските тур-оператори се од целата територија на Руската Федерација и се заинтересирани примарно за зимски туризам. Со оглед на нивното долгогодишно искуство во туризмот, после нивната четиридневна посета на Македонија ќе лансираат програми за руски туристи кои ќе опфатат неколкудневен престој во зимските центри. Покрај зимските центри, руските туристи имаат …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top