Хируршкото одделение при Општа болница Охрид ќе добие вредна донација од Јапонската влада. За потребите на болницата преку грант ќе се обезбеди мобилен дигитален рендген апарат. За таа цел се потпиша Договор за имплементација на проект од грант програмата за човекова безбедност на Јапонската влада со општина Охрид и Општа болница Охрид. Савада Хиронари, амбасадор на Јапонија во земјава, напомена дека со овој грант ќе и се помогне на болницата да ги подобри своите капацитети и ќе се зголеми безбедноста на операциите на хируршкото одделение.
Во рамките на иницијативата на Западен Балкан, Ј…
Во конкуренција од преку 25 илјади учесници од 75 земји од целиот свет, 59 ученици кои ја следат интернационалната Бреинобреин програма во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид ќе учествуваат на 7-от Меѓународен Бреинобреин натпревар кој ќе се одржи на 29 јануари 2022 г. на онлајн платформа.
Како и на досегашните меѓународни Бреинобреин натпревари и сега очекуваме охридските бреинобреин генијалци да не израдуваат со значителен успех. Напоменуваме дека во тек се уписите за прием на нови ученици кои ќе ја следат Бреинобреин прорамата во Центарот за развивање на живо…
Советот на Општина Охрид денеска ја усвои нацрт верзијата на Буџетот за 2022 година. Со тоа започна постапката за носење на општинскиот буџет за претстојната година при што ќе има јавна расправа и граѓаните и советниците ќе имаат можност да даваат свои забелешки и сугестии за кроењето на јавните финансии. Според драфт верзијата која денеска на седница ја разгледуваа советниците буџетот за следната година тежи нешто повеќе од 10,5 мил евра. Опозицијата реагираше на намалувањето кај капиталните расходи, а никаква промена кај непродуктивните трошења. Ставката Уредување градежно земјиште се нам…
Свикана 4-тата седница на Советот на општина Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 28.01.2022 година (петок), со почеток во 13.00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на записник од 2-та седница на Советот на општина Дебрца
Усвојување на записник од 3-та седница на Советот на општина Дебрца
Предлог Одлука за утврдување на стапките на даноците на имот во општина Дебрц…
Од вторник 7-ми декември, во пресрет на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“ и официјално ќе го отвори адаптираното крило во кое претходно функционираше дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“.
Во тој простор во иднина ќе функционира пултот за издавање за деца и возрасни, со истото работно време со корисници на услугите, како и досега од 8 и 30 до 18 и 30 часот. Замислата е библиотеката во иднина да биде од отворен тип, но во време на корона и натаму ќе се почитуваат сите мерки и протоколи против Ковид -19 – велат од Гр…
Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод празникот Свети Сава упати празнична честитка до припадниците на српската заедница.
„ Со најискрени желби за здравје, мир и благосостојба упатувам срдечни честитки до сите припадници на српската заедница по повод големиот празник Свети Сава, првиот српски архиепископ и просветител. Ваквите празнични денови се можност да испратиме силни пораки за поголема почит и соработка. Сполотени во нашето мултиетничко општество се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да ги чуваме и унапредуваме пријателствата, како основа за поголем напредок на Охрид и на наш…
На 06.12.2021 година во 00.15 часот во СВР Охрид приведен е Ј.А.(31) од Охрид, кој претходно агресивно се однесувал кон полициските службеници кои, на булеварот „Туристичка” во Охрид преземале службени дејствија.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – транспорт”, изјавил за МИА, Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.
Според него причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата.
Тој се повика на одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.
Согласно Одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во Железници – Транспорт бара и…