Општина Охрид ја изготви Физибилити студијата за оправданоста од изградба на откупен дисктрибутивен центар. Со тоа тргнуваат работите од мртва точка во насока на решавање на еден горлив проблем за производителите на храна, трговците и угостителите. Секторот за туризам и локален економски развој при Локалната самоуправа е нарачател на студијата во која сега се дефинирани сите услови во однос на производството и побарувачката на локалните производи, напоменува Ѓоко Апостолов од Тлер. Претходно беа согледани потребите и бенефитот од една ваква инвестиција во регионот. Земјоделските и сточарски…
Се огласи уметникот, чијшто настап ќе го отвори годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.
Ванеса Меј, виолинистката со чијшто настап ќе биде отворено годинешното 59 издание на најголемата музичко сценска манифестација кај нас, фестивалот „Охридско лето“ се обрати со видео порака до своите фанови. Кажа дека со нетрпение го очекува отворањето на фестивалот и секако нејзиниот настап.
Делегацијата на европската унија, предводена од евроамбасадорот Самуел Жбогар ќе ги поддржи таканаречените херои од соседството кои ја започнаа промената и испраќаат моќна порака дека ѓубрето наоколу е наше. А промени настануваат преку давање пример од страна на поединци или на општините. Евроамбасадорот рече дека ќе биде голем срам за државата и граѓаните доколку Охрид го загуби статусот на заштитено светско наследство на УНЕСКО. Затоа сите треба да се обединат и да се направи се што е потребно, за Охрид да остане на глобалната листа на места со значајни природни и културни вредности
Евро…
Сканадалот со продавниците Нефа-мебел не го заобиколи ни Охрид . Од 24 мај салонот во центарот на градот е празен и под клуч. Овој продажен простор беше еден од 14- те во земјава кој го тресе аферата со измамени купувачи кои платиле мебел и чекаат испорака, а во меѓувреме продажните салони преку ноќ останаа празни и затворени. Засега е неизвесно колку купувачи од регионов се изманипулирани и останаа без испорачан, а платен мебел. До Државниот пазарен инспекторат во Охрид утринава помош и совет побарал само еден купувач.
„ Веднаш е излезено на лице место и констатирано е дека објектот е зат…
Куче бездомник нападна и повреди малолетно девојче во близина на охридската болница. Милчо Трифуноски, дедо на девојчето кое дошло кај нив на гости, раскажува дека неговата внука била нападната од куче скитиник и завршила со сериозни повреди на рацете. Трифуноски вели дека овој немил настан ги вознемирил неговите внучиња , но и целото семејство. Раскажува како се случил настанот кој можел да има и посериозни последици по неговата внука.
„Вчера, бев во дворот и ги гледав внуците како играат. Кучето се зададе од другата страна на просторот и мислев нема да им се приближи, но застана и скокна…
Ова лето ќе се збрише панаѓурскиот лик на Охрид. Првиот човек на градот вели нема да дозволи диво поставување на било какви реквизити низ чаршијата и пешачките зони. Расчадени тезги, фрижидери, чадори, импровизирани подвижни продавници на бижутерии, храна и друго ќе биде слика на минатото. Градот нема да биде веќе заложник на поединци и нивното незаконско однесување.
„За Велигденските празници се појавија првите индиции и ние уште тогаш постапивме. Јас на сите тие кои што поставуваат тезги и урбана опрема на несоодвени места сакам да им порачам дека толранција за такво нешто ќе има нула….
На 03.03.2022 година околу 05:30 часот во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е Ј.С.(44) од Охрид.
Тој, претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата поранешна сопруга. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Благодарение на проектот “Регионот Охридско Езеро – Безбедна Дестинација за Авантуристички Туризам”, уште една спасителна акција беше спроведена брзо и ефикасно. Благодарност до Европската унија за поддршката и развојот на Планинската Спасителна Служба во охридскиот регион ЕУ ИнфоЦентар.
На 26.05.2019 година, во 20:25ч. Планинската Спасителна Служба, преку СВР Охрид доби дојава дека, на територијата на НП Галичица, изгубени се две лица, странски државјани. Оперативниот центар на ПСС веднаш ги алармира волонтерите, стапи во контакт со изгубените и со помош на GPS координатите од нивниот моб…