Мај 24, 2019

Закажана дваесет и седмата седница на Советот на општина Охрид

На дневен ред на ова издание на седницата на советот, ќе се најдат извештаите за реализација на програмите за равој на туризам, локален економски развој, изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици и друго. Градските советници ќе треба да ја одобрат одлуката за распределба на добивката од работењето на МЈП Проаква Струга, а треба да се усвои и финансискиот извештај на јавното претпријатие. Пред крајот на овој месец ќе се одржи најновото дваесет и седмо по ред издание на седницата на Советот на Општина Охрид. Дн…

Мај 24, 2019

Продолжува сагата за Охрид

Триесет и една приказна за Охрид, за луѓето, местата и случувањата, кои од генерација на генерација охриѓани ги пренесуваа, но и себично ги чуваа само за себе. Од неодамна вткаени во уште една збирка раскази на авторот Валентина Нелоска. Станува збор за второто продолжение, на популарната „Сага за Охрид“, слична збирка на раскази, која Нелоска пред две години ја сподели со читателите. Таа вели дека задоволството е големо кога се трага по приказни, по архивите, кога се остваруваат контакти со познатите охридски семејства, кога се раскажува и пишува за спомени. „Донесувам во продолжението на…

Мај 23, 2019

ОК ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните во социјален ризик се излажани

По објавениот јавен повик во јануари за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги граѓаните сеуште чекаат на таа мерка, истакна на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиноски. „Наместо 670,00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата тие добиваат исти сметки од Јавните претпријатија како останатите граѓани. Ова ли е односот којшто го ветуваше Георгиески за граѓаните?Скоро половина година ќе помине, а крајот на февруари заврши повикот за субвенционирањето на трошоците за комунални услуги кој требаше да се однесува за периодот од 1 јануари заклучн…

Мар 1, 2022

Засилени сообраќајни контроли, проверка на автобуси, казнети 13 пешаци во Охрид

На 28.02.2022 година, при извршена сообраќајна контрола од 12 до 16 часот, полициските службеници во Охрид контролирале 15 автобуси, при што не регистрирале неисправности и недостатоци во опремата. Во истиот период, затекнати и санкционирани се 13 пешаци кои извршиле небезбедно преминување на коловозна лента надвор од обележан пешачки премин (Охрид-07, Кичево-06) – информираат од СВР Охрид.

Мај 23, 2019

Охрид треил подготвен да стартува планинската трка

Организаторите на Охрид треил и градот подготвени за одржување на новиот спортски настан кој ќе се одржи на 25 мај. Над 150 спортисти од 15 земји ќе земат учество во комбинираната трка, трчање и пешачење низ одредени предели во НП Галичица. Патеката е во должина од 60 км и 35 км, а стартот е од Св. Наум и кампот Елешец, а ќе финишира на градскиот плоштад. На трката од 35 км ќе се приклучи и охридскиот градоначалник Константин Георгиески. „Овој настан освен што го промовира и поттикнува спортот има за цел да ги афирмира и убавините на градот и планината Галичица. Сметам дека настанот ќе при…

Мај 23, 2019

Под мотото „Од нас за нас“ свечено одбележан патрониот празник на Средно стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид

Со богата програма составена од музичко – поетски точки, рецитал и кратка тетарска импровизација, средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ го одбележа својот патронен празник, а годинава, темата на програмата беше „Од нас за нас“. Славица Костоска – директор на училиштето, истакна дека установата веќе пет години функционира со ограничени средства и услови за работа, но дека со заложби на наставниците се прават обиди да се навлезе во најновите методи на воспитно образовниот процес, а учениците се вклучуваат во современите текови на општествениот живот и од нив се создаваат квалитетни л…

Мај 23, 2019

Ќе се корнат палмите во Охрид по препорака на УНЕСКО

Една од препораките во извештајот кои ги добивме од УНЕСКО кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, беше и внимателно набљудвање на автентичноста и интегритетот, на архитектонското и урбанистичката кохерентност на Охрид. Притоа од УНЕСКО препорачуваат да се избегнува користење на форми и материајли кои не се карактеристични за подрачјето и флората, како што беа палмите засадени пред неколку години, но и да се избегне користење на големи комерцијални билборди со кои се нарушваат визурите на градот. Во Охрид, во…

Мај 22, 2019

Градот ќе става ред во хаосот со паркирањето на туристичките автобуси во центарот

Пред стартот на летната туристичка сезона градот ќе става ред во хаосот со паркирањето на туристичките автобуси во централното градско подрачје. Градоначалникот Константин Георгиески и одделението за сообраќај при ЛС бараат најефикасно решение заедно со полицијата, хотелиерите и туристичките оператори за да се среди овој сегмент во сообраќајот. Предлагаат туристите кои доаѓаат во Охрид со автобуски превоз да се симнуваат и качуваат во центарот на градот на паркингот кај информатичкиот факултет. ЈП Билјанини извори кое стопанисува со паркинзите ќе го отстапи тој простор каде што може да се п…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top