Јул 12, 2019

Православните христијани го слават Петровден

Православните христијани денес го слават споменот на светите апостоли Петар и Павле, со кој се одбележува завршувањето на повеќедневните пости. Празникот е познат кај народот како Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време. По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој пл…

Јул 12, 2019

Светската виолинистка Ванеса Меј со спектакуларен концерт го отвора 59-тото „Охридско лето“

Педесет и деветтото издание на фествалот „Охридско лето“ ќе биде отворено вечерва, на 12 јули, со спектакуларен концерт на светски популарната виолинистка Ванеса Меј што ќе се одржи на Антички театар во Охрид со почеток во 21 часот. Мегапопуларната Ванеса Меј ќе приреди неповторливо доживување за љубителите на уметноста за кое, се бара карта повеќе. Ванеса Меј е родена во Сингапур на истиот ден со виртуозот на виолина Николо Паганини. На четири годишна возраст се сели во Лондон и започнува да учи виолина за на 8 години да замине во Пекинг. Таму ги развива талентот и виртуозноста во класат…

Јул 11, 2019

Годинава во Охрид за прв пат се организира алтернативно културно лето

Започна „КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 до 12“. Во период од речиси два месеци, гостите од земјата и странство, како и охриѓани ќе имаат можност да уживаат во квалитетна културно уметничка програма, а и ќе видат какви млади и креативни луѓе има во овој град. Јован Цветкоски еден од организаторите на алтернативното културно лето, кажа дека целата идеја е да се подигне културната свест кај граѓаните со цел поголема интеракција со туристите кои престојуваат во шпицот на сезоната. „Сакавме едноставно во шпицот на сезонава кога е полн градот во јули и август кога Охрид најмногу живее кога е полн со…

Јул 11, 2019

Се санираат штетите по синоќешното невреме на југоисточното крајбрежје

Големото невреме проследено со силен ветер, град и дожд направи пустош во југозападниот дел од Македонија. Преспанско охридскиот регион беше најпогоден.  Невремето кое во текот на ноќта го зафати југоисточниот дел од општина Охрид предизвика одредени материјални штети во Трпејца, Љубаништа и комплексот Св Наум но за среќа нема повредени лица. Во автокампот Љубаништа, кај Свети Наум, уништени се дел од приколките и шаторите, искршени дрвја паѓале врз приколки и откорнати се настрешници. Во селото Трпејца како и во комплексот „Св.Наум“ има паднати дрвја, а направена е и материјална штета на е…

Окт 8, 2021

ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ЛИТЕРАТУРНИ И ЛИКОВНИ ТВОРБИ

Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби и изврши избор на најдобрите литературни и ликовни трудови. Од пристигнатите литературни творби награди освоија : Прва награда во висина од 7.000,00 денари Виктор Милевски, VI одделение од ОУ „Григор Прличев“ Охрид Втора награда во висина од 5.000,00 денари, Климент Укоески, VI  одделение од ОУ „Св.Климент Охридски“, Охрид Трета награда во висина од 3.000,00 денари, Матеа Колеска, III одделение од ОУ „Григор Прличев“, Охрид Од пристигнатите ликовни творби награди освоија : Прва награ…

Јул 11, 2019

Фронт 21/42 алармира се изигрува донесувањето на предлог законот за управување со Охридскиот регион

Од Фронт 21/42 реагираат дека се напуштаат целите на предлог законот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион. Информираат дека вчера без присуство на јавноста се одржала седница на собраниската Комисија за култура, а тие кои учествува во рабоата на нацрт законската верзија се изиграни со тоа што на предлог-законот му се додале работи за кои воопшто претходно не станало збор. Работните групи при изработката на нацрт Законот никогаш не зборувале да се вклучи член од Министерството за политички систем , а нити да се применува Бадентеровиот начин на носење одлуки …

Јул 11, 2019

Охридската оперска пејачка Миланка Новеска во средината на јули ќе има концерт во Стокхолм

Младата оперска певица, Миланка Новеска жнее успеси на музички план. Оваа амбициозна и посветена музичарка достојно ги преставува Охрид и Македонија на меѓународниот музички свет. Новеска својата музичка наобразба ја продолжи во Букурешт, Романија. Неодамна се стекна со дипломи, заврши два Факултети за педагогија и соло пеење. Новеска со својот талент, музички квалитет и трудољубивост не остана незабележана од романските музички педагози. За нејзините музички остварувања е добитник на бројни награди . „Многу сум задоволна од поддршката во Букурешт. Прекрасно е да си дел од различни култури,…

Јул 11, 2019

Поднесување документација за картички за испорака на роба

Сите економски оператори кои вршат испорака на стоки и производи во стариот дел на Охрид да поднесат документација за издавање на картички. Потребната документација за поднесување е следна: Копија од сообраќајни дозволи од возилатаКопија од ДРД образец издаден од Централен регистар уредно потврден со печат и потпис од ЕО (не постара од 6 месеци)Картички за испорака на стоки и производи ќе добијат сите баратели кои ги исполнуваат условите, при што најголемата дозволена вкупна маса на возилата не смее да биде поголема од 5 тони. Барателите кои имаат потреба од вакви картички, можат да ги д…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top