Далимир Хајко, светски познат филозоф, есеист и литертурен критичар и професор на Универзитетот од Жилина, Словачка, добитник на Светската награда за хуманизам за 2022 година.
Со ова исклучително признание, Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент Охридски на сите светски меридијани, додека професорот Хајко е шеснаесетти добитник по ред.
Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од прват…
Охридската Општа болница не доби педијатри за да продолжи со работа детското одделение иако помош за надминување на проблемот беше најавена од ресорното министерство. Потребно е засилување на лекарскиот тим со најмалку двајца педијатри за да функционира болничкиот оддел, а охриѓанчињата да не се препраќаат на одделот во струшката Општа болница, вели директорот Горан Балески.
Нема промени на детското одделение. Има само амбулантска служба, а во вечерните часови пациентите одат на детското одделение во струшката Општа болница. Немаме добиено помош нас ни треба педијатар со завршена специја…
Општина Охрид започна со поставување на новогодишни реквизити и украсување на градот во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
За украсувањето на централното градско подрачје преку јавен повик ангажирана е фирмата „Металват“. Според планираното, ќе бидат украсени улиците „Македонија“ и „Македонски Просветители“, Градскиот кеј и Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.
За украсување на булеварот „Туристичка“ и останатите сообраќајници во градот ќе се користат светлечки реквизити кои се во сопственост на Општина Охрид. Истите ќе бидат поставени од екипите на ЈП „Охридски Комунале…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ј. (60) од селото Белчишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.
Пријавениот, во својство на службено лице во ЈПСДШ „Национални шуми” – подружница ШПС „Галичица” – Охрид, изготвил испратница со лажни податоци за превоз на 2,8 метри кубни огревно дрво, иако знаел дека биле натоварени 6,3 метри кубни огревно дрво. Со тоа, му овозможил на Д.Л., противправно да присвои за себе 3,5 метри кубни дабово огревно дрво, а на правното лице во кое е вработен, предизвик…
На 06.12.2021 во 15.00 часот во селото Горенци, општина Дебрца, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при СВР Охрид, го лишија од слобода Ф.Ч.(34) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконит лов” по член 228 од Кривичниот законик.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.М.(28) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба на 22.01.2021 година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана – информираат од СВР Охрид.
На 06.12.2021 година при преземени сообраќајни контроли, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, контролирале и во станица за технички преглед упатиле 22 автобуси што вршат јавен превоз на патници.
Притоа, кај еден автобус констатиран бил неисправен уред за сопирање поради што, возилото е исклучено од сообраќај, а кон правното и одговорното лице поднесени се соодветна пријава. Во Струга, поради неправилно паркирани и оставени возила на коловоз, со специјално возило „пајак”, подигнати се пет моторни возила, а во Кичево, полициските службен…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.А. (62) на привремена работа во Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба”.
Пријавената, на сопствена катарстарска парцела во селото Пештани, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган и спротивно на другите одредби од Законот за градење, изградила објект за домување. При инспекциски надзор извршен на 05.01.2022 година, овластен градежен инспектор при општина Охрид, донел решение за отстранување на градбата – информираат од СВР Охрид.