Окт 8, 2021

СО СУГЕСТИИ И ПРЕДЛОЗИ МЛАДИТЕ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО КРЕИРАЊЕ НА МЛАДИНСКАТА СТРАТЕГИЈА НА ОПШТИНАТА

Процесот на креирање на Младинска стратегија на општина Охрид се одвива согласно предвидената динамика и планираните активности. По успешната работилница која се одржа во општината на која учествуваа: млади луѓе, релевантни институции, организации како и претставници на бизнис секторот дефинирани се клучните аспекти кои оваа стратегија треба да ги опфати. Стратегијата ќе ги дефинира стратешките приоритети, клучните предизвици со кои се соочуваат младите луѓе во општина Охрид како и долгорочните цели презентирани низ тематски области. За таа цел, уште еднаш ги покануваме сите кои сакаат д…

Јул 9, 2019

Каде да паркираме

Иницијативата да се создаде мини базар на некогашниот паркинг во близина на Чинарот, создаде проблем. Десеттина семејства кои имаат куќи на овој потег и кои своите автомобили ги паркирале таму, сега немаат каде да ги остават. Поради тоа поднеле барање до Локалната самоуправа, и до ЈП „Билјанини извори“ кое претходно стопанисуваше со паркингот и на кое му плаќале месечен или годишен надомест за паркирање, да го решат проблемот. Директорката на ова јавно претпријатие, Гордана Јованоска денеска на средба со засегнатите граѓани им објасни дека со одлука на совет паркингот уште пред еден месец м…

Јул 9, 2019

Во сред сезона охридските плажи нерегулирани

Во сред сезона охридските плажи нерегулирани. Постапката за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на крајбрежјето и една година по наддавањето, без епилог. Старите концесионери си стопанисуваат со плажите без да плаќаат ниту денар на општината за тоа. Ништо ни од најавата на Министерството за транспорт и врски дека државата ќе си ги врати ингеренциите врз плажите на охридско-струшкото крајбрежје. Додека на плажите се работи на црно инспекторатот не постапува. Од општината летово очигледно на сето ова ќе прогледа низ прсти. Изминатите две недели ние работевме на изготвување на…

Јул 9, 2019

Во препораките на Унеско се нотирани и препораки за постапки за реката Сатеска и депонијата Буково

Во 19 те точки кои се нотирани од страна на Унеско за Охрид да не биде ставен на листата загрозени подрачја заштитени под Унеско, градот Охрид и државата ќе треба да бараат решение за реката Сатеска и депонијата на Буково. Треба да се постапува за враќање во старото корито на реката Сатеска, за што веќе се преземени конкретни зафати, информира градоначалникот Константин Герогиески. „ За реката Сатеска се изработува проект финансиран од UNDP за враќaње во старото корито. Следнава недела ќе имaмe информација до каде е проектот “, укажува Георгиески. Пред градот и државата сериозен проблем за…

Јул 9, 2019

Со полн капацитет работи градскиот отворен базен

Градскиoт базен работи со полн капацитет. Отворен е за пливачите и рекреативците од девет часот наутро до 20 часот навечер. Интерес за користење на двата базени има од школите за пливање и од рекреативците, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП „Билјанини извори“ кое стопанисува и се грижи за одржување на големиот и малиот градски базен. „ Водата е беспрекорно чиста, испитана е, добара е  хемиски и бактериолошки. Водата е топла во текот на денот и температурата се движи од 25 до 27 степени.  Ние го сервисираме претходно базенот  и нема проблем. Напојувањето на базените со вода е реше…

Јул 9, 2019

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела држава, од минатата недела до крајот на летото во пет смени ќе престојуваат на летен одмор во Струга. Одморот се реализира со поддшка од Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст, а сместувањето е во одморалиштето „Мајски цвет“. Одморот којшто е во траење од една недела и опфаќа шест полни пансиони го користат деца од петто до деветто одделение. Наменет е за членови на семејства корисници на гарантирана минимална помош и детски и образован додаток, деца без родители и родителска грижа, како и деца со …

Јул 8, 2019

Унеско бара од Локалната самоуправа евалуација на влијанието врз животната средина на бесправно изградените објекти во заштитениот појас

Донесување на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион е клучно, со тоа е тесно поврзан Мораториумот за било какви урбани трансформации во заштитеното подрачје. Тоа е она што ги погодува граѓаните кои сакаат илегално да градат, вели Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Што се однесува на она што незаконски досега е изградено Георгиески дециден ,секој објект за кој има решение за отстранување ќе биде рушен, отстапки нема да има за никого. Кога ќе се руши, не открива. „Сега ќе следи процес на евалуација и тоа е она што УНЕСКО го бара од нас. …

Јул 9, 2019

„Подиум на млади“ предвесник на 59-тото „Охридско лето“

Како предвесник на фестивалот „Охридско лето“ од 9-ти до 11 јули во црквата „Света Софија“ ќе се одржи Подиумот на млади чиј идеен творец и организатор е Музичката младина на Македонија. Овој проект се враќа на фестивалската сцена по 22-годишна пауза а публиката ќе има можност да ги проследи настапите на неколкумина млади домашни музичари. Подиумот ќе биде отворен денеска со почеток во 20 часот кога во црквата „Света Софија“ ќе настапат кларинетистот Рикардо Хуна во пијано придружба на Билјана Петровска, како и пијанистката Инес Неделковска. Рикардо Хуна (2002, Скопје) е ученик во втора …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top