Општина Охрид упатува апел до сопствениците на стари и хаварисани моторни возила, кои се поставени на сообраќајниците, паркинзите, тротоарите и другите јавни површини, истите да ги отстранат во рок од три дена.
Во спротивно надлежните општински служби, во соработка со СВР Охрид и ЈП „Охридски Комуналец” ќе преземат мерки и акции за нивно подигнување и отстранување, на трошок на сопствениците.
Од РЕ Водовод Охрид информираат дека поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес, од 08:30 часот има прекин во водоснабдувањето на улицата „Јордан Мијалков“, а исто така има намален притисок во населбата Бејбунар, селата Лескоец, Велгошти, Лакочереј и во населбата Црногорци.
Екипите на РЕ Водовод Охрид се на терен и ќе работат до отстранување на дефектот.
По „Долни сарај“, ова лето на плажата „Cuba Libre“, во четврток, на 18-ти јули 2019 година, со почеток по 21:00 часот ноќ посветена на еден од најголемите и највлијателните рок бендови воопшто во музичката историја, легендарните Pink Floyd.
16 безвременски хитови на Pink Floyd, пропратени со спектакуларно видео и лајт шоу.
Зад проектот стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (сајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко …
12 тезги ќе бидат поставени на паркингот кај Ваикики. На овој простор наместо автомобили ќе има мини базар. Од ЈП „Градски пазар“, кое стопанисува со просторот велат дека утре е последниот ден за доставување документација, а после тоа ќе биде аукцијата по што ќе следува склучувањето на договорите со заинтересираните лица.
Таа локација со оглед дека е доделена за поставување урбана опрема нема повеќе да биде паркинг па сите продавачи на храна и сувенири кои сега се распрскани низ чаршијата ќе бидат стационирани таму, вели Кристина Крлеска Деспотоска, директорката на ЈП „Градски пазар“.
Тез…
Целосна примена на летниот сообраќен режим во централното градско подрачје и во стар град ќе почне од 8 јули , информираат од одделението за улици и сообраќај при Локалната самоуправа. Технички проблеми при поствување на видео надзор на две од четирите рампи за влез во стар град го пролонгирале претходно најавуваниот рок за старт на летниот режим на сообраќај, посочува Зоран Шикалоски раководител на одделението за сообраќај. Проблеми се јавиле при поставување на системот за видео надзор кај Горна Порта и кај црквата Каменско, појаснува Шикалоски .
„ Се надеваме дека во тек на оваа недела ќ…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста по пат на информациски систем”.
Тој, на 23.08.2021 година на социјална мрежа постирал коментар со кој ширел омраза и повикувал на насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.
При вршење на патролна дејност во водите на Охридското езеро, вчера, од 9 до 14 часот, на околу 4000 метри од брегот на езерото, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ пронашле рибарски мрежи со риба пастрмка.
Од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ информираат дека се преземаат мерки за расчистување на ваквите случаи.
Организацијата на потрошувачи на Македонија е загрижена по најавите кои доаѓаат за зголемување на цените од 40 до 50 проценти. Маријана Лончар-Велкова, претседателката на ОПМ, напоменува дека и тие како и потрошувачите стравуваат од поскапувањето на потрошувачката кошница и основните прехранбени артикли.
Цените на основните прехранбени производи брашното, лебот, млекото, маслото за јадење, солта, шеќерот на некој начин да бидат ограничени и да не може нивното поскапување да биде енормно големо бидејќи има до 10 посто покачување на прехранбените артикли и средствата за хигиена. Бараме да…