Со нов државен рекорд, соборен по речиси цели 10 години, младиот охридски стрелач Бојан Спасеновски успешно ја завршува натпреварувачката сезона во национална програма.
На Државното првенство во стрелаштво што викендов се одржа на стрелиштето во гимназијата Раде Јовчески Корчагин во Скопје, Бојан Спасеновски со извонредни 187 кругови, односно за цели 4 кругови го надмина стариот рекорд на Македонија кој исто така го држеше Охриѓанец, стрелецот Бобан Апостолоски. Овој резултат со сигурност ќе остане долго запишан во историјата на македонското стрелаштво, а прашање е дали некој до 15 годишна…
Охрид во сабота, на 1-ви јуни ќе биде домаќин на првиот Национален Таеквондо турнир Ohrid OPEN 2019, кој ќе се одржи според турнирскиот систем на Македонската Таеквондо федерација.
Организаторите очекуваат учество на спортисти кои ќе се натреваруваат во неколку категории: машка, женска, кадети, јуниори и сениори. Најавуваат фер плеј, максимална транспарентност и одлична атмосфера за натпреварувачите.
Се очекува да земат учество над 150 Таеквондисти од цела Европа. Според најавите, најмногу спортиси ќе пристигнат во Охрид од соседните земји и од поширокиот регион на Балканот.
Натпреварот …
Врвните светски готвачи Џорџо Дијана и Андреа Бјачини ќе бидат дел од второто издание на настанот ГАСТРО ТУРА 2019, кој ќе се одржува од 21-ви до 23-ти мај во Охрид, во организација на Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство Охрид и Туристичкиот кластер ЕДЕН.
Во рамки на настанот ќе бидат одржани посебни Mастер класови, кои ќе ги опфатат темите „Маркетинг – Вреднување на Ресторанот и влијание врз развој на туризмот” и „Кулинарски методи СуВи (Sous Vide) бавно готвење, пастеризација на производи за побогат вкус и хранлива вредност”.
Таргетираната целна група за активно учество…
Стотина граѓани денес протестираа пред зградата на Општина Охрид, во врска со како што велат, нелегалните градежни активности кои се преземаат на Али Пашината џамија. Сашо Михајловски член на здружението „Совест“ истакна дека повеќе од две години од здружението прават обиди да ја алармираат јавноста и надлежните институции дека она што се работи во централното градско јадро, преку агресивна и нелегална реализација на градба ќе се променат визурата и карактерот на градот.
„Со жалење можеме да констатираме дека ниту Управата за заштита на културно наследство, ниту републичката урбанистичка и…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот Ч.Р. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 28-ми август 2021 година, во казино во Охрид, пријавениот со нож се заканил на вработен во казиното – информираат од МВР.
На 3ти јуни, понеделник, со почеток во 21 часот, на плажата „Куба Либре“, ќе се одржи голем хуманитарен концерт за поддршка на малата Мила Димоска од Охрид. На концертот ќе настапуваат: Ѓоко Танески, Дамјан Пејчиновски, Петар Марковски, Јован Куцин и „The Backdoor Band“.
Мила Димоска од Охрид има 2 години и боледува од дистрофија (оштетување на мозокот). По две успешни операции во Кина потребна е и трета операција што е можно поскоро за нејзиниот напредок да продолжи. Интервенцијата е скапа, а треба да се реализира во што поскоро време, затоа потребна е помош од сите хумани граѓани, да и с…
Охридскиот тенисер Стојан Стојаноски имаше одлична прва сезона во САД, по освојувањето на Државното првенство за мажи во Македонија.
– Тој продолжи со одличната игра и се натпреваруваше против најдобрите играчи во Американската Универзитетска NCAA лига. Беше избран во најдобриот тим во Југозападниот дел на Америка и истовремено беше избран за MVP (најдобар играч), односно најдобар студент-спортист на Универзитетот Алкорн. На овој универзитет во Мисисипи од минатата година се придружи и Ѓорѓи Поповски, уште еден македонски тенисер, па тие како македонска двојка имаа исклучителни резултати и…
Позната како виолинистката која свири класика стилизирана со елементи на техно, џез па дури и фламенго, Ванеса Меј ќе ја има честа да го отвори годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Низ 40 фестивалски денови љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат на фестивалските сцени каде ќе се слави врвната уметност, низ богата и квалитетна уметничка програма од врвни уметници, кажа Наташа Поповиќ – директор Н.У. фестивал „Охридско лето“.
„Мене ми припадна честа да го најавам годинешното спектакуларно отворање со мегапопуларната виолинистка, светски славната британка, Ванеса Ме…