Општина Струга, во соработка со МВР Струга, со цел подобрување на условите за престој на туристите и посетителите во текот на претстојната летна сезона 2019, во заедничка активност помеѓу овластениот инспектор за туризам на општината и претставник на МВР Струга, ќе вршат редовна контрола на правните и физичките субјекти, кои даваат услуги за сместување на гостите на територијата на Општина Струга.
Од локалната и МВР Струга велат дека безбедноста и сигурноста на туристите, посетителите и гостите од земјата и од странство, кои престојуваат и ја посетуваат Струга, е најголем приоритет. Струга…
Предлог одлуката за изменување и дополнување на буџетот на единицата на Локалната самоуправа- Охрид за 2019 год. Ги разбранува страстите на советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие сметаат дека нема никаква оправданост за ваквиот ребаланс земајќи го во предвид фактот дека годинава општината имала најголем буџет до сега. Тие реагираат бидејќи се кратат средства од многу програми како што се за образование, детска заштита, за развој на туризмот, за спорт, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за водоснабдување, за да се пренаменат средствата за други основи. Кирил Пецаков…
Зонското паркирање и висината на цените за користење на јавниот паркинг простор беа дел од денешните точки на Дневен ред на градскиот совет. Со новиот летен режим на сообраќај се предвидуваат измени во зоните на паркирање. Тие треба да стават ред во сообраќајниот метеж кој се јавува во екот на туристичката сезона. Од ова лето ќе има зона А која ќе остане само на улицата Македонски Просветители, а се проширува зона Б со поевтина цена на паркинг од досегашната. Се воведува и премиум зона на паркирање на потегот од пошта до кружниот тек во центарот на градот по цена од 100 денари од час, инфор…
Охридското езеро и реката Црн Дрим имаат неповолна хидролошка состојба. Летниот сушен период и испуштањето на вода за потребите на хидроелектраните го намалија водостојот на езерото и реката. Нискиот водостој на Охридското езеро е на граница на дозволениот минимум, информира Ангел Угрински, хидролог од УХМР.
Според утринските мерења, водостојот на езерото е на 3 цм над дозволениот минимум тоа е на кота 693,10. Денес езерото е на кота 693,13 цм. Треба да се каже дека има вештачко влијание врз езерото преку двете регулации на Црн Дрим на излезот од езерото кај Струга и сушниот период. Сега…
Прекината дваесет и осмата седница на советот на Општина Охрид, поради тепачка помеѓу двајца советници.
Од СВР Охрид потврдуваат, и информираат дека лицето Џ.М. телефонски пријавило дека во просториите на општина Охрид, физички бил нападнат од лицето Н.У. и двајцата од Охрид.
Др. Димитар Арнаудов од хируршкото одделение при Општа Болница Охрид, вели дека пациентот бил примен со лесни повреди на грбот и лицето и дека веќе е пуштен на домашно лекување.
Во соопштението се вели дека се преземаат мерки за расчистување на овој настан.
Ве известуваме дека од денес, 10.06.2019 година, (понеделник), Општина Охрид ќе започне со изведување на градежни активности за обележување на хоризонтална сигнализација на територијата на општината.
Обележувањето на хоризонталната сигнализација ќе се одвива во месец јуни во попладневните и вечерните часови.
Се известуваат сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат својата брзина на движење согласно условите на патот.
Градоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари протоколарна средба со полскиот амбасадор Војциех Тицињски. На средбата беше разговарано за продлабочување на веќе добро воспоставената соработка на Охрид со полската амбасада во повеќе области.
Амбасадорот Тицињски изрази желба во наредниот период во градот, од страна на полската амбасада, да бидат организирани повеќе настани од областа на културата. По завршувањето на средбата со градоначалникот, планирано е амбасадорот да оствари средби и со други чинители од областа на културата.
Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот.
Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се …