Богојавление Водици е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.
Согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2022 година (среда), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството воедно им го честитаат празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.
Поради изведување на градежни зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација, почнувајќи од 17.06.2019 ( понеделник) па во наредниот период, делот на ул. „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со ул „Самоилова“ па се до Долна Порта ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 07 до 17 часот.
Се молат граѓаните и учесниците во сообраќајот да се придржуваат до известувањето и да ја почитуваат времената собраќајна сигнализација.
Времето денеска во Охрид облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат обилни, со пороен карактер и засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.
Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 13. степени.
Под влијание на влажна воздушна маса во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд со променлив интензитет – информираат од УХМР.
Една од мерките за намалување на бездомните животни по улиците е вградување на бесплатни микрочипови од Агенцијата за храна и ветеринарство. Но од имплементацијата на тригодишната стратегија во пракса се добива впчеток дека дава слаби резултати. Улиците и плоштадите се полни со бездомни кучиња и поплаки на искасани граѓани. Како се реализира Стратегијата со микрочипирањето и кој треба да ги контролира сопствениците за примена на одредбите од законот за заштита и благосостојба на домашните животни ја контактиравме Велика Атанасова, портпарол на АХВ. Атанасова информира дека се обезбедените 1…
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на Одлуката на Советот на Општина Дебрца, за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Дебрца, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје ќе преземе соодветни мерки за заштита.
Граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на Општина Дебрца во вторник, на 18 јуни да ги заштитат своите пчели бидејќи Центарот за јавно здравје ќе спроведува земјена дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21 до 06 часот наутро со апарат …
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 16. јуни 2019 година (недела), во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци) – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
17. јуни 2019 година (понеделник) „Ден на Светиот Дух – Духовден“, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија во катедралн…
Во сабота 15 јуни, во Охрид по осумнаесетти пат ќе започне меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ 2019. Во пет натпреварувачки денови, во салата на Градското собрание на градот Охрид, ќе настапат осумдесетина учесници од Европа. Годинава на програма се дисциплините дувачки инструменти, флејта, обоа, кларинет, саксофон, труба, хорна, тромбон и камерна музика во различни состави со споменатите инструменти.
Овој реномиран натпревар им нуди можност на младите уметници за претставување на личните достигнувања, дружење и размена на искуства со колеги од целиот свет, како и к…
Храната во земјава е со сомнителен квалитет. Се случувало да се открие млеко, месо, зеленчук,па дури и минерална вода со несоодветен квалитет, што предизвикува штетни последици врз здравјето на луѓето. Според експетите во земјава постојат лабаратории, но нема капацитет , бидејќи има огромен број на производители и невозможно е да се контролираат сите. Агенцијата за храна честопати тврди дека храната во земјава е безбедна, но тоа не може да се докаже , само со два посто контролирани примероци. Дополнителен проблем е што нема ригорозни санкции за производителите, кои со лажни непрове…