Секој понеделник педесеттина продавачи на импровизирани тезги го окупираат просторот и улицата околу пазарот. Сликата наликува на пазарите во некоја од источните земји каде стоката се продава буквално на земја. Ако се земе во предвид дека станува збор за храна, навистина купувачите треба да се замислат пред да купат нешто. Од ЈП „Градски пазар“ велат дека просторот не дозволува да се обезбеди дополнително место за оние кои продаваат само во понеделник кога во Охрид е пазарен ден, а интересот е голем. Тие не им наплаќаат на пазарџиите за тоа што ги изложуваат своите производи околу пазарот.
…
Ревизијата на проектот за пругата кон Албанија и автопатот Струга Ќафасан, проект стар 20 год и чија реализација е напуштена,,напуштањето на проектот за експресниот правец Охрид Св Наум, формирање на ЈП Колекторски систем, елаборатот за отценка на влијание врз животната средина на Заливот на коските кој покажал дека нема штетно влијание и бил прифатен од советофавните тела на УНЕСКО, со цел подобро управување со нивото на езерото компанијата ЕЛЕМ предвидела 240 илјади американски долари за систем на електронска регулација на водостојот, регулација на сообраќајот во стар град, регистарот н…
Новиот сообраќаен режим во стариот дел на градот ќе профункционира од наредниот понеделник. Иако беше најавено дека новиот режим ќе се спроведе од средината на минатиот месец, работите се пролонгираа. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека системот е готов, рампите се поставени, картичките се реевидентирани, но има потреба уште еднаш да се презентира начинот на одвивање на сообраќајот во стариот дел на градот затоа за утре е закажана повторна средба со граѓаните кои живеат таму бидејќи оваа година во системот има доста измени за разлика од минатата година.
Лицето кое што е на прим…
Охридскиот сликар Славко Упевче во континуитет од 5 децении со четката и боите ги чува од заборав белезите по кои се препознатливи Охрид и Езерото. Во текот на сите овие децении Упевче во своите дела ги заробил спомените на делови од Охрид, од неговите сокаци, архитектура, калдрмата, дрвата , езерското синило. Со изложба годинава одбележува златен јубилеј од 5 децении на неговото творештво. Вели, почнав да сликам како дете, па како тинејџер, како возрасен вработен човек и сега како пензионер.
„ Од првата самостојна изложба организирана како гимназијалец во гимназијата Св. Климент Охридски …
Пријавувањето за гласање на локалните избори на болни и немоќни завршува утре на полноќ, додека на лицата со Ковид-19 на 11 октомври.
Првиот круг на Локалните избори 2021 ќе се одржи на 17 октомври. Финишираат активностите за изборите како на Државната изборна комисија така и на учесниците на изборите. Први своето право на глас на овие избори ќе го искористат лицата што ќе се пријават да гласаат како болни и немоќни, болни од Ковид-19 или во самоизолација, затворениците, лицата во притвор, во стaрските домови и внатрешно-раселените лица. Тие гласаат ден претходно, на 16 октомври, а за нив …
Претседателот на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска денеска оствари протоколарна средба со делегација од Комитетот за социјални развојни работи на Националниот народен конгрес на Народна Република Кина. Делегацијата беше предводена од директорот на комисијата Хе Итинг.
На средбата беше разговарано за развиените пријателски и билатерални односи помеѓу Охрид и Република Северна Македонија со Народна Република Кина, како и за можностите за идна економска соработка. Гостите од Кина изразија задоволство за вчерашната одлука на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО, поврзана со Охридск…
Во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ на 11 јули со почеток во 18 часот ќе биде претставена книгата „Дијамантско Лидерство“ од авторот Виктор Куновски.
Станува збор за дело кое ги открива седумте лидерски едукативни тајни за драматично зголемување на профитот и бизнис перформанси.
-Посветив неколку години во истражување, барајки одговор на прашањата – “како некои лидери, тимови и бизниси се далеку попродуктивни, поиновативни и попрофитабилни од останатите?”. – Како и ние да создадеме исклучителни бизниси и економија? Ги истражував најдобрите светски компании, работев на про…
Продолжување на рокот за спроведување на препораките за заштита на Охридскиот регион е одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 43. сесија што се одржува во Баку, Азејберџан. Комитетот гласаше по амандман поднесен од БиХ, Кина , Унгарија и Бразил според кој властите во Македонија до 1ви февруари 2020 треба да поднесат нов целосен извештај за преземените мерки за зачувување на универзалната културна и природна вредност на Охридскиот регион. Предходно Комитетот изгласа статус на заштитено светско наследство да добие и албанската страна од езерото.
На следната 44та сесија, Ком…